Разговор за Википедија:Избрана статија/2007

17.01.2007 - 24.01.2007 уреди

Предлог: Рекански регион - опширна и илустрирана статија - ја заменува претходната статија на иста тема. --Б. Јанкулоскиразговор 13:46, 15 јануари 2007 (UTC)

  • Времето за гласање помина - без ниеден глас, ја поставувам статијата за „Одбрана“. --Б. Јанкулоскиразговор 05:03, 17 јануари 2007 (UTC)

29.01.2007 - 05.02.2007 уреди

Предлог: Столпчести габи, ајде малку и габите да ги опфатиме, ретко се пишува за нив.

  • ЗаBoyan 14:46, 28 јануари 2007 (UTC)
  • ЗаFlavrSavr 10:33, 1 февруари 2007 (UTC)

Ја поставив оваа статија за одбрана. Рокот може и да се пролонгира. Boyan 11:47, 1 февруари 2007 (UTC)

Февруари 2007 уреди

Ја предлагам статијата за делото на

- Ѓорѓи Сугарев


П.С.

(еве уште две други интересни статии, за кои е карактеристична симбиозата на автентични фотографии со убаво напишан и подреден текст):

Лазар Поп Трајков

Солунски Атентати

Поздрав, --Revizionist


Еве уште еден предлог: Едгар Алан По, мојата прва целосно изработена статија --Виктор Јованоски 15:06, 25 февруари 2007 (UTC)

Март 2007 уреди

Не знам дали смеам да си предложам сопствена статија, ниту дали смеам два пати да предложам иста статија, но мислам дека сега статијата за Едгар Алан По изгледа многу добро.--Виктор Јованоски 08:57, 11 март 2007 (UTC)

Навистина добро уредена и детална статија! Јас сум ЗА Едгар Алан По (иако не ми е баш омилен ;-) ) Фичо 10:08, 11 март 2007 (UTC)

Ја поставив. Друг пат, кога администраторите не се ажурни (како сега :)), слободно сами променете ја одбраната статија. --Милош 10:27, 11 март 2007 (UTC)
За ;-) Boyan 18:49, 19 март 2007 (UTC)

Нов предлог уреди

Предлагам три статии: Шах, Шаховска стратегија и тактика и Одри Хепберн --Виктор Јованоски 21:01, 28 март 2007 (UTC).

Статијата е поставена. --Б. Јанкулоскиразговор 04:10, 31 март 2007 (UTC)

Април 2007 уреди

Мислам дека мора малку да ја разубавиме главната страница: Одри Хепберн е мојот предлог за избрана статија --Виктор Јованоски 17:19, 3 април 2007 (UTC).

Одбрана статија 16.04 - 23.04, 2007 уреди

За оваа недела немаше гласови, па ја ставив (според мене) инзвонредната статија Автентична музичка изведба. На оваа тема има многу малку литрература на македонски јазик, а и таа не ми е достапна. Би бил многу благодарен доколку некој може да додаде поднаслов со информации/текст за автентичната музичка изведба (на класична музика) во Македонија. --Б. Јанкулоскиразговор 00:48, 16 април 2007 (UTC)

Одбрана статија 23.04 - 30.04.2007 уреди

Повторно ќе ја предложам статијата за Одри Хепберн, а покрај неа и статијата за Бен Џонсон. --Виктор Јованоски 07:06, 21 април 2007 (UTC)

  • Двете статии ми се чинат од подеднаков квалитет и не можам да се одлучам на една. Единствено што ми паѓа на ум е дека огромен број од одбраните статии се мои, па не би било лошо таа чест да му припадне и на некој друг корисник со добри статии. Врз таа основа, гласот го давам за Одри Хепберн, која и така чекаше толку долго, а дефинитивно заслужува да биде одбрана. --Б. Јанкулоскиразговор 12:26, 22 април 2007 (UTC)
  • Јас сум за Одри Хепберн. Boyan 12:27, 22 април 2007 (UTC)

Во страницата на проектот веќе е одбрана, додаден ѝ е и шаблонот {{одбрана}}, само треба да се постави на главна страница.--Виктор Јованоски 21:13, 2 мај 2007 (UTC)

Одбрана статија 01.05 - 08.05.2007 уреди

Ја предлагам мојата статија за Кружницата. Веќе некое време работам на неа, па се надевам дека е „дорасната“ да биде Одбрана... Фичо 12:10, 28 април 2007 (UTC)

Колку и да сум субјективно анти-математички настроен, морам да кажам - прекрасна статија - ЗА --Виктор Јованоски 15:40, 14 мај 2007 (UTC)

Гласам за - Arwena 15:438, 15 мај 2007 (UTC)

Избрана статија 28.05 - уреди

Незнам колку долго сегашната одбрана статија стои на главната страница. Имам нов предлог - за од утре да се постави статијата Ковалентна врска. Сликите јас ги правев... ;-) Boyan 10:54, 28 мај 2007 (UTC)

За. Со тоа што, мислам дека мора во најскоро време некој да направи редизајн на главната страница, ако сакаме да се рекламираме за 10 илјадарката. Јас не знам тоа да го направам, имаше иницијатива, зошто не се реализира? --FlavrSavr 16:01, 28 мај 2007 (UTC)
За, предлогот за избрана статија. Во врска со 10.0000 треба нешто да направиме со цел зголемување на популарноста, нешто во врска со медиумите.--brest 17:16, 28 мај 2007 (UTC)
Прва работа што треба да се направи е редизајн на главната страница. Едноставно, не сакате вака да се прикажуваме на медиуми. Лошо изгледа. Потоа оди претставување на медиуми. Јас стварно не знам како да помогнам околу првата работа (HTML ми е слабост, сегашниот изглед на страницата е мој), за втората ќе се потрудам колку што можам. --FlavrSavr 18:00, 28 мај 2007 (UTC)
Како ви фаќа око ова? Boyan 19:00, 28 мај 2007 (UTC)
И јас гласам за статијата Ковалентна врска но претходно мислам дека мора да ги ставиме како одбрани и Кружница и Одри Хепберн, зашто и двете беа своевремено избрани но ниту едната, ниту другата не дочека да биде на главна страна. А околу новата страница во чест на 10.000-арката навистина ми се допаѓа предлогот на Бојан, иако имам неколку забелешки во врска со изгледот на горниот дел, односно она Добредојдовте кое изгледа многу неуметнички во споредба со остатокот на страницата. Всушност, после разгледувањето на главните страници на сите википедии, мое мислење е дека босанската и чешката имаат убедливо најубави. --Виктор Јованоски 22:17, 28 мај 2007 (UTC)
Предлагам да ги активираме главните портали дефинирани во шаблонот browsebar_brest, кој би го линкувале и на главната страница. Покрај другото ќе дадеме можност за одредени уредувачи на википедија да се сконцентрираат на областите за кои се заинтересирани. Пример гледам дека Виктор Јованоски е заинтериесиран повеќе за филмската уметност, па би можел да се сконцентрира на Портал:Уметност. Потоа Корисник:filipgd е заинтересиран за математика, што значи би можел да се сконцентрира на уреување на Портал:Математика, итн. Јас скелетот на повеќето од овие портали го превземам одпорано од англиската википедија и делумно го преведов. Мислам дека со мал дополнителен труд може да се доведат овие портали во функционална состојба.--brest 07:29, 31 мај 2007 (UTC)

Мислам дека идејата е прекрасна. Јас ја преземам одговорноста да го средам Порталот:Уметност и што е можно повеќе од субпорталите. --Виктор Јованоски 14:39, 31 мај 2007 (UTC)

Официјално Порталот:Уметност е готов. Посетете го. (Само уште двесте статии!)--Виктор Јованоски 20:56, 31 мај 2007 (UTC)
Добро направено, сега да се фрлиме на работа на останатите поважни портали и секако треба да се одржуваат.--brest 21:13, 31 мај 2007 (UTC)

Следна одбрана статија КОГА??? уреди

Ќе ја смени ли некој статијата која е веќе скоро два месеца одбрана? Имаме одлични статии кои едвај чекаат да бидат одбрани ;-). Кога сме кај одбраните статии би ви предложил, on consideration, уште две математички статии: Диференцијално и интегрално сметање. This makes three od them... (иначе ја лично поише сум за Интегралното!!!) Фичо 18:09, 3 јуни 2007 (UTC)

ОК, ја поставив Кружница, по неа може да оди Одри Хепберн или Ковалентна врска. Овие статии за сега можеме да ги менуваме почесто, на пр. на 4 дена, за да се вратиме на соодветниот распоред. --Милош 18:27, 3 јуни 2007 (UTC)

Форум уреди

Каде е страницата каде што се гласа за избрани статии? Сакам да ја предложам статијата за Методија Андонов - Ченто за избрана статија за следната недела. Имено, на 24 јули, значи следниот вторник, ќе се одбележат 50 години од неговата смрт, па мислам дека е редно неговата статија да биде избрана статија за таа недела. Самата статија е на доста високо ниво уредена (Zdravko 10:02, 16 јули 2007 (UTC))

За жал стариот систем за предлагање на избрани статии е напуштен а нов не е создаден. Ова од причини што преминавме на менување на избрани статии седмично. Ако оставевме да се гласа нема да ја постигневме динамиката да ги менуваме секоја седмица избраните статии. Направен е предлог на избрани статии, кој е арбитрано поставен на оваа страница. Се бараат предлози за нов систем за гласање за избрани статии, слики, ... Пример би можеле на страницата за разговор да дискутираме за тоа кои страници би можело да бидат избрани (прелози) да гласаме за нив и да ги избереме. Еве сега имаме два предлога.--brest 10:42, 16 јули 2007 (UTC)
Јас го прифаќам предлогот на Zdravko статијата за Методија Андонов - Ченто да биде избрана за следната седмица а останатите да се поместат за подоцна.--brest 10:42, 16 јули 2007 (UTC)

Што се тиче система гласања, можете да се угледате на српску википедију, одличан је. Много је лакши а и чланци се брже бирају. Треба само написати оштрија правила и критеријуме који чланци могу да буду сјајни, и ко може да их предлаже. например за Битола, не зна се ни које чланак предложио, ни које гласао за њега, а чланак је супер. Било би добро да се уведу оштрија правила, а кажем да би српска википедија могла бити пример за то. Циљ и јесте у томе да све википедије сарађују. Поздрав за сите.Битољчанин 07:49, 28 август 2007 (UTC)


Без разлика на све, мене не ми е јасно како статијата за Битола не била избрана!!! Ова би требало да биде следната избрана статија. --Фичо 08:03, 28 август 2007 (UTC)

Битола

За:

  1.   

Предлог за седмица 30, Методија Андонов - Ченто

Образложение: на 24 јули, следниот вторник, ќе се одбележат 50 години од неговата смрт, па мислам дека е редно неговата статија да биде избрана статија за таа недела. Самата статија е на доста високо ниво уредена (Zdravko 10:02, 16 јули 2007 (UTC))

За:

  1. Zdravko
  2. brest
  3. Виктор

Против:

Сеедно ми е:

Предлог за избрана од 19-25 Август 2007 уреди

Би сакал да предложам една од статиите Непрекинатост на функција и Вектор за избрана статија за периодот од 19 до 25 Август. Лично ја претпочитам Непрекинатост на функција, но таа е повеќе затруена со виша математика, додека пак векторот е поосновен и многу важен поим во математиката и останатите природни и технички науки. --Филип што бе?

Предлагам предлагачот на избрана статија да предложи и предлог кој ќе оди на главната страница и истиот да биде на увид при гласањето. Бидејќи може да се случи да избереме убава статија а после делот кој ќе оди на главната страница да биде набрзина составен од некој кој не е стручен и да добиеме лош краен резултат. Овој мој предлог се однесува за овој предлог и за сите наредни предлози за избрана статија.--brest 18:53, 16 август 2007 (UTC)


ОК, во се сложувам со предлогот на Брест и затоа предлагам следниов preview од статијата Вектор да оди на главна:

 
Вектор со почеток во точка A и крај во точка B
Во математиката, под вектор се подразбира секоја величина која во себе носи информација за количество (квантитет) и качество (квалитет). Наспроти векторите, во математиката стојат скаларите кои носат информација само за количество. Така, грубо речено, на пример, величината: три килограми е скаларна, додека величината: три килограми јаболка е векторска. Но, под квалитет во математиката може да се подразбираат и некои својства кои не чинат смисла за нематематичарите. Така на пример, отсечките може да ги сметаме за вектори, ако ги насочиме, т.е. ако условно кажеме каде почнува, а каде завршува отсечката. Во овој случај квалитетот е насоката, а за квантитет би ја зеле должината на отсечката. Од друга страна секој скалар може да го сметаме за вектор со квалитет еднаков на нула, при што смислата на квалитетот во овој случај е филозофска, т.е. имплицитна. Во физиката векторски величини се, на пример, брзината,забрзувањето, силата, импулсот и сл.

Најчестото толкување на векторите е геометриското - векторот е насочена отсечка од рамнината или просторот. Ова толкување има многу практична примена во математиката и особено во физиката.

За разлика од скаларите, кај векторите важат поинакви правила за извршување на операциите.

Сите вектори во математиката се разгледуваат во рамките на теоријата на векторски простори, која пак сама по себе е дел од линеарната алгебра. Прочитајте повеќе...


За статијата Непрекинатост на функција пак, го предлагам следниов preview:

 
Визуелизација на концептот на непрекинатост
Во математиката непрекинатоста на функциите е концепт, или поточно, својство кое ги опишува функциите и нивното однесување во точка или околина. Тесно поврзан со поимот на непрекинатост е поимот гранична вредност на функција - лимес.

Структурно, концептот на непрекинатост на функција претставува своевиден вовед во ε-δ (епсилон-делта) излагањето на математичката анализа, практика која понатаму се обопштува на широка палета поими.

Изучувањето на непрекинатоста и непрекинатите пресликувања е од клучно значење за природните и техиничките науки зашто процесите во природата се одвиваат непрекнато.

Првата строга и прецизна дефиниција на поимот непрекинатост на функција дал францускиот математичар Августин Луј Коши. Неговата дефиниција е првата која ја дефинира непрекинатоста независно од други математички поими. Прочитајте повеќе...

Би ве замолил и за коментари околу разбирливоста на статиите... Сепак треба и нешто да се научи од нив ;-) --Филип што бе? у 10саат и 15минути на 16.Август2007лг


Непрекинатост на функција

  • За:
  • Против:
  • Воздржан(а):


Вектор

  • За:
--Виктор Јованоски 18:01, 16 август 2007 (UTC)
--Милош 18:17, 16 август 2007 (UTC)
--brest 12:51, 17 август 2007 (UTC)
  • Против:
  • Воздржан(а):

Предлог 25-29 август 2007 уреди

Истакнатиот поет и философ со огромна важност на исток, Џалалудин Руми. --Б. Јанкулоскиразговор 22:31, 28 август 2007 (UTC)

Со оглед на тоа што има само еден предлог, ја поставувам оваа статија за избрана. --Виктор Јованоски 13:14, 2 септември 2007 (UTC)

Предлог 10-16 септември 2007 уреди

Националсоцијалистичка германска работничка партија уреди

  •    --brest 20:00, 9 септември 2007 (UTC) Статијата е квалитетно обработена. Меѓутоа сметам дека изборот на оваа статија треба да се одложи за некој друг посоодветен период.

Станислав Лем уреди

  • Ја предлагам статијата за Станислав Лем. На 12 септември е роден Станислав Лем (се поклопува со периодот 10-16 септември на избор на статијата). Во овој период според статиите од типот на денешен ден, оваа статија е најадекватна за избор. Статијата е технички добро уредена.

 
Станислав Лем, писател, филозоф, футуролог и теоретичар на научна фантастика

Станислав Лем (Лавов, 12 септември 1921Краков, 27 март 2006), полски писател, сатиричар, философ и футуролог. Еден од најпознатите писатели и теоретичари на научна фантастика и најпреведуваниот полски писател. Делата му се преведени на 41 јазик и продадени во над 27 милиони примероци и со тоа е најпреведуваниот автор на научна фантастика од едно неанглиско говорно подрачје. Во нив средишно место имаат филозофските теми, односно рефлексиите за технологијата, за природата на интелигенцијата, за неможноста од меѓусебна комуникација и разбирање, како и длабокиот песимизам поради ограничувањата што произлегуваат од природата на човекот и од неговото место во вселената. Иако неколку специфични теми се појавуваат во сите негови дела, опусот на Лем може да се подели на два главни циклуси. Првиот вклучува донекаде традиционална научна фантастика каде како мотиви се јавуваат технолошкиот напредок, патувањето во вселената и туѓинските светови, какви што се Eden (1959; Еден), Powrót z gwiazd (1961; Враќање од ѕвездите), Solaris (1961; Соларис), Niezwyciężony (1964; Непобедливиот), Głos pana (1968; Гласот на господарот), и Opowieści o pilocie Pirxie (1968; Сказни за пилотот Пиркс). Вториот циклус го сочинуваат мрачни алегориски раскази или сказни какви што се Dzienniki gwiazdowe (1957; Ѕвездени дневници), Pamiętnik znaleziony w wannie (1961; Сеќавања пронајдени в када), и Cyberiada (1965; Киберијада). Една од основните теми на Лем е неспособноста за комуникација меѓу човековата и длабоко туѓинските цивилизации.


  •    --brest 20:00, 9 септември 2007 (UTC)

Интересна ситуација, два предлога со по еден глас. Ако се претпостави дека предлагачот на првиот предлог е за истиот, тогаш имаме еден предлог за кој имаме нерешена ситуација и втор предлог за кој имаме решена ситуација со еден глас. Бидејќи предлагачот (јас) на вториот предог предложил и предлог кој ќе оди на главната страница и истиот е на увид при гласањето веројатно треба да го избереме овој предлог да оди како избран на главната страница за следната седмица. Многу малку демократија, ама се надевам дека е фер изборот.--brest 22:08, 9 септември 2007 (UTC)

Предлог 17-23 септември 2007 уреди

Леонард Коен уреди

  • Ја предлагам статијата посветена на големиот канадски поет и кант-автор Леонард Коен. Периодот се поклопува со денот на неговото раѓање (21 септември). Статијата е опширна и добро уредена.

Податотека:LeonardCohen1969.jpg

Леонард Норман Коен, канадски кант-автор, поет и романсиер. Коен ја објавува својата прва збирка поезија во Монтреал во 1956, а својот прв роман во 1963 година.

Раните песни на Леонард Коен (најголем дел од кои се дел од албумот Songs of Leonard Cohen од 1968) се под влијание на европските фолклорни мелодии и се испеани со специфичен висок баритонски глас. 1970тите се период во кој неговата музика ќе остави длабок печат врз развитокот на попот, кабаретскиот стил и светската музика, притоа останувајќи исклучително оригинална и некомерцијална. Од 1980тите до денес, Коен, во интерпретацијата на своите песни користи многу подлабок глас (бас-баритон), најчесто придружен од синтисајзер и женски вокален хор.

Неговото творештво најчесто ги истражува религијата, осаменоста, сексуалноста и сложените меѓучовечки односи. Коеновата музика и поезија има влијаено врз многу уметници и повеќе од илјада препеви и преработки на неговото творештво се досега забележани. Член е на Куќата на славните канадски музичари, како и на Куѓата на славните канадски текстописци; носител е и на медалот Редот на Канада, највисокото признание што може да го добие еден канаѓанин.


Ја поставувам Леонард Коен за избрана статија. --Виктор Јованоски 22:54, 16 септември 2007 (UTC)

Предлог од 24 септември до 1 октомври 2007 уреди

Би сакал да ја предложам статијата Срби за избрана статија за посочениот период. Предлагам на главната страница да оди следниов дел од статијата:

 
Српски крст
Србите се словенски народ чија татковина е Србија. Покрај во Србија, големи српски малцинства има и во Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска, додека помали, но сепак значајни српски заедници има и во Македонија и Словенија (од поранешните југословенски републики), како и во Романија и Унгарија (особено во нивните делови од Банат). Надвор од Балканот, во дијаспората, значајни српски заедници има во: Германија, Австрија, Швајцарија, САД и Канада.

Србите го говорат српскиот јазик, сроден на хрватскиот и босанскиот, а повеќето по традиција се православни христијани.

Модерниот српски народ е од словенско потекло, сроден со останатите словенски народи и говори словенски јазик. Според прифатената историја, Србите на Балканот се доселиле во почетокот на 7. век, поточно околу 626. година... прочитајте повеќе

--Филип што бе?

  --Виктор Јованоски 08:16, 24 септември 2007 (UTC)

Со два гласа за, ја поставувам за избрана Срби. --Виктор Јованоски 08:16, 24 септември 2007 (UTC)

Предлог - 1 до 7 октомври (НОФ) уреди

Драги колеги, предлагам статијата за НОФ во Егејска Македонија да биде избрана за одбрана статија. прво затоа што дава исцрпни информации за револуционерното движење на МАкедонците од Егејска Македонија за време на Втората Светска Војна и Граѓанската Војна во Грција. Второ затоа што оваа статија не е препис или превод од википедија на други јазици, туку е резултат на три месеци читање на литература поврзана со таа тематика. Оваа статија ја напишав и во англиската Википедија - NOF (Macedonia), и навистина треба признаам дека изгубив многу нерви и слободно време докажувајќи и аргументирајќи. Но не жалам, затоа што еве статијата стои непроменета во англиската википедија. Значи барам мојата статија НОФ, да биде избрана за статија пример. П.С. Може да размислите и да направите некаков орден што би им се доделувал на оние што прават статии и доприноси поврзани со Македонска историја, и кои одделуваат голем дел од нивното драгоцено слободно време за да пишуваат и на англиската википедија, кадешто сите знаеме е многу тешко да се постигне нешто без губење на нерви, време но и во аргументирање. Мислам дека со таков орден би се дал стимул да се продолжи со доприносите, како и би им се докажало на корисниците што навистина прават доприноси, дек тоа што оделуваат време НЕ Е ЗАЛУДНО. Поздрав. Revizionist 15:44, 24 септември 2007 (UTC)

   --Виктор Јованоски 11:41, 26 септември 2007 (UTC)    Одлична и опширна статија. Навистина честитки за истражувањето и тримесечната обработка на една толку деликатна, а истовремено толку сериозна тема од македонската историја.

   --Филип што бе?, 17:14, 26 септември 2007 (СЕВ)    Извонредна статија, немам коментар...

Со три гласа за (вклучувајќи го и оној на предложувачот), статијата ја поставувам за избрана. --Виктор Јованоски 20:25, 30 септември 2007 (UTC)

   --Поречанец A? 20:43, 30 септември 2007 (UTC)    Ееее, чекај, чекај, не ја ставај, и јас да гласам! :D Одлична е статијата, поддржана од извори и најдобро од сѐ, содржината е како за на главната страница!

Предлог - статијата Македонци уреди

Со оглед на нејзината содржајност и важност би требало да се најде на насловната страница, за на секој добронамерен посетител (Македонец/Македонка) да му падне во очи! :) Поздрав - МАКЕДОНЦИ ЗАСЕКОГАШ! 22:04, 26 септември 2007 (UTC)

Се разбира за од после 1 октомври. Поздрав - МАКЕДОНЦИ ЗАСЕКОГАШ! 22:05, 26 септември 2007 (UTC)

Те поздравувам за идејата за номинирање на статијата за Македонскиот народ. НО, треба да признаам дека е потребно доуредување на статијата, вклучување на цитирани извори, промена на шаблонот и секако додавање на слики. Јас денеска почнав со преуредувањето. Скенирав и додадов слики, ставив референци, и направив промени во самиот текст. Затоа што темата е важна за нас, би сакал сите корисници да направат аналза и споредба меѓу СЕГАШНАТА ВЕРЗИЈА на статијата, и НОВАТА ПРЕДЛОГ ВЕРЗИЈА со моите промени и доадатоци, оја сеуште е во фаза на изработка. П.С. Сакам да изјавам дека со ова јас не индицирам дека правам нова статија. НАПРОТИВ, им се восхитувам на оние што ја создале, и до сега допринесувале за оваа статија. Јас само го продолжувам допринесувањето, и давам една последна финеса. Поздрав. Очекувам коментари. Revizionist 14:18, 27 септември 2007 (UTC)

Предлог за период од 8-14 Октомври уреди

Со оглед на тоа што во текот на оваа седмица се прославува денот на анти-фашистичкото востание на македонскиот народ, предлагам да се избере статија поврзана со овој настан. Пример:

Ми се допаѓа идејата на Brest, но не ми се допаѓа ниту една од предложените статии. Мое мислење е да се избере некоја сосема друга статија. На пример, би можеле да ја поставиме Македонци (една многу убава статија што безмалку самостојно ја изработи Revizionist и која правописно и граматички ја обработи (или ја обработува) Поречанец) или НОВ која најмногу одговара на настанот, но која го нема квалитетот на Македонци --Виктор Јованоски 06:57, 8 октомври 2007 (UTC)

Гласање уреди

Поради тоа што неделата веќе почна, предложувам гласањето да трае заклучно со крајот на овој ден, односно до 23:59.

АСНОМ уреди

Социјалистичка Република Македонија уреди

   --brest 07:41, 8 октомври 2007 (UTC)    Бидејќи резултат на борбата на македонскиот народ во Втората Светска војна е Социјалистичка Република Македонија, т.е. Претходно, Демократска Федерална Македонија.

Панко Брашнаров уреди

Македонци уреди

   --Виктор Јованоски 07:02, 8 октомври 2007 (UTC)    Статијата е неутрална, опширна, естетски одлично изработена и одговара на празникот.

   --brest 07:41, 8 октомври 2007 (UTC)    Статијата треба уште да се доработува. Колкав е вкупниот број на македонците? Треба да се допрецизира овој момент, како според официјалните статистики и така и според апроксимациите. Пример со Бугарија? Или Пример со Германија? Што германската официјална статистика подразбира под македонец? Дали етнички македонец или личност кој потекнува од Република Македонија (државјанин)? Воведот на статијата не е добро формулиран, набројани се само соседните држави на Република Македонија, каде има македонско национално малцинство, при што е испуштено да се спомнат Австралија, Германија, ... кои се наведени во инфокутијата. Некако личи дека оваа статија почнато е да се креира по урнек на статијата за Република Македонија па само се додавале одредени податоци, при што не се водело сметка за конзистентноста. Во врска со официјалниот став за генетскиот карактер, ..., може да се даде некоја подобра формулација, и мислам дека не е толку официјален изнесениот став, ами став веројатно на еден академик. Понатаму статијата е градена врз основа на овој став. Де факто, со намера или без намера, статијата ја застапува прогрчката теза за дисконтинуитет на македонскиот етнос на овие простори, иако во делот за националните симболи се спомнува шеснаесет зрачното сонце од Кутлеш?

   --Филип што бе? 16:39, 8 октомври 2007 (СЕВ)    Статијава дефинитивно заслужува да биде избрана. Прво е темелна, опширна и пред сѐ неутрална. Дека ѝ треба фино брусење ѝ треба, ама и во моменталната состојба би ја вреднувал многу високо во однос на статиите на мк.вики. Туку ме заинтригира коментарот на Брест. Вака: бројот на Македонците во светот не може точно да се утврди, секако. Ниту приближно. Еве зашто: имате членки на самата ЕУ кои не признаваат етнички малцинства на нивна територија воопшто (Грција) или конкретно не признаваат македонско малцинство или народ воопшто (Бугарија). И сега, што и да напишеме на оваа тема (како некој не дозволува Македонците да си ја искажат етничката припадност) и почнеме да манипулираме со бројки, тогаш (Грците и Бугарите) ќе ни речат дека сме националисти. А трагедијата е дека ќе бидат во право. Зошто? Епа неутралниот набљудувач ќе го интересираат фактите, а тие, според бугарскиот попис на пример, велат дека има некаде околу 3.000 Македонци во Бугарија. Па, ако бомбардирате некого со бројка од 200.000 Македонци во Бугарија, а има попишани 3.000, ќе ви рече: епа како можело на 3.000 да им биде дадено правото да се изјаснат како Македонци, а на останатите 197.000 да не им е? И понатаму ќе нема што да кажете... Ама пропаганда, ама асимилација, ама... Е ама де, но така е. Некој ќе се интересира само за фактите, а тие сега за сега, за наша голема жал, се против нас. Друга работа, ако манипулираме со бројки, тогаш фазла се појавуваат 200-300 илјади Македонци што процентуално би бил огромен дел од вкупниот број на Македонци. А дека статијата ја застапува грчката теза за дисконтинуитет, не би се согласил. Јасно пишува дека: Официјалниот македонски став за генетскиот карактер на Македонскиот народ е дека современите Македонци се производ на мешањето на словенските племиња кои се се населуваат во Македонија во 7-ми век, со локалното население... На ова можеби, покрај генетски карактер, треба да му се додаде и културен карактер. Како и да е, јас претерав со коментаров, некои работи можеби беа поприкладни да се кажат на друго место, но тоа е тоа. Сметам дека статијава си го заработи местото за кое, се надевам, ќе биде изгласана.

   --Revizionist 23:53, 8 октомври 2007 (UTC)    Колеги, благодарам многу за топлите зборови. Многу се радувам што ви се допаѓа новата статија и што е најважно: ЈА СМЕТАТЕ ЗА НЕУТРАЛНА и ИНФОРМАТИВНА. Би сакал да му одговорам на Брест дека статијата е основана на книги издадени од ИНИ, исто таа ја споменав и модрната тенденција. Кога станува збор за бројот на Македонците од соседството, јас не ги доадавав бројките, туку ги ставив оние што беа од порано. Но исто така доадов и македонско видување на работите. А инаку не мора да значи дека ова е последна и конечна верзија. Ова е слободна енциклопедија и секој може да прави придонеси, но под услов тие да се аргументирани (особено кога станува збор за вакви чувствителни и важни теми за нас). Предлагам сите поголеми промени, пред да се направат првин да се продискутираат на страницатa за разговор. Ми се допаѓа демократскиот начин на решавање на прашањето со личностите на инфобоксот, и предлагам отсега така да функционираме со важни прашања. Поздрав до сите.

НОВ уреди

   --brest 07:41, 8 октомври 2007 (UTC)    само сметам дека инфокутијата / историја на македонскиот народ / не би требало да биде дел од оваа статија. Посоодветна би била инфокутија во која би се содржели поважните настани поврзани со НОВ.


Искрено, ситуацијата не ми е многу јасна - имаме една статија со два гласа за и еден против и две статии со по еден глас за. Ако сметаме дека еден глас против неутрализира еден за имаме три статии со идентичен број на гласови. Сепак, јас ќе си дадам слобода (што значи сите критики за изборот одат на моја лична сметка!) да ја поставам за избрана статијата Македонци поради тоа што таа е единствената која има повеќе од еден поддржувач. --Виктор Јованоски 22:16, 8 октомври 2007 (UTC)


Предлог за период од 15-21 Октомври уреди

Поради тоа што на 20 октомври е роден големиот француски поет Артур Рембо и поради квалитетот на истоимената статија (прокнижена и со неколку врски кон неговите дела), ја предложувам за избрана статијата посветена на него.

   --Виктор Јованоски 21:23, 14 октомври 2007 (UTC)    Статијата е опширна и естетски добро изработена.

Со еден глас за (мојот - колку неправедно!) морам да ја поставам статијата за избрана - почна неделата. --Виктор Јованоски 22:22, 14 октомври 2007 (UTC)

Предлог за период од 22-28 Октомври уреди

Отсутен сум од Википедија и не знам зашто не се сменила избраната статија. Со оглед на фактот што неделата почна, ќе си дадам слобода да ја поставам за избрана статијата Националсоцијалистичка германска работничка партија која уште одамна беше предложена, но никогаш не беше избрана. --Виктор Јованоски 13:10, 23 октомври 2007 (UTC)

   --Виктор Јованоски 13:10, 23 октомври 2007 (UTC)    Статијата е една од најголемите на македонската Википедија, а мислам дека нејзиниот уредувач - Поречанец - досега нема избрана статија; повеќе од јасно е (и мислам дека не зборувам само од мое име) дека заслужува.

   --brest 13:22, 23 октомври 2007 (UTC)

   --Фрајтнер R.I.P, Тоше 13:44, 23 октомври 2007 (UTC)

Предлог за период од 29 октомври - 4 ноември уреди

Како и минатата недела - не знам зошто не се избира статија. Не сум присутен на Википедија и веројатно ќе бидат се помалку во наредниов период, така што апелирам да се биде поагилен во иднина. Овој пат ја предлагам статијата за Ален Гинсберг.

   --Виктор Јованоски 22:45, 28 октомври 2007 (UTC)    Немам некоја посебна причина, но мора нешто да се предложи.

Јас (повторно) со еден глас за ќе ја поставам статијата Ален Гинсберг за избрана. Сепак се надевам дека ова ќе биде последен пат. Зашто веќе станува смешно - јас (во недостаток на време) ја посетувам Википедија во 23:30 секоја недела со цел да го разгледам изборот за содржините на главната страница. Последниве три недели наидувам на извесна индиферентност по овие прашања. Па затоа сам си ја предложувам статијата, сам си гласам за неа и сам ја поставувам. Нормално - другите немаат време ниту да видат која статија е предложена а уште помалку можат да гласаат. Не мора да објаснувам колку ова е неправедно. Уште понеправедно е и од аспект на тоа што јас немам некој поголем увид во работата на другите (поактивни) корисници и морам да предложувам (најчесто) свои или некои други постари статии кои ми останале во сеќавање. Со цел да не се повторуваат вакви работи во иднина, се надевам дека следната недела во 23:30 веќе ќе видам некое гласање во тек. --Виктор Јованоски 23:10, 28 октомври 2007 (UTC)

Предлог за период од 5-11 ноември уреди

ВМОРО уреди

 

Ја предлагам мојата верзија на статијата ВМОРО за избрана статија. Минатата верзија беше само неколку реда. Јас ја проширив и напишав историјат за дејноста на ВМОРО од 1893 до 1912 година. Доста време потрошив да ја напишам, и затоа сеуште немам вметнато фотографии и не е викифиицирана, но тоа ке го направам овие денови. Исто така напишав и статија за организацијата ВМРО што е различно од ВМОРО. Поздрав. --Revizionist 11:56, 1 ноември 2007 (UTC)

   --Виктор Јованоски 23:55, 3 ноември 2007 (UTC)    Статијата е добра, но не сметам дека заслужува да биде избрана - како што и самиот Revizionist рече: не е викифицирана и нема слики. Нема ниту надворешни врски, а има правописни грешки. Во секој случај, има доста факти и мислам дека следната недела (или за две недели) ќе биде средена за да биде поставена на главна страница.

   - Поречанец A? 02:24, 4 ноември 2007 (UTC)    Ми се допаѓа и би сакал да биде избрана статијава, но предлагам прво да се додадат извори и да се средат сликите и правописот, и до следната недела да биде совршена за одбрана статија и да се појави на насловната.

   --brest 17:04, 4 ноември 2007 (UTC)    Статијата треба уште да се доработува.


Мојата борба уреди

 

   - Поречанец A? 02:36, 4 ноември 2007 (UTC)    Информативна, средена, нашминкана, поддржана од извори.

   --Виктор Јованоски 13:34, 4 ноември 2007 (UTC)    Прочитај ја претходната реченица.

   --Фрајтнер Разговор 13:40, 4 ноември 2007 (UTC)    Wunderbar!

   --Revizionist 16:12, 4 ноември 2007 (UTC)    Опширна статија. Поздрав.

   --brest 17:04, 4 ноември 2007 (UTC)    Со оглед на тоа што само пред една седмица ја имавме статијата, Националсоцијалистичка германска работничка партија, како избрана, може во одреден поглед да се препознае негативна тенденција.


Вилијам Хогарт уреди

Со оглед на тоа што во седмицата која претстои, е роден маркантниот сликар, Вилијам Хогарт, а благодарение на Корисник:Bjankuloski06 имаме одлична статија.

Вилијам Хогарт (англ. William Hogarth), (10 ноември, 169726 октомври, 1764) е важен англиски сликар, графичар, ликовен сатиричар, и карикатурист, кој се смета за првиот цртач на стрипови. Неговите дела се разновидни, од одлични реалистични портрети до стриповиден деријал од слики наречен „современи поучни содржини“. Многу негови дела, иако понекогаш горки, ја исмевале тогашната политика и обичаи.

   --brest 17:04, 4 ноември 2007 (UTC)    Одлична статија за одличен уметник.

Спор за името помеѓу Македонија и Грција уреди

Можеби е малку доцна но сепак еве мој предлог, статијата до сега ја преведував и малку ја средував за разлика од англиската вики со повеќе аспекти. Ако има некој да додаде нешто би било супер или да доуреди, па да ја ставиме, бидејќи е во контекст на сегашните актуелности, па ни одговара од аспект на ПР. Поздрав LBakraceski 19:42, 4 ноември 2007 (UTC)


Иако е ситуацијата доста индикативна - една статија со четири гласа за и еден против и една со само еден глас за - оставувам простор при поставувањето на избраната статија за оваа недела: ќе го направам без конклузивност, но сепак ќе го направам. Тоа значи дека, ако до утре има драстична смена во гласањето, избраната статија ќе биде променета. Причината е што две статии беа предложени со огромно задоцнување, односно во последната фаза од гласањето