БРИКС (англ. BRICS) — меѓународна политичка организација на водечките сили во развој и наследник на претходната организација БРИК, укината со вклучувањето на Јужноафриканската Република (ЈАР) во 2010. Сегашните[1] пет земји-членки се Бразил, Русија, Индија, Кина и ЈАР (BRICS = Brazil, Russia, India, China и South Africa).[2] Со исклучок на Русија,[3] членките на БРИКС се земји во развој што се сметаат за нови сили поради нивните големи стопанства и значајно влијание во регионалните и меѓународните случувања. Во нив живее речиси една половина од светското население, со збирен БДП од 13,6 трилиони долари,[4] и заедно имаат надворешни резерви од 4 трилиони долари.[5]

Земјите од БРИКС на карта
БДП БРИКС 2000-2022

Претседателот на Кина Ху Ѓинтао изјавил дека земјите од БРИКС се бранители и застапници на земјите во развој и поборници за мир светот.[6] Меѓутоа, некои аналитичари велат дека постојат и знајачни спорни теми во рамките на организацијата, особено несогласувањата помеѓу Кина и Индија за статусот на Тибет.[7]

Историја уреди

Во септември 2006, шефовите на дипломатиите на првичните четири членки на БРИК (Бразил, Русија, Индија и Кина) се состанале во Њујорк, започнувајќи низа средби на високо ниво.[8] Како целина, членките на организацијата за првпат се состанале на 16 мај 2008 во Екатеринбург, Русија.[9]

Самити на БРИКС уреди

 
Државните водачи на петте земји на IV Самит во Њу Делхи. Од лево кон десно: Дилма Русев, Димитриј Медведев, Манмохан Синг, Ху Ѓинтао (Кина) и Џејкоб Зума.

Групата одржува годишен самит секоја година од 2009 наваму. Пред приклучувањето на ЈАР, БРИК одржале два самита: во 2009 и 2010 г. Првиот самит на петчлената група БРИК е одржан во 2011, проследен од најновиот, одржан на 29 март 2012 во Индија.[10]

Самит Учеснички Датум Домаќин Државник-домаќин Град
I БРИК 16 јуни 2009 Русија Димитриј Медведев Екатеринбург
II БРИК 16 април 2010 Бразил Луиз Игнасио Лула да Силва Бразилија
III БРИКС 14 април 2011 Кина Ху Ѓинтао Санја
IV БРИКС 29 март 2012 Индија Манмохан Синг Њу Делхи
V БРИКС 2013 ЈАР Џејкоб Зума сн

Земји-членки уреди

Еве табела со земјите-членки на БРИКС, нивните водачи, министери за финансии и гувернери на централните банки. Дадени се и податоци за бруто-домашниот производ (БДП) и индексот на човековиот развој (ИЧР) на секоја членка.

Членка Водач Мининстер за финансии Гувернер на централната банка БДП/жит во 2011
(ном·ПКМ)
$USD[4]
ИЧР во 2011[11]
Бразил Претседател Дилма Русев Министер за финансии Гвидо Мантега Александре Томбини 12.916 11.845 0,718
Русија Претседател Владимир Путин Министер за финансии Антон Силуанов Сергеј Игнатјев 13.235 16.687 0,755
Индија Премиер Манмохан Синг Министер за финансии Пранаб Мукерџи Дувури Субарао 1.527 3.703 0,547
Кина Претседател Ху Ѓинтао Министер за финансии Сјие Сјижен Џоу Сјаочуан 5.183 8.394 0,687
ЈАР Претседател Џејкоб Зума Министер за финансии Правин Гордан Гил Маркус 8.342 10.977 0,619

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Податок од 2012 г.
  2. Нова епоха со приклучувањето на ЈАР кон БРИКС - southAfrica.info (англиски)
  3. „Русија-ООН“. Министерство за надворешни работи на Руската Федерација. Русија и други развиени земји ги потврдија заложбите да им помагаат на земјите во развој, 17 октомври 2011 (англиски)
  4. 4,0 4,1 ММФ, септември 2011 (англиски)
  5. „Во подемот на БРИКС и Арапската пролет, нови облици на глобален поредок“ - Christian Science Monitor, 18 октомври 2011 (англиски)
  6. „Според Кина, БРИКС се поборници за мир во светот“. Business Day. Посетено на 29 март 2012.
  7. „Самитот на БРИКС го изложи високиот ѕид помеѓу Индија и Кина“ Архивирано на 2 април 2012 г. - Asia Times", 2 април 2012 (англиски)
  8. „BRICS information portal“. BRICS (англиски). Посетено на 2018-02-14.
  9. Соработка во рамките на БРИК- kremlin.ru. пров. 16 јуни 2009 19 јуни 2009 (англиски)
  10. БРИКС: IV Самит во Њу Делхи Архивирано на 25 март 2012 г. - Министерство за надворешни работи на Индија. пров. 21 март 2012 (англиски)
  11. „Извештај за човековиот развој во 2011 г.– Статистички прилог за ЧР“ (PDF). Извештајна служба за човекивот развој на УНДП. стр. 127–130. Посетено на 2 ноември 2011. (англиски)

Надворешни врски уреди