Добре дојдовте!

Здраво, Carshalton, и добре дојдовте на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, погледајте ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата разговорна страница, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојдовте! --Kiril Simeonovski (разговор) 20:44, 21 септември 2011 (CEST)Одговори

Потпис

уреди

Здраво Carshalton, не се остава `потпис` во самата статија. Веќе си забележан од софтверот во делот `историја`, така што не оставај потписи. :) Поздрав -Виолетова (разговор) 12:26, 25 септември 2011 (CEST)Одговори

Шаблон Јувентус

уреди

Здраво, видов не се снајде со шаблонот, затоа отворив Шаблон:Juventus F.C. squad, ама треба да се среди. Ако си заинтересиран за темава, влези во `уреди` на шаблонот и преведи ги со кирилица имињата на фудбалерите. Поздрав -Виолетова (разговор) 20:20, 25 септември 2011 (CEST)Одговори

Дури сега се вклучувам, ама ете Тиверополник помогнал. Инаку во шаблон се секогаш `разлетани` поимите, а неопходни се сите тие знаци за да изгледа шаблонот како шаблон. Треба да ги бараш имињата, и да ги менуваш. Добро уредено. Поздрав -Виолетова (разговор) 11:41, 26 септември 2011 (CEST)Одговори

Награда

уреди
 
За вложениот труд во збогатувањето на содржините на Википедија на македонски јазик.
од Kiril Simeonovski (разговор)

Одлична работа околу средувањето на статиите за италијански фудбалери. Продолжете така и понатаму. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:27, 27 септември 2011 (CEST)Одговори

ДСЗ факт

уреди
  Еден факт од статијата Стадион Јувентус, која Вие ја создадовте и проширивте, се најде во секцијата „Дали сте знаеле?“ на главната страница на 30 септември 2011. Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 14:48, 30 септември 2011 (CEST)Одговори

Јубилејна статија

уреди

Здраво. Откако веќе го ндминавме бројот од 50.000 статии, мислам дека би било добро да воведеме јубилејна статија, која ќе го означи трудот вложен кон надминување на одреден број на статии. Вашето учество е добредојдено во дискусијата на страницата за идеи, каде што е изнесен предлогот. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:41, 2 октомври 2011 (CEST)Одговори

Солидарност со пријателите од Италија

уреди

Здраво. Иако сме мали, мислам дека и нашата поддршка ќе им значи многу. Затоа доколку си поддржувач на штрајкот на корисниците на Википедија на италијански, во тек е собирање на потписи од корисниците на нашата Вики-заедница. Повеќе може да прочиташ овде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:21, 5 октомври 2011 (CEST)Одговори

Програмски план на Викимедија Македонија за 2012 година

уреди

Изготвен е предлог „Програмски план на Викимедија Македонија за 2012 година“. Оваа година би сакале да ги вклучиме и членовите на вики заедницата и јавноста во процедурата на усвојување на програмскиот план, со јавно изложување на работната верзија на овие планови неколку месеци пред годишното собрание на Викимедија Македонија, кое ќе се одржи во втората половина на месец декември 2011 година. Сите заинтересирани имаат можност да дебатираат околу предлог целите. Како еден од активните корисници на Википедија ве повикувам да дадете свој придонес. Поздрав. --brest (разговор) 14:50, 19 октомври 2011 (CEST)Одговори

Уредувач

уреди

Здраво. Се извинувам за задоцнетиот одговор, бидејќи не бев во можност да се вклучам и дури деенс ја прочитав пораката. Забележувам дека правите доста корисни уредувања во последно време, па решив да Ве додадам во групата на уредувачи, со што Вашите уредувања автоматски ќе бидат проверени. Се надевам дека ќе продолжите со корисните уредувања и понатаму. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:21, 6 декември 2011 (CET)Одговори

Наградени сте!

уреди
  Награда за активизам
Награда од мене за активизмот кој го покажувате во работата на Википедија на македонски јазик. Продолжете така и понатаму.:) Kiril Simeonovski (разговор) 20:20, 20 декември 2011 (CET)Одговори

Кригла пиво за фудбалските придонеси

уреди
  Секоја чест за придонесите поврзани со фудбалот.:) Kiril Simeonovski (разговор) 17:04, 22 декември 2011 (CET)Одговори

Јубилејна статија

уреди

Здраво. Потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Се надевам дека и овој пат ќе избереме статија со занимлива содржина. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:02, 31 јануари 2012 (CET)Одговори

Луј Са’а

уреди

Француските имиња во македонскиот јазик соодветно се транскрибираат. Фудбалерот е од Франција како и кралевите Луј (Louis на француски), така да тоа е неговото име на македонски, а и така се изговара. А буквата Х во презимето не се чита. Исто и е на јазиците кои ни се блиски (словеснки и кирилични).--Р ашо  22:52, 24 февруари 2012 (CET)Одговори

Покана за Вики средба

уреди

На 2 март 2012 година (петок), со почеток во 20.00 часот, во кафулето EveryDay во Скопје, ќе се одржи Вики средба на која уредувачите на википедија на македонски јазик и нејзините корисници ќе имаат прилика да се дружат и разговараат за теми од заеднички интерес. Се радуваме што во изминатиот период уредувавте на википедија и со задоволство ве покануваме на средбата. Повеќе информации за средбата може да најдете тука, односно за локацијата на кафулето - http://g.co/maps/qq7q5. Поздрав. Brest-bot (разговор) 17:58, 1 март 2012 (CET)Одговори

Јубилејна статија (55.000)

уреди

Здраво. Потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Се надевам дека и за овој јубилеен број ќе избереме статија со занимлива содржина.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:21, 20 март 2012 (CET)Одговори

Дрогба

уреди

Еј, здраво! Гледам дека пишуваш статии за фудбалери. Дали ќе сакаш да го средиш овој текст за Дидиер Дрогба и да го ставиш во една статија за него? Некој го преведувал текстот од en:Didier Drogba, ама не го средил, па ќе биде штета да пропадне. Поздрав, Brainmachine (разговор) 14:38, 30 април 2012 (CEST)Одговори

Минато време

уреди

Здраво. Сакам да ти кажам да користиш минато неопределено време при пишување статии. Така на пример не е стилски прифатливо „Тој играше за Динамо“, туку „Тој играл за Динамо“. Не сме директни сведоци на дејството, ние прекажуваме. Буквата „ј“ пред „е“ на македонски не стои, а Огнен има македонска варијанта.--Никола Стоіаноски 20:09, 3 мај 2012 (CEST)Одговори

Искулирај, советите треба да се добредојдени а не да се однесуваш како дете. --Никола Стоіаноски 20:35, 3 мај 2012 (CEST)Одговори
Никола, тоа не е секогаш случај. Многу често доаѓа до преклопување на енциклопедискиот со новинарскиот стил, па настани од блиското минато не е погрешно ако се прикажуваат и со употреба на минато определено време. Еве на пример, јас секогаш употребувам минато определено време кога станува збор за дејство за коешто сум бил информиран по индиректен пат, но знам дека таквото нешто се случило неодамна и за него се познати голем број на информации. Доколку се работеше за нешто коешто се случило пред 100 или 200 години, се разбира дека не би била соодветна употребата на ова време. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:22, 3 мај 2012 (CEST)Одговори
Кирил, те молам, можеш ли да ми дадеш конкретен пример за таквата употреба во статија? --Brainmachine (разговор) 00:19, 4 мај 2012 (CEST)Одговори
Те молам прегледај во моите придонеси и ќе го забележиш тоа во повеќе статии. Но, мене досега никој не ме опоменал за такво нешто, бидејќи јас сум „администратор“ и „долгогодишен корисник“, па затоа ваквите совети наоѓаат место на страниците за разговор на други корисници.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:35, 4 мај 2012 (CEST)Одговори
Употребата на аорист или имперфект е зачестена во новинарскиот стил најчесто поради фактот што новинарите се сведоци на дејството (по правило) и го предаваат дејството како засведочено. Штом ние тука тежнееме да дадеме неутрална гледна точка и да ги доловиме информациите кои се однапред зададени (ги прибираме) тогаш го нористиме перфектот. Употребата на главолската л-форма во среден род доведува до предавање на незасведочено дејство. За разлика од македонскиот, англискиот најчесто користи аорист (и мислам има влијание директно кај нас), а и на бугарската често гледам употреба на аорист и имперфект, па и сегашно време во воведните реченици. Јас не знам што се направи толкава збрка, само го упатував за правопис зошто губиме време да поправаме отпосле (а и знаеме дека во поправките сме малку спори и голем број статии не се средени). Сепак беше добронамерно и поздрав--Никола Стоіаноски 00:45, 4 мај 2012 (CEST)Одговори

Администраторски обврски

уреди

Задраво Carshalton... Никола е администратор на Википедија и има обврска да те упати во некои уредувачки правила и слично, не станува збор дека знае се... слично би постапиле и други администратори... поздрав--Јоханес Климакус (разговор) 20:36, 3 мај 2012 (CEST)Одговори

Да се надоврзам и јас. Кралицата на Британија ја нарекуваме Елизабета (а не како што е оригинално таму, Елизабет). Исто е и со Џенифер Анистон (иако оригинално е Џениф‘р Енист‘н). Позз--Р ашо  20:53, 3 мај 2012 (CEST)Одговори

56.000 статии

уреди

Здраво. Потсетување дека по обичај повторно избираме јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:08, 5 јуни 2012 (CEST)Одговори

Европско првенство во фудбал

уреди

Здраво. Следејќи ги твоите одлични придонеси поврзани со фудбалот, си велам нема кому друг да му се обратам во врска со Европското првенство. Се очекува статиите за првенството да бидат посетени од илјадници луѓе секој ден, па мислам дека е добро истите да бидат навремено променети со најновите резултати, така што ќе понудиме свежи информации. Јас ќе бидам активен цело време, но мислам дека е добро и уште барем некој корисник да поарботи на истото. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:23, 8 јуни 2012 (CEST)Одговори

Солидарност кон Википедија на руски јазик

уреди

Здраво. Википедија на руски јазик денес нее достапна, како знак на штрајк од страна на нејзините корисници кон сослушувањето во врска со предлог-измените во „Законот за информации на Русија“. По тој повод се собираат потписи во знак на подршка и солидарност со ставот на колегите од Википедија на руски јазик. Вашата солидарност може да ја искажете овде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:01, 10 јули 2012 (CEST)Одговори

Јубилејна статија

уреди

Здраво. Известување дека во тек е гласањето за избор на јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:07, 20 јули 2012 (CEST)Одговори

Неколку совети

уреди

Здраво. Во неколку статии кои ги имаш напишано забележав дека годините се напишани пред насловот и имињата на месеците се со голема буква, што најверојатно е поради англискиот наслов на статијата. Правило во македнскиот јазик е секогаш имињата на месеците да се пишуваат со мала буква, а годините во ваквите случаи треба секогаш да одат на крајот од насловот на статијата (пр. „Летни олимписки игри 2012“). Постои исклучок, но само доколку статијата се однесува на самата година (пр. „1615 во музиката“). Поздрав и пријатно уредување.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:25, 12 август 2012 (CEST)Одговори

Наградени сте!

уреди
  Награда за трудољубивост
Секоја чест мајсторе за методичноста во работата. Гледам дека секоја нова статија ти е подобра. Статијата за Јувентус е навистина одлична.:) Kiril Simeonovski (разговор) 01:48, 24 август 2012 (CEST)Одговори

Избор на јубилејна статија

уреди

Здраво. Само потсетување дека е во тек гласањето за избор за јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:04, 29 август 2012 (CEST)Одговори

Еве и мала помош. Доколку овде не водиме сметка за правилниот изговор и транскрипција на јазикот, ќе настане хаос како иа кај некои портали кои немаат поим од пишување.--Р ашо  13:45, 30 август 2012 (CEST)Одговори

Доколку имате проблеми со косрисници тоа е Огласната табла за администратори (ова се однесува за некој поголем спор или недоразбирања), а во врска со спомената статија, тогаш на соодветната страна за разговор.--Р ашо  13:48, 30 август 2012 (CEST)Одговори

Неакцентирано Е на крајот не се чита. Незнам зошто не е наведено, но јас еве ти тврдам бидејќи сум учел француски. BTW, доколку имаш проблем со некои имиња, а листата со транскрипции не може да ти помогне, тогаш обрати се или кај Никола или кај Бојан. Тие се експерти за таа област. Позз и пријатно уредување. И запомни го најважното правило: - Статиите кои ги пишуваме не се наши, и тука секој може да ги уредува.--Р ашо  14:06, 30 август 2012 (CEST)Одговори

Маурицио Исла

уреди

Значи да небидам досаден, но според ова и како што се изговара....еспањолите се секогаш МауриСио. Впрочем шпанскиот јазик нема Ц. Еве ти ја имаш честа да ја преместиш страницата.--Р ашо  16:29, 30 август 2012 (CEST)Одговори

Деле Алпи

уреди

Сакав да ти пишам уште кога ги направив промените на статијата, да те известам дека на македонската Википедија се користи минато неопределено време, бидејќи ние не сме биле таму кога тоа се случувало. Навистина, не гледам причина да ги откажеш промените и со тоа да остане статија преполна со изрази со типот беше, играше, гледаа итн. Повторно го оставив моето уредување и нема ништо лошо, ако сум се вмешал во твоја статија, тоа е само за подобрување на статијата, а не одземање на твои заслуги. Воедно во делот за надворешни врски, имаше и дел на српски и/или хрватски јазик, на кое навистина не му беше местото во статијата. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 15:50, 1 септември 2012 (CEST)Одговори

Го разгледав разговорот и можам да заклучам дека не било ништо решено, имаме две спротивставени страни, кои не се согласуваат до крај за употребата на времињата во блиското минато. Јас во моите статии, особено за велосипедизмот, секогаш употребувам неопределено време, дури и за трките од оваа година, иако некои од нив сум ги проследил. Според мене нема врска дали авторот на статијата бил во живо таму или не, ние пишуваме статија, која ќе ја читаат сите и воедно статиите не ги сметаме за наши. Особено за статијава, овде се работи за стадион, кој повеќе не постои, според тоа најправилно е да биде напишан со неопределен стил. Доколку не се согласуваш со мене, да го прашаме Кирил, па нека одлучи како е најправилно, единствено што сакав е само да помогнам, а не да одмогнам. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 12:20, 2 септември 2012 (CEST)Одговори
Добро е што се разбравме. Можеби е најдобра моменталната состојба. Единствено во иднина обраќај внимание на употребата на „кој“ и „кои“, едното се употребува за еднина, другиот за множина, па така во статијата треба да стои „кои“ бидејќи се однесува на Игрите, но ова е само мала правописна грешка, ништо страшно. Поздрав и секоја чест за придонесите поврзани со фудбалот --Ehrlich91 (разговор) 12:48, 2 септември 2012 (CEST)Одговори

Јубилејна статија

уреди

Здраво. Потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:59, 18 септември 2012 (CEST)Одговори

Помош

уреди

Брат како се гласа за ова што треба да направам Dimo Morecambe (разговор) 10:00, 29 септември 2012 (CEST)Одговори

Наградени сте!

уреди
  Награда за обемни придонеси
Повели една награда за обемен придонес од областа на фудбалот. Навистина ја заслужи!:) Kiril Simeonovski (разговор) 20:44, 23 ноември 2012 (CET)Одговори

Мислам дека е добро ако си од Скопје и ако си во можност да дојдеш на некоја од Вики-средбите што ги организираме. Следната, како што може да забележиш во лентата за соопштенија, ќе се одржи во понеделник. Кога веќе ќе се запознаеш со некои од корисниците, сигурен сум дека твојот труд ќе биде повеќе ценет кај останатите. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:49, 23 ноември 2012 (CET)Одговори

Давид де Хеа

уреди

Поздрав, ова е првпат да ти пишам. Сакам да ти честитам на трудот што го вложуваш во статиите поврзани за фудбалот. И јас се нафатив да напишам нешто за де Хеа, ама во инфокутијата проблем ми прават настапите за младинските репрезентации и местото на раѓање. Ако можеш да погледаш во што е работата и да ставиш поднаслови што треба да напишам, многу ќе ми помогнеш. Ајде, се слушаме.--Вик Ретлхед (разговор) 11:36, 24 ноември 2012 (CET)Одговори

Ја изготвив и статијата за Сторари. Ми треба само дополнување во табелата со статистика, бидејќи онаа од англиската вики не одговара на нашата. Позз.--Вик Ретлхед (разговор) 21:40, 30 ноември 2012 (CET)Одговори

Наградени сте!

уреди
  Златна топка
Бидејќи сум голем фан на Јунајтед, ти ја доделувам златната топка по повод најновата статија за Солскјер. Мило ми е што има страница за овој член од „златната генерација“ на Манчестер. Поздрав. Вик Ретлхед (разговор) 23:31, 31 јануари 2013 (CET)Одговори

Јубилејна статија

уреди

Здраво Carshalton. Денес ја поминавме цифрата од 68 000 статии, па редно е да го одбележиме настанот со избор на јубилејна статија. Доколку сте во можност, вашиот глас можете да го дадете овде. Се слушаме во некоја наредна прилика. Имајте пријатен ден.--Вик Ретлхед (разговор) 10:44, 2 февруари 2013 (CET)Одговори

Кандидатура за оценувач

уреди

Здраво. Следејќи ја твојата активност веќе подолг временски период и твоите одлични уредувања поврзани со фудбалот, решив да те номинирам за оценувач. Твојата номинација можеш да ја најдеш овде, каде што јас веќе дадов краток опис со препорака, а сега останува на тебе да одлучиш дали истата ќе ја прифатиш и да одговориш на прашањата коишто се поставени во неа. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:49, 2 март 2013 (CET)Одговори

НУМС награди

уреди

Викимедија Украина обезбеди награди за највредните учесници во проектот „Википедија:Недела на македонско-украинска соработка“. Сите уредувачи се потенцијални добитници на наградата. Наградите ќе ги додели Викимедија Македонија во име на Викимедија Украина. Доделувањето ќе биде направено на некоја од наредните вики-средби откако ќе се направи изборот. За оние кои нема да може да учествуваат на вики-средбата, наградите ќе бидат испратени по пошта на нивната адреса. Секој може да номинира учесник за кој смета дека треба да добие награда, или самиот да се номинира. Секој може да учествува во изборот на највредни уредувачи. Ранг листата ќе биде направена врз основа на добиените гласови.--brest (разговор) 17:34, 6 март 2013 (CET)Одговори

Честито!

уреди

Здраво. Сакам да те известам дека твојата кандидатура за оценувачки статус е успешна и воедно да ти честитам за стекнатите оценувачки права. Во секој момент некој од бирократите ќе ти ги додели овие права, иако е добро да им пишеш за да ги потсетиш. Поздрав и пријатно уредување.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:29, 12 март 2013 (CET)Одговори

 Ок Готово Сега си оценувач. -- Бојан имаш за кажување? 10:21, 12 март 2013 (CET)Одговори

Транскрипција на италијански називи

уреди

Според официјалната транскрипција на италијанскиот јазик по македонскиот правопис, групите pi, bi, fi, chi, ghi се предаваат како „пј“, „бј“, „фј“, „кј“, „гј“. Ова мора да се следи. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 09:23, 16 април 2013 (CEST)Одговори

Да не заборавам дека групата gio-, gia- и тн. секогаш се „џо-“, „џа-“ и тн. (никако Џиовани или Џиани).

И секако, секогаш се вметнува „ј“ во групите со ia (затоа е Италија, не Италиа) и ова важи за се и секаде, т.е. сите јазици освен кинескиот, нему околните и тихоокеанските австронезиски јазици. Имам збележано кај доста уредници, не знам дали има такви примери во фдбалските статии. Прости ако нема. --Б. Јанкулоски (разговор) 09:37, 16 април 2013 (CEST)Одговори

Испуштив да напоменам дека тим е дебел англизам и дека мора да се употребува „екипа“. Б. Јанкулоски (разговор) 10:07, 16 април 2013 (CEST)Одговори

Мислам дека порано се дискутираше, но би сакал да се осигурам дека не смее да има внесувања на „национален фудбалски тим на“ и сличн бидејќи единствениот назив кај нас за такво нешто е „фудбалска репрезентација на ...“ и се мора под итно да се смени, вклучувајќи ги сите споменувања во статии и сите тие категории што се правени без размислување за сопствениот јазик. Дали ќе биде рачно или ќе ангажираме бот, ќе зависи од обемот. Мене ми изгледа доста голем. --Б. Јанкулоски (разговор) 10:45, 16 април 2013 (CEST)Одговори

Називи

Забележав нешта како „Јувентус Стадион“ или „А Група клубот“ - вакви конструкции се чисто англиски. Кај нас мора да биде „стадионот Јувентус“ и „клубот X од групата А“. Едноставно не може толку вештачки да се преведува, нема никаква логика. Именките служат како придавки во англискиот (особено во имиња), но кај нас името е само име и мора да му претходи предметот кој е наречен, „стадион Име“ и сл.--Б. Јанкулоски (разговор) 01:24, 17 април 2013 (CEST)Одговори

Покрај ова, името Лујџи, и воопшто уи треба да има ј, што значи треба „Лујџи“. Исто важи за Фиесоле (треба „Фјезоле“) --Б. Јанкулоски (разговор) 01:25, 17 април 2013 (CEST)Одговори

Извини на опширноста, но сепак морав да ги кажам сите нешта како што ги забележував бидејќи се работи за доста содржини и обемни статии, па грешките се умножуваат. Тим е англизам што е скор кај нас и не е налегнат во јазикот како заемка. Отсекогаш кај нас се велело „екипа“. Клуб е добро, но секако не во секој контекст. Кога се мисли физички на играчите, тогаш ќе биде екипа. Значи некаде се синонимни, а некаде не. --Б. Јанкулоски (разговор) 12:34, 17 април 2013 (CEST)Одговори

Меѓувики

уреди

Сега има нов систем за врските до други википедии, па би сакал да посочам како се прави. Кога преведуваш од англиската верзија, ќе забележиш под списокот на расположиви јазици во алатникот најдолу-лево „Edit links“. Кога ќе стиснеш на него, ќе те одведе на страница на Википодатоци (Wikidata) и на самото дно на страницата, под сите наслови на други јазици, ќе стиснеш на нова ставка („add/додај“), во левото поле ќе почнеш да пишуваш (на кирилица) „м...“ или „ма..“ и ќе ти испадне јазикот во списоче и ќе го стиснеш на него, а во десното името на статијата (или категоријата, шаблонот). и потоа на „save/зачувај“ (ставам два збора бидејќи не знам на кој јазик ќе ти се покаже). Еве пример, за да видиш како изгледа. Не ги гледај тие полиња горе со јазиците, тоа не користи тука. Оди право најдолу и додај јазик. Ако веќе постои, но статијата е преименувана и сл., тогаш подолу ќе го видиш македонскиот наслов во списокот и стискаш на „edit/уреди“, го внесуваш новиот (ако веќе е преименувана, т.е. преместена страницата на нашето вики), па на „save/зачувај“. Ако англиската статија (категорија, шаблон и сл.) најдолу нема „Edit links“, што е грешка што знае да се јавува, тогаш оди на германската или француската, и би требало таму да има (секако под локално име). --Б. Јанкулоски (разговор) 13:59, 20 април 2013 (CEST)Одговори

Слики

уреди

Здраво. Оваа твоја подигната слика вели дека е твое дело, и ти си носител на авторските права. Некако не верувам во тоа и затоа одма ја бришам. Те молам не подогај слики кои не се твои, туку користи исклучиво од ризницата. Лажно лиценцирање е едно од најголемите прекршувања на википедија. Поздрав и пријатно уредување--Р ашо  00:35, 11 декември 2013 (CET)Одговори

Сликата не е мое дело туку по грешка сум го стиснал тоа при подигнувањето. Инаку оваа слика е лиценцирана 100% за тоа што ја имаш на италијанската википедија [1] Carshalton (разговор) 13:18, 11 декември 2013 (CET)Одговори

Пред да ти пишам, јас проверив таму и ја најдов. Како прво и таму не е соодветно лиценцирана, и како второ под неа има шаблон дека таа никако не смее да се преподигне на ризницата (најверојатно зошто е неслободна). Верувај, кога една слика е слободна, таа веќе се наоѓа на ризницата (95% од случаите). Подобро користи си слободни слики, отколку вакви проблематични. За тој клуб има толку слики и немора баш и таа да се користи. Поздрав--Р ашо  13:34, 11 декември 2013 (CET) П.С. Политика во последниве години е сите слики да ги подигаме на ризницата, а не тука локалноОдговори

Уредувачки маратон

уреди

Здраво, со задоволство Ве повикуваме на првиот уредувачки маратон организиран на тема „Земјите на Олимписките игри“ од страна на здружението „Споделено знаење“ составено од Википедијанци и насочено кон развивање на Википедија на македонски јазик. Маратонот ќе се одржи на 6 декември 2014 година (сабота) во интернет-кафулето „Хазард“ (види карта) со почеток од 13:00 часот, кој е предвидено да трае околу три часа. Повелете на дружба со останатите Википедијанци и заедничко уредување статии и збогатување на нашата Википедија. Поздрав--Ehrlich91 (разговор) 17:43, 30 ноември 2014 (CET)Одговори

Global account

уреди

Hi Carshalton! As a Steward I'm involved in the upcoming unification of all accounts organized by the Wikimedia Foundation (see m:Single User Login finalisation announcement). By looking at your account, I realized that you don't have a global account yet. In order to secure your name, I recommend you to create such account on your own by submitting your password on Special:MergeAccount and unifying your local accounts. If you have any problems with doing that or further questions, please don't hesitate to contact me on my talk page. Cheers, DerHexer (разговор) 22:06, 16 јануари 2015 (CET)Одговори

Врски

уреди

Здраво, многу ме радува во каков уредувач прерасна и секоја чест за твојот труд :) Особено ме радува што се научи да ги правиш и шаблоните и категориите, но тука би сакал да ти дадам и мал совет: исто како кај статиите и категориите треба да ги поврзуваш со соодветните категории на другите јазици. Функционира на истиот начин, преку „додај врски“, впишување на јазикот, а подоцна на категоријата. Пример: категоријата „Категорија:Fb team шаблони Белгија“ се поврзува со соодветната, а тоа е, Category:Fb team templates Belgium. Мислам дека ме разбра. Уште еднаш браво за трудот и само продолжи така, па во иднина се гледаме и на некоја вики-средба. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 14:04, 3 мај 2015 (CEST)Одговори

Country data Велс

уреди

 Ок Готово Го поправив. --Ehrlich91 (разговор) 23:48, 7 мај 2015 (CEST)Одговори

Ти благодарам Carshalton (разговор) 00:03, 8 мај 2015 (CEST)Одговори

Наградени сте!

уреди
  Награда за обемни придонеси
Секоја чест за твоите уредувања, кои стануваат се подобри и подобри. Само што ја видов статијата за Роберт Левандовски и можам да кажам едно големо браво :) Ehrlich91 (разговор) 15:20, 23 мај 2015 (CEST)Одговори
Благодарам Ehrlich мило ми е што ти се допаднала статијата. Поздрав Carshalton (разговор) 01:17, 24 мај 2015 (CEST)Одговори

Јубилејна статија

уреди

Поради присуство на Прв до врв, а подоцна и други обврски не бев во можност одма да направам статија, но еве сега има и отворено е за гласање. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 16:04, 24 мај 2015 (CEST)Одговори

Левандовски

уреди

Здраво Carshalton. Го вратив моето уредување на Левандовски од проста причина: според правописните правила во македонскиот јазик, не се вели „Бајерн“, туку „Баерн“ (или друг пример, треба Сеп Маер наместо Сеп Мајер) исто како што не велиме „фрајер“ туку „фраер“. Оттука, ако се провлекува Бајерн во оваа и во другите статии, тоа е грешка која треба да се поправи. ГП (разговор) 20:10, 27 мај 2015 (CEST)Одговори

Чума

уреди

А по која логика врати се по старо?! Изгледа уште во Работнички игра Анене. Па уште и наводите си ги избришал. Па ништо, ама ништо не избришав, само ажурирав. Немам коментар друг. Dandarmkd (разговор) 21:10, 13 септември 2015 (CEST)Одговори

Викивести

уреди

Здраво, инаку моето име е Тони, сепак веќе долго време комуницираме :) За прашањето на мојата разговорна страница; немаме ние македонска верзија на Викивести, затоа и не нема. Сепак тоа е проект, кој си бара договор со агенција која би ги отстапувала вестите нам, некој да ги пишува и слично. Имаме разговарано на викисредбите, но не знаеме што ќе бидне, можеби сега преку нашето здружение ќе успееме да спроведеме нешто. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 21:52, 30 октомври 2015 (CET)Одговори

Фотографии

уреди

Здраво, едно укажување при подигнувањето на фотографии на Википедија на македонски јазик од настани, купови и клубови. Правилото важи дека ги подигнуваш сликите како неслободни дела, пополнуваш информации во дадените полиња и бираш лиценца „лого на...“ или пак „општа праведна употреба...“, а не како досегашниот твој начин со ГНУ 4.0, што не може да биде по никоја основа. Поздрав и се најдобро --Ehrlich91 (разговор) 20:00, 9 февруари 2016 (CET)Одговори

СИЕ Пролет 2016

уреди

Здраво, веќе неколку недели трае меѓународниот натпревар „СИЕ Пролет 2016“, во кој земјите од Средна и Источна Европа пишуваат едни за други. Доколку сакаш да се вклучиш во овој интересен натпревар, впиши го твоето корисничко име во списокот и можеш да одбереш една од многуте статии во издвоените списоци по земја. Натпреварот трае до 31 мај, а за првите тројца ќе бидат обезбедени материјали/книги/енциклопедии. Доколку имате некои прашања, контактирајте го корисникот Ehrlich91. --MediaWiki message delivery (разговор) 18:05, 25 април 2016 (CEST)Одговори

Слики

уреди

Здраво, уште едно укажување при подигнувањето на фотографии на Википедија на македонски јазик од настани, купови и клубови. Правилото важи дека ги подигнуваш сликите како неслободни дела (со употреба на {{неслободно лого}}), пополнуваш информации во дадените полиња и бираш лиценца „лого на...“ или пак „општа праведна употреба...“, а не како досегашниот твој начин со ГНУ 4.0, што не може да биде по никоја основа. Поздрав и се најдобро.

Во ред, сега сватив како треба. Благодарам за укажувањето. Carshalton (разговор) 22:11, 7 мај 2016 (CEST)Одговори

Participate in the Ibero-American Culture Challenge!

уреди

Hi!

Iberocoop has launched a translating contest to improve the content in other Wikipedia related to Ibero-American Culture.

We would love to have you on board :)

Please find the contest here: https://en.wikipedia.org/wiki/Wikipedia:Translating_Ibero_-_America/Participants_2016

Hugs!--Anna Torres (WMAR) (разговор) 16:28, 10 мај 2016 (CEST)Одговори

Марио Манџукиќ

уреди
  Статијата Марио Манџукиќ, која Вие ја создадовте и проширивте, го доби статусот „избрана статија“. Ве повикувам да продолжите со уредувањето на квалитетни статии кои во иднина би можеле да се стекнат со овој статус.

Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 23:38, 17 јули 2016 (CEST)Одговори

Благодарам

Балзак

уреди

Здраво Carshalton. Знам дека повеќе си по фудбалот, но ако може мислење дали статијата Оноре де Балзак ги исполнува критериумите за избрана статија? Поздрав и сè најубаво.--Retrohead (разговор) 00:01, 17 јануари 2017 (CET)Одговори

Мене ми се допаѓа, затоа гласав за. Одлична работа! Carshalton (разговор) 12:08, 17 јануари 2017 (CET)Одговори

Your feedback matters: Final reminder to take the global Wikimedia survey

уреди

(Sorry to write in English)

Уредувачки натпревар „Населени места во Егејска Македонија“

уреди

Во тек е спроведувањето на уредувачкиот натпревар посветен на населените места во Егејска Македонија, за кои постојат илјадници започнати, но целосно несредени статии на Википедија на македонски јазик. Помогни и приклучи се во спроведувањето на овој уредувачки натпревар со средување на овие илјадници статии, со што значително би се подобрил квалитетот на самата Википедија. За натпреварот се обезбедени награди. Прочитајте ја самата проектна страница, а за сите прашања стојам на располагање, како и за испраќање на самиот потребен материјал. Поздрав, Ehrlich91 --MediaWiki message delivery (разговор) 19:06, 10 март 2017 (CET)Одговори

Уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2017“

уреди

Во тек е спроведувањето на меѓународниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2017“, кој учествуваат мноштво земји од Средна и Источна Европа, за чии земји недостигаат бројни статии на Википедија на македонски јазик. Помогни и приклучи се во спроведувањето на овој уредувачки натпревар со пишување на дел од предложените статии од самите организатори, со што значително би се подобрил квалитетот на самата Википедија. За натпреварот се обезбедени награди. Прочитајте ја самата проектна страница, а за сите прашања стојам на располагање. Поздрав, Ehrlich91

Уредувачки ден за фудбалери

уреди

Здраво Дејан, Дали си заинтересиран во иднина да реализираме еден уредувачки ден, на тема фудбалери, фудбалери од Лигата на шампионите или Фудбалери од Премиер Лигата, Серија А или Ла Лига? Гледам дека доста уредуваш статии за Спорт, особено фудбал, па јас сум расположен еден ден да подобриме и создадеме нови статии за познатите светски фудбалри бидејќи многу познати поранешни и сегашни фудбалери немаат статии, како што беше пред некој ден, немаше статија за Фабио Канаваро или Тони Крос и многу други. Поздрав (Иван Ж (разговор) 20:38, 26 април 2017 (CEST))Одговори

Секако дека сум за, би било одлично само ако може да биде за викенд затоа што преку недела немам многу слободно време. Исто така се радувам што има уште некој како мене што уредува статии поврзани со фудбалот како што си ти, па бидејќи јас сум подолго во ова ако ти треба нешто некаков совет во врска со статиите можеш слободно да ми пишеш. Инаку за уредувачки ден јас се согласувам, доколку се договорите со другите корисници. Поздрав Carshalton (разговор) 20:49, 26 април 2017 (CEST)Одговори

Супер, тогаш ќе се договориме некој викенд, се разбира и да собереме заинтересирни корисници за темата, па да реализираме и дадеме придонес за фудбалот, и спортот воопшто. Поздрав{Иван Ж (разговор) 23:58, 30 април 2017 (CEST)) Здраво Дејан, некако да се исконтактираме? ова е мојот мејл :vanderzilson@gmail.com пиши ми го бројот да ти се јавам (Иван Ж (разговор) 18:19, 6 мај 2017 (CEST)) Здраво Дејан, да се слушнеме некако? vanderzilson@gmail.com (Иван Ж (разговор) 21:10, 23 август 2017 (CEST))Одговори

Ре: Употреба на загради

уреди

Според Употреба на загради во македонскиот јазик: Зборови, изрази или цели реченици кои придонесуваат да се дообјасни нешто што е речено пред тоа. Заграда користам за сите статии чиј наслов треба да содржи година. Пример: Битка за Радуша (2001), Македонски парламентарни избори (2016)... Нема да прифатам наслов на статија со Битка за Радуша 2001, бидејќи „2001“ е обичен број. србите го имаат решено ова со додавање на точка после секоја година. Нека напишат другите како е најправилно, но според мене заградите се. Сите првенства кои ги напиша и многу други слични статии треба да се пренасочат, но во моментот мислам дека немаме капацитет за ова. --Тиверополник 22:24, 29 јуни 2017 (CEST)

@Тиверополник: Мислам дека малку ги мешаш работите едно се историски работи како ова Битка за Радуша (2001), друго евровизија, спортски, филмски и други настани кој се повторуваат секоја година, на две, три или четири години. Кај првото Битка за Радуша се согласувам да оди годината во заграда, затоа што заградата само ни дополнува која година се случила битката иако тоа не е ни толку битно затоа што нема друга битка. Ама кога се во прашање вакви настани кој се повторуваат некако ми нема логика годината да биде во заграда затоа што тоа не е нешто што се случило еднаш, туку се повторува. Тука годината е клучна за да знаеме за кој настан се работи, на пр. Германија победник на Светско првенство во фудбал 2014, Португалија беше победник на Европско првенство во фудбал 2016 итн. И за крај јас не сум единствениот кој пишувал овакви статии за првенства, јас почнав следејќи го примерот по кој веќе беа напишани некој статии од овој тип од некој од администраторите. Поздрав Carshalton (разговор) 10:32, 30 јуни 2017 (CEST)Одговори
Во ред, сакам само да се произнесат и другите околу ова. Позсдрав

Здраво и на двајцата. Бев повикан за мислење во врска со употребата на загради за години, па еве ќе пишам од моето досегашно уредувачко искуство. Според мене, кога станува збор за настани кои се случуваат на повторлива основа (пр. Летни олимписки игри 2016, Светско првенство во ракомет за мажи 2017, Европско првенство во фудбал 2016 итн.), тогаш годината всушност претставува дел од името и треба да стои без загради. Од друга страна, кога станува збор за настани кои одработуваат тематика со слична содржина на неповторлива основа (пр. многубројните опсади на Ерусалим), тогаш годината всушност претставува параметар за разграничување и треба да стои во заграда. Во вториот случај, годината во заграда го има истото значење како и професијата како параметар за разграничување на две лица со исти имиња и презимиња или било кој друг параметар со иста улога. Не сум запознаен точно со правописното правило, но сметам дека е пожелно да се прави разлика меѓу настани на повторлива и неповторлива основа. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 03:27, 1 јули 2017 (CEST)Одговори

@Kiril Simeonovski: Го делам истото мислење со тебе и ти благодарам за одговорот. Carshalton (разговор) 18:26, 1 јули 2017 (CEST)Одговори

Помогнете да се зголеми квалитетот на нашата Википедија

уреди

Здраво, од 25 септември (утре) започнува нов уредувачки натпревар насочен кон зголемување на општиот квалитет на нашата Википедија преку подобрување и средување на сите можни статии кои се обележани со посебни шаблони за средување. Помогнете да го зголемиме квалитетот на нашата Википедија. За најдобрите тројца уредници, како и за најдобрата статија подобрена во текот на натпреварот, обезбедени се награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. --MediaWiki message delivery (разговор) 15:52, 24 септември 2017 (CEST)Одговори

Фудбалска репрезентација на Аргентина

уреди
  Статијата Фудбалска репрезентација на Аргентина, која Вие ја проширивте, го доби статусот „избрана статија“. Ве повикувам да продолжите со уредувањето на квалитетни статии кои во иднина би можеле да се стекнат со овој статус.

Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 15:27, 12 октомври 2017 (CEST)Одговори

Уредувачки натпревар за вулкани

уреди

Здраво, во текот на целиот декември се одржува уредувачки натпревар насочен кон пишување статии за вулкани од сите земји во светот, со што би се зголемил опфатот на нашата Википедија на оваа тема. За најдобрите тројца уредници, како и за најдобрата статија и за оној кој ќе напише најмногу статии за вулкани од различни земји, обезбедени се награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. --MediaWiki message delivery (разговор) 18:10, 4 декември 2017 (CET)Одговори

1000 статии што секоја Википедија мора да ги има

уреди

Здраво, во текот на од 5 февруари до 4 март ќе се уредувачки натпревар со цел создавање и подобрување на статии на тема „1000 статии што секоја Википедија мора да ги има“. Според овој критериум, македонската Википедија се наоѓа на 37. место и целта на натпреварот е да го подигнеме квалитетот на нашата Википедија, создавајќи и подобрувајќи статии кои се оценети како неопходни од целокупната заедница. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:54, 31 јануари 2018 (CET)Одговори

Администратор

уреди

Честито администраторство. Ти ги доделив правата на админустратор. Поздрав--Никола Стоіаноски 10:49, 3 февруари 2018 (CET)Одговори

@MacedonianBoy: Благодарам --Carshalton 13:34, 3 февруари 2018 (CET)Одговори

Средување на Инфокутија за Зоран Филиповиќ

уреди

Здраво Carshalton, да те замолам кога ќе имаш време ако сакаш да ја досредиш инфокутијата за Зоран Филиповиќ, бидејќи почнав да gi наведувам фудбалските тимови според твојот шаблон, па за некој екипи нема. Кога ќе бидеш во можност искорегирај, за да биде статијата поубава. Поздрав (Иван Ж (разговор) 23:32, 6 февруари 2018 (CET))Одговори

@Иван Ж: Важи, нема проблем ќе средам. Поздрав Carshalton 14:28, 7 февруари 2018 (CET)Одговори

Почеток на регионалниот натпревар СИЕ Пролет 2018

уреди

Здраво, во текот од 21 март до 31 мај ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2018“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:14, 19 март 2018 (CET)Одговори

Предлошка:Fb team било која екипа

уреди

Не ги заменувај веќе поставени врски за клубовите. Како прво овој шаблон што го ставаш е донекаде неточен. На пример, моменталното име на Брегалница е Брегалница 2008, а со шаблонот ја прикажува како Брегалница Штип. Истото важи и за Македонија Ѓорче Петров, која го има "1932" во своето име. Кога некој ќе го прочита тоа, треба да дознае дека така клубот се викал во таа конкретна сезона или сезони. Со овие фб шаблони не може да се маневрира. А и некои клубови немаат направено шаблони и грдо изгледа. И плус небитни се боите до клубот. Некои па шаблони не ни прикажуваат бои и неконзистентно е. Поздрав. :) Dandarmkd (разговор) 17:25, 24 мај 2018 (CEST)Одговори

@Dandarmkd: Здраво, овие шаблони ги направив од една причина само за да си заштедам време на некој места каде што можам се разбира на место да пишувам ФК Вардар|Вардар го ставам шаблонот и го добивам името на клубот. Е сега, ако можеш да ми покажеш каде сум ставил вакви шаблони и што треба да се исправи затоа што моментално работам на последната сезона во Серија А и не се сеќавам дека нешто сум менувал кога е во прашање македонскиот фудбал. Инаку ова за Брегалница можеш лесно да го промениш напиши Шаблон:Fb team Bregalnica и внатре пиши го името како се вика. Поздрав ░▌C▐▌A▐▌R▐▌S▐▌H▐▌A▐▌L▐▌T▐▌O▐▌N▐░ 22:06, 24 мај 2018 (CEST)Одговори

Ти си ја променувал ПМФЛ 2013/14 во февруари годинава. Ама јас ја преправив и ја вратив на старото. Еве види ја оваа статија (Прва фудбалска лига на Македонија 2009/2010). Не велам дека ти си ја правел, ама со тие шаблони е и тој принцип е. Сите екипи имаат бои, пред името, кои се непотребни, а Слога Југомагнат нема бои. Останатите статии на другите јазици не се водат со таквите шаблони. Само кај италијанската Википедија го практикуваат често, понекогаш кај Французите. Dandarmkd (разговор) 23:50, 24 мај 2018 (CEST)Одговори

@Dandarmkd: Не знам што да одговорам на ова, поточно не знам што сакаш да направам биди малку попрецизен. Горе ти објаснив зошто ги направив шаблоните и зошто јас ги користам, ти ако не сакаш не мораш да ги користиш тоа е твое право. На оваа статија Прва фудбалска лига на Македонија 2009/2010 колку што гледам во нејзината историја никогаш ништо не сум пишувал во неа. Еве направив сега и Слога Југомагнат да биде со бои пред името, ако не ти се допаѓа вака направи други шаблони и промени ја како што сакаш ти, јас не ти бранам.░▌C▐▌A▐▌R▐▌S▐▌H▐▌A▐▌L▐▌T▐▌O▐▌N▐░ 13:13, 25 мај 2018 (CEST)Одговори

Не сакав да правам нова тема, па овде пишав. Пробав да го сменам името на Телеком Арена. Тоа име е старо од септември. Актуелно име на стадионот е старо-новото име Национална арена „Филип II Македонски“. Мене ми вели дека не може да се смени името. Во содржината напишав и наведов кога е сменето името. Дали можеш да го вратил старото име - Национална арена „Филип II Македонски“? Dandarmkd (разговор) 00:31, 28 мај 2018 (CEST)Одговори

@Dandarmkd: Готово, го вратив. ░▌C▐▌A▐▌R▐▌S▐▌H▐▌A▐▌L▐▌T▐▌O▐▌N▐░ 10:47, 28 мај 2018 (CEST)Одговори

Земете учество во натпреварот за средување на статии на нашата Википедија

уреди

Здраво, еден месец со почеток од 1 септември ќе трае уредувачкиот натпревар „Временски периоди“, чија цел е да се средат илјадниците постоечки статии поврзани со години, векови, години во области и слично. За натпреварот се обезбедени и награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 21:00, 2 септември 2018 (CEST)Одговори

ФК Вердер Бремен

уреди
  Статијата ФК Вердер Бремен, која Вие ја создадовте и проширивте, го доби статусот „избрана статија“. Ве повикувам да продолжите со уредувањето на квалитетни статии кои во иднина би можеле да се стекнат со овој статус.

Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 09:23, 8 ноември 2018 (CET)Одговори

уреди

Hi Carshalton. In the page ФК Рома there is the old logo (used between 2013 and 2017) and not the new one: could you upload the 2017 logo please?--Luca M (разговор) 17:58, 11 ноември 2018 (CET)Одговори

@Luca M: Done

Регионален натпревар СИЕ Пролет 2019

уреди

Здраво, во периодот од 21 март до 20 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2019“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.

ФК Штутгарт

уреди

What is da problem with Štutgart FC? Today last day in da championship and we know that they all the way in 16th pos. And will play relegation play-off with 2. Bundesliga team. 🌀 ⚽ --Makenzis 2019-05-18 13-25 EEST

@Makenzis: OK you are right. I didn't see the table and that they can't move their position. 16:28, 18 мај 2019 (CEST)Одговори
No problem. Just a little bit surrprised me. :) --Makenzis, 2019-05-20 14-13

Да ги средиме статиите за државите во светот

уреди

Здраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Држави во светот“ и да ги подобриме статиите за државите во светот во периодот од 1 до 31 јули, со кој сакаме да ги подобриме статиите за државите во светот на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 16:44, 29 јуни 2019 (CEST)Одговори

Community Insights Survey

уреди

RMaung (WMF) 16:48, 6 септември 2019 (CEST)Одговори

Нов уредувачки натпревар

уреди

Здраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Автомобили“ и да создадеме повеќе статии за автомобилските модели во периодот од 20 септември до 19 октомври, со кој сакаме да создадеме нови содржини за оваа тема на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 22:35, 17 септември 2019 (CEST)Одговори

Reminder: Community Insights Survey

уреди

RMaung (WMF) 17:14, 20 септември 2019 (CEST)Одговори

Reminder: Community Insights Survey

уреди

RMaung (WMF) 21:52, 3 октомври 2019 (CEST)Одговори

Ракомет

уреди

Здраво, како што во Македонија е особено популарен ракометот, а темата на Википедија е доста слабо покриено, дојдовме до идеја да организираме уредувачки натпревар на тема „Ракомет“, со цел да ги подобриме постоечките статии, но и да создадеме нови. Натпреварот ќе се одржува цел декември. Има обезбедено награди за учество во натпреварот. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земи учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 12:23, 30 ноември 2019 (CET)Одговори

Награда од Уредувачки натпревар „Ракомет“

уреди

Здраво Дејан,

Сакам да те известам дека си добитник на награди за трето место и награда за најдобра статија. Го имаш мојот мејл, така што за повеќе информации да се исконтактираме. (Иван Ж (разговор) 09:04, 3 февруари 2020 (CET))Одговори

Covid-19

уреди

Здраво. Зошто ми го одби уредувањето. Очигледно не е добар преводот и има грешки. Vele 123 (разговор) 21:13, 14 март 2020 (CET)Одговори

@Vele 123: Повеќето делови ти ги сочував, а ги одбив само оние имаат/имале, прогласи/прогласила и слично затоа што на википедија е пракса да се користи минато неопределено време при пишување статии затоа што ние не сме директни сведоци на дејството, туку само го прекажуваме. Се надевам дека ме разбра. Поздрав Carshalton 22:40, 14 март 2020 (CET)Одговори

Па директен сведок си сега на дејството. Кога ќе заврши ќе биде минато неопределено свршено. Јас сум преведувач и ова е најчеста грешка кога се преведува од англиски. Звучи прекажано а знаеш дека дејството сега се случува. Поздрав Vele 123 (разговор) 22:46, 14 март 2020 (CET)Одговори

Правилен запис на наводи

уреди

Здраво Carshalton, за да нема конфликт во наводите посебно за оние кои се преземени од друг јазик, потребно е да се користат во ставката (|language= ) јазичните кодови за секоја држава овде е целосниот список Предлошка:Citation Style documentation/language/doc и доколку е можно да се придружуваме на истиот за да не се полни повторно категоријата со грешки за непрепознаен јазик.--Инокентиј (разговор) 15:05, 18 мај 2020 (CEST)Одговори

@Инокентиј: Во ред, ќе обрнам внимание на тоа во иднина. Поздрав. Carshalton 15:19, 18 мај 2020 (CEST)Одговори

Ернан Креспо

уреди

Здраво, Carshalton откако ги воведов модулите за наводи нема да може да се увезуваат наводи од други изданија кои се напишани на јазик различен од англиски и македонски. Ова значи дека ќе треба да ги преведуваш ставките во наводите и датите ако сакаш да бидат функционални на нашата Википедија. Спремен сум во договорено време и место да седнеме некаде и се целосно да ти образложам како функционира за да не ми се јавуваат нови проблеми во наводите кои сум ги разрешил во соодветните категории. Ти благодарам на разбирањето. --Инокентиј (разговор) 18:06, 25 мај 2020 (CEST)Одговори

@Инокентиј: Здраво. Што се однесува до ова прашање мислам дека многу добро те разбрав уште првиот пат кога ми укажа, во сите нови уредувања работам на тоа и не ми се појавуваат црвени полиња. Проблем се старите уредувања кои сега вероватно не функционираат како претходно и тие треба да се променат. Конктетно еве во оваа статија за Ернан Креспо, немам додавано никакви наводи, само во табелите менував може и да се провери. Поздрав Carshalton 18:33, 25 мај 2020 (CEST)Одговори

ФК Македонија Ѓорче Петров 1932

уреди

Здраво, забележав дека си го сменил името на клубот, ама ФК Македонија Ѓорче Петров веќе не постои и не треба името да се менува. Клубот што денес се нарекува ФК Македонија Ѓорче Петров 1932 е старата ФК Треска. ФК Македонија Ѓорче Петров и ФК Македонија Ѓорче Петров 1932 претставуваат два различни ентитети. Поздрав. Dandarmkd (разговор) 19:10, 26 јуни 2020 (CEST)Одговори

@Dandarmkd: Во ред, како мислиш така нека биде. Јас напишав во страницата за разговор зошто мислам дека треба да биде ФК Македонија Ѓорче Петров 1932; најмногу заради фактот што ФФМ и УЕФА и ги признаваат на ФК Македонија Ѓорче Петров 1932 сите успеси на ФК Македонија Ѓорче Петров што значи дека новиот клуб треба да е продолжеток на овој претходниот.

Слична ситуација имаше и со Вардар кога се спои со Миравци да остане во прва лига или во Италија кога Фјорентина претрпе банкрот и го промени името во Флорентија Виола, за после година дена да си го вратат старото име и да си ги задржи сите успеси од претходно. Проверив на англиската википедија и таму на пример во табелата на македонската лига кога ќе кликнеш на Makedonija GP 1932 ја дава FK Makedonija Gjorče Petrov. Поздрав Carshalton 20:58, 26 јуни 2020 (CEST)Одговори

@Carshalton: Незнам дали УЕФА и ФФМ ги признаваат старите успеси на старата Македонија Ѓ.П. Можеби разговорично ги ставаат во едно, ако најдеш линк пушти ми го. Убаво го спомна примерот со Вардар. Стариот Вардар и денешниот Вардар се сосема различни правни субјекти, баш пред неколку часа го уредував. Вардар и Миравци не се споија, туку си ги заменија управите. Односно старата управа на Вардар го презеде Миравци, клуб со право во Прва лига и му го сменија името во Вардар 1946 (најпрво). А убаво и што ги спомнуваш италијанските клубови. Според статут (ние таков немаме), италијанските клубови имаат целосно право, возобновените (феникс) клубови духовно да се поврзуваат со старите ентитети-клубови и да бидат како едно. Значи тоа ФИА им го дозволува. Ама тие се исклучок. А и англиската википедија не ти е репер. Таму пишува човек што го познавам и се и сешто признава. Поздрав.Dandarmkd (разговор) 00:09, 27 јуни 2020 (CEST)Одговори
@Dandarmkd: Добро, тоа беше моето размислување и не мора да е точно. Искрено не знам какви се правилата кај нас во вакви ситуации кога еден клуб ќе банкнотира и ќе се создаде нов со исто/слично име. Јас мислам дека (ако се сложуваш) треба да се раководиме според тоа чија историја ја наследува новиот клуб: ако е продолжение на Македонија Ѓ.П. тогаш може да остане ова име што го променив, ако е продолжение на ФК Треска (и ја наследува нејзината историја) тогаш статијата за ФК Треска ќе треба да ја промениме според сегашното име во ФК Македонија Ѓорче Петров 1932, а статијата за Македонија Ѓ.П. да ја вратиме на старо и да напишеме во неа дека клубот повеќе не постои, или во трет случај доколку не наследува ничија историја да се отвори нова статија за ФК Македонија Ѓорче Петров 1932. Некаде прочитав дека УЕФА и ФФМ ги признаваат успесите, ама не се сеќавам каде и не можам да најдам. Оставам на тебе, како мислиш ти така направи, ако немаш права за пренасочување на имињата на статиите слободно пиши ми јас ќе ги преместам. Carshalton 12:23, 27 јуни 2020 (CEST)Одговори
@Carshalton: Правно новата Македонија е клубот Треска само со сменето име. Работата е што тие духовно се поврзуваат со старата Македонија. Новата Македонија мора да ја има додавката 1932 за да се разликува правно и финансиски од стариот субјект кој беше пратен во четврта лига. Третиот случај што спомна не е опција бидејќи ФК Македонија Ѓорче Петров 1932 не е сосема нов субјект, односно не е клуб создаден од нула. Ако можеш, врати го старото име на Македонија, без додавката 1932. А ФК Треска еднаш пробав да ја преместам во Македонија Ѓорче Петров 1932 ама не ми дозволи ради сличност со постоечката ФК Македонија Ѓорче Петров односно статијата на стариот клуб кој се распушти 2009 година.Dandarmkd (разговор) 14:20, 27 јуни 2020 (CEST)Одговори

Кампања на меѓународно ниво за вметнување на фотографии/слики во статиите на кои им недостигаат

уреди

Здраво Carshalton.

Сакам да те известам за кампањата на меѓународно ниво за вметнување на илустрации во википедиските статии на кои им недостигаат наречена „Статии без илустрација“ или на англиски јазик: Wikipedia Pages Wanting Photos (WPWP). Идејата е да се искористат фотографиите и останатите илустрации, кои веќе постојат на Ризницата, и да се вметнат во соодветните статии на Википедија. На Википедија на македонски јазик, организатори на оваа кампања се здруженијата на граѓани „ГЛАМ Македонија“ и „Споделено знаење“. Кампањата трае од 1 јули од 31 август 2020 година и има награден фонд од 1.000 евра (1 награда – ваучер од вредност од 12 илјади денари и 8 награди – ваучери од вредност од 6 илјади денари).

Дополнително, може да се освои и една од меѓународните награди бидејќи учесникот паралелно учествува на домашната и меѓународната кампања. Наградниот фонд на меѓународната кампања е: прва награда ваучер од 500 долари (САД); втора награда 400 долари; трета награда 300 долари. Како дополнителни награди се: награда за учесник кој поставил најголем број звучни илустрации во статии 200 долари; награда за учесник кој поставил најголем број на видео илустрации во стати 200 долари; награда за учесник кој е нов на Википедија и поставил најголем број на илустрации во статии 200 долари.

Учесникот за да влезе во кругот на добитниците треба да закачи илустрации на најмалку 100 статии.

Страница за кампањата која претставува и прирачник како се учествува.

Доколку учествувате, среќно! Dandarmkd (разговор) 13:23, 30 јуни 2020 (CEST)Одговори

Покана за учество во иницијативата „Цели за одржлив развој“

уреди

Цели за одржлив развој претставува меѓународна иницијатива за збогатување на Википедија со содржини поврзани со Целите за одржлив развој (ЦОР). Преку поврзување на заедница од стотици доброволни уредници од една страна и стручњаци за ЦОР од друга страна, иницијативата се стреми кон зголемување на свеста за целите, зајакнување на целокупното движење за нив и поставување основи за позадлабочено содржинско покривање на темите поврзани со целите во иднина.

Во насока на поголема застапеност на темите поврзани со Целите за одржлив развој на македонски јазик, заедницата на Википедија на македонски јазик зема учество преку организирање уредувачка седмица во којашто ги повикува да се вклучат сите заинтересирани уредници и страни со стручни познавања на темата. Иницијативата временски се поклопува со Глобалната седмица на целите и е во времетраење од 19-26 септември 2020 година и со доделување на награди за најдобрите учесници. Dandarmkd (разговор) 15:15, 18 септември 2020 (CEST)Одговори

Манчестер сити

уреди

Здраво. Го смеми насловот на статијата ама ако видиш во линкот што го пишав во причина за преместување (линкот е официјалниот правопис) ќе видиш дека за спортски клубови само првата буква е со голема буква. Дури таму пишува Манчестер сити. Затоа треба да се смени така. На пример Реал Мадрид и двете е со голема бидејќи Мадрид е град, ама сити треба со мала. Ист случај е и со Манчестер јунајтед и други кои вториот збор не е топографски поим. Поздрав. Andrew012p (разговор) 20:21, 5 март 2021 (CET)Одговори

Земи учество во СИЕ Пролет 2021

уреди

Здраво, во периодот од 1 до 30 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2021“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.MediaWiki message delivery (разговор) 21:03, 3 април 2021 (CEST)Одговори

Вардар

уреди

Вардар не е истиот клуб со тој што отпадна во 2011. Тоа што на навивачите не им се допаѓа и не сакаат тој факт да го прифатат, не им е никој крив. Вистинскиот Вардар денес е второлигаш и фактички и статистички треба одвоено да се сметаат тие ДВА клубови.Dandarmkd (разговор) 11:14, 17 април 2021 (CEST)Одговори

@Dandarmkd: Тоа апсолутно не е вистина. Има само еден ФК Вардар и тој постои од основањето до денес, клубот никогаш не издал соопштение дека банкротирал и дека престанал да постои (ако имаш линк од такво нешто слободоно испрати ми или стави го на страницата за разговор, па ќе разговараме повторно), па сега да е ова некој нов клуб кој почнува од почеток. Сите релевантни спортски страници како rsssf, transfermarkt, soccerway итн. ги бројат сите титули (11) на ФК Вардар како да ги освоила една екипа, а инофрмациите ги преземаат директно од ФФМ. И во историјата на клупската страна на Вардар се опфатени сите години од 1947 до денес, ништо не пишува за банкрот за реосновање на клубот и слично. Поздрав Carshalton 14:31, 17 април 2021 (CEST)Одговори
@Carshalton:

Има само еден ФК Вардар и тој постои од основањето до денес, клубот никогаш не издал соопштение дека банкротирал и дека престанал да постои

Не мора некој да соопшти од тие управниците за некој nam да ни потврди. Нормално дека тоа нема да го сторат. Како прво од срам не да го сторат. Вистинскиот Вардар не се распадна, како што погоре пишав. Вистинскиот Вардар го смени името во Миравци кој па неколку години го смени името во Кожуф Гевгелија.

Сите релевантни спортски страници како rsssf, transfermarkt, soccerway итн. ги бројат сите титули (11) на ФК Вардар како да ги освоила една екипа, а инофрмациите ги преземаат директно од ФФМ.

Не знам дали ФФМ ги признава титулите заедно, ама ако ФФМ тоа го прави тоа, тоа би било катастрофална грешка. rsssf, transfermarkt, soccerway не ја разбираат збрката со Вардар и Миравци и затоа грешат.

А и во текстот што упорно ми го бришеш, а баш сега забележувам дека не си ми го сфатил и на празно го тргаш, не напишав дека сегашниот Вардар е преоснован или дека стариот Вардар банкротирал, туку дека само имињата на клубовите беа сменети. Бидејќи вистинскиот Вардар отпадна од лига и тој спортски клуб немаше никакво право да учестува во следната сезона во ПМФЛ. И што направија, го зедоа новиот прволигаш Миравци и му го залепија името Вардар, а од својот Вардар се откажаа и му предадоа на управата на Миравци. Ако памтиш, луѓето нонстоп збореа за фузија (пошто не разбираа за што се работи), но во пракса немаше ништо такво бидејќи не им беше тоа целта на управата на Вардар. Ова е црна и матна историја на двата клуба Вардар и не очекувај тоа да го прочиташ на клубската историја на нивниот сајт. Поздрав.Dandarmkd (разговор) 14:59, 17 април 2021 (CEST)Одговори

@Dandarmkd: И што треба според тебе сега, покрај тие 6 титули да стои името на Миравци дека тие ги освоиле? Зар навистина мислиш дека Вардар или било кој друг клуб би се откажал од својата претходна историја, само за да не игра една сезона во Втора лига? Зар мислиш дека Вардар би се откажал од 6 титули во нашата лига и од една титула во Купот на Југославија да не му е ветено дека ништо од тоа нема да му биде одземено?

За еден клуб да престане да има врска со својата претходна историја прво треба да прогласи банкрот дека престанал да постои, да има официјално соопштение од клубот и фудбалскиот сојуз, па во тој случај би требало да се отвори нова статија за новиот клуб и да се напише дека овој клуб се смета за наследник на тој што прогласи банкрот и нема врска со неговата историја. За една работа се сложувам со тебе, дека ова е црна и матна историја на Вардар, на сите им је јасно дека тука се работи за манипулација со која клубот избегна испаѓање и остана во лигата, но на таков начин што и историјата на клубот останала не допрена, затоа што во спротивно сигурен сум дека не би се согласиле и би одработиле сезона во втората лига ако цената за избегнување на тоа била бришење на комплетната дотогашна клупска историја. Сега баш пребарував нешто по интернет за ова и најдов на една интересна вест (https://topsport.mk/fudbal/i-shkotska-ima-sluchaj-miravci-dali-rendjers-se-rendjers-formirani-vo-1872/). Ако УЕФА застанала зад Ренџерс кој се нашол во иста ситуација, сигурно претходно застанала и зад Вардар во спротивно би имала двојни аршини. rsssf, transfermarkt, soccerway и така натаму сигурно информациите ги земаат од ФФМ, сигурно не ги пишуваат од ракав, а она за клупската страна го реков затоа што сигурно и ним не им е дозволено да пишуваат и објавуваат секакви невистини затоа што и за тоа сигурно следат санкции, не може Борец или Беласица на нивниот официјален сајт да напишат дека имаат освоено 5 титули кога не освоиле ниту една досега. Carshalton 15:28, 17 април 2021 (CEST)Одговори

@Carshalton:

За еден клуб да престане да има врска со својата претходна историја прво треба да прогласи банкрот дека престанал да постои.

Зошто упорно спомнуваш банкрот и престанување на клубови? Па белким не сум до толку нејасен!? Двата клуба си постојат, стариот Вардар си постои само под друго име.

на сите им је јасно дека тука се работи за манипулација со која клубот избегна испаѓање и остана во лигата

Вистинскиот/стариот Вардар отпадна. Повторувам сегашниот Вардар е во Прва лига ради унапредувањето на Миравци кој во летото 2011 го смени името во Вардар 1946.

Убаво што го спомна Ренџерс. Е баш Ренџерс прогласи банкрот и машки започна да игра најдолната лига и се унапредуваше и еве пак да стане првак на Шкотска. Со Ренџерс нема слична приказна како Вардар, бидејќи дилемата таму е дали сега Ренџерс е сосема нов клуб основан 2011 мислам, или дали да ја презеде старата историја. А случајот на (сегашниот) Вардар се заснова на Миравци (пошто тој клуб реално, правно, логички е), ама па сакаат да седат на две столици и си ја задржуват историјата на стариот Вардар (денес Кожуф Гевгелија). Е тој Кожуф Гевгелија фактички е петкратен првак на Македонија, работата е што спортските работници на Кожуф Гевгелија повторно му го сменија идентитетот на клубот и се поистоветуваат со историјата ФК Кожуф, кој веќе не постои (ради вакви крадења и/или размени на клубови). Е тоа (стариот) Вардар го дочека, да му прават на ти го, дај ми го. Dandarmkd (разговор) 15:56, 17 април 2021 (CEST)Одговори

@Dandarmkd:

Ова што ми го кажуваш, тешко да поверувам. Значи според ова секој може да се спои со секого, секој може било чија историја да наследи од последнолигаш и новосоздаден клуб до повеќекратен шампион на некоја земја само наследувајќи нечија историја. Мислам дека тоа не е баш така, и ако не ФФМ тогаш УЕФА сигурно би преземала нешто во ваква ситуација. Значи да сумираме, опциите се следниве: ако ФФМ и УЕФА ја признаваат старата историја на Вардар, тогаш Вардар има 11 титули и треба да си остане статијата за ФК Вардар која си постои досега, а втората опција е да се отвори нова статија за ФК Вардар, а оваа да се преименува во Кожув како што ти тврдиш со историјата на стариот Вардар (што мене искрено ми делува глупо, затоа што во првенството на СФРЈ играше Вардар, Панчев, Најдовски, Ќириќ и др. играа за Вардар, а не за Кожуф).

Јас мислам, доколку се сложуваш засега да остане сега за сега вака додека не се најде релевантен податок, околу тоа дали претходната историја на Вардар се признава или не. Кога ќе најдеме таков податок ќе реагираме и ќе преправиме како треба. Она твоето со Вардар стар и Вардар нов, не пие вода, или е се тоа Вардар или остатокот од титулите се на Кожуф заради што тоа денес е стариот Вардар како што ти тврдиш. Поздрав Carshalton 16:38, 17 април 2021 (CEST)Одговори

Не постои спојување клубови, туку управите си ги разменуваат клубовите. Засега не мораме јас или ти ништо да менуваме засега во однос на наслови на статии, а најмалку треба создавање на статии пошто не се работи на сосема нови клубови. Ама барем статистички да ги одвојуваме. А тоа Вардар стар и нов ми е бидејќи ако пишев дека Кожув Гевгелија има пет титули, ептен ќе им биде чудно на читателите (макар и колку реално тоа е). Што да правиме кога правиме Вардар пред десет години ја уплетка работата, а ќе беше доблесно од клубот да одигра сезона во ВМФЛ и да се врати на најспортски начин. Да, Вардар, Панчев, Најдовски, Ќириќ играле за Вардар, ама тоа е само тогашниот назив на клубот и истиот тој клуб денес го носи името Кожув Гевгелија. Да знаеш, во ФФМ им стои документот каде ФК Миравци се преселува од ОФС Гевгелија во ОФС Скопје, и обратно Вардар во Гевгелија. Таков документ најдов кога прилепски Корзо се пренесе во Скопје и го преименуваа во Шкупи 1927. Мислам дека Макфудбал го нарекуваат во ФФМ, збирот од јавни документи. Поздрав и се најубаво. Dandarmkd (разговор) 20:04, 17 април 2021 (CEST)Одговори

How we will see unregistered users

уреди

Hi!

You get this message because you are an admin on a Wikimedia wiki.

When someone edits a Wikimedia wiki without being logged in today, we show their IP address. As you may already know, we will not be able to do this in the future. This is a decision by the Wikimedia Foundation Legal department, because norms and regulations for privacy online have changed.

Instead of the IP we will show a masked identity. You as an admin will still be able to access the IP. There will also be a new user right for those who need to see the full IPs of unregistered users to fight vandalism, harassment and spam without being admins. Patrollers will also see part of the IP even without this user right. We are also working on better tools to help.

If you have not seen it before, you can read more on Meta. If you want to make sure you don’t miss technical changes on the Wikimedia wikis, you can subscribe to the weekly technical newsletter.

We have two suggested ways this identity could work. We would appreciate your feedback on which way you think would work best for you and your wiki, now and in the future. You can let us know on the talk page. You can write in your language. The suggestions were posted in October and we will decide after 17 January.

Thank you. /Johan (WMF)

19:18, 4 јануари 2022 (CET)

Разговор со корисник:Bjankuloski06 LTA

уреди

Hi. Would you please be able to manage the LTA harassment taking place on the identified page. Thanks. Billinghurst (разговор) 15:00, 16 октомври 2022 (CEST)Одговори

Модул: Infobox

уреди

Здраво, имаше проблем со инфокутијата за видеоигри, кога се става слика, не се појавуваше на предлошката. Го прашав Бојан, и тој ја поправи. Но ти си му ја вратил измената, ако може да знам зошто? Сега пишува „грешка во скриптата: Функцијата 'infoboxTemplate' не постои“ во сите статии со Infobox Video Game, на пример во „Halo: Combat Evolved“. Поздрав. Andrew012p (разговор) 14:24, 18 октомври 2022 (CEST)Одговори

@Andrew012p:

Ја вратив бидејќи многу други веќе постоечки статии, не функционираа и таму се појавуваше слична грешка или сликата стоеше на страна наместо во средината. Тоа треба добро да се направи така да функционира добро кај сите статии, а вака поправаме една расипуваме, 200 други, мислам дека и Бојан го сфатил тоа. Поздрав Carshalton 10:32, 23 октомври 2022 (CEST)Одговори

@Andrew012p:

Еве успеав да направам нешто, види сега дали е добра. Carshalton 10:38, 23 октомври 2022 (CEST)Одговори

@Carshalton: Сега е одлично. Ти благодарам. Поздрав. —Andrew012p (разговор) 20:30, 23 октомври 2022 (CEST)Одговори

здраво, имам понуда за вас

уреди

здраво, дали знаевте за нашата хумористична вики mk.neciklopedija.org/wiki/, здраво, јас сум МК01, препорачувам да помогнете на оваа вики 212.35.169.233 (разговор) 09:25, 26 ноември 2022 (CET)Одговори

Разговор со корисник:XXBlackburnXx

уреди

Would you please review the LTA's actions on the linked page, and consider revdel the pages and summaries of their actions. Thanks. Billinghurst (разговор) 01:44, 25 јуни 2023 (CEST)Одговори

прашање

уреди

Здраво, може ли да ги погледнете неодамнешните статии што ги создадов?

Со почит @Carshalton Kwintesencja00 (разговор) 00:55, 28 јуни 2023 (CEST)Одговори

Research about the tools on Wikimedia projects by the CEE Hub

уреди

Hi everyone,

We would like to invite you to submit your responses to the survey dedicated to the tools that are used currently across the Wikimedia projects and the tools that you want to have.

This survey was made by the working group of the CEE Hub, and your responses will be reviewed afterwards, as we want to continue supporting the communities. That support can be documentation for certain most used tools by other communities across the region per specific topics, finding solutions for new tools to be created in the future, creating most needed tools in the region (so called "regional wishlist list"), and many other options.

Deadline to fill in the survey is 20th of August, 2024.

Submit your answers here

Thank you in advance for your time that you will dedicate in filling in this survey --MediaWiki message delivery (разговор) 15:07, 26 јули 2024 (CEST)Одговори

Results from the survey about the tools on Wikimedia projects by the CEE Hub

уреди

Hi everyone,

During August 2024, we sent you a survey about the tools, so now we would like to bring to your attention the conclusions and results from the survey, which you can explore on this Meta page.

I hope you will enjoy exploring the mentioned tools on the page, along with other conclusions from the survey. Thanks for your time, and we will continue working on this important topic. --MediaWiki message delivery (разговор) 14:10, 7 октомври 2024 (CEST)Одговори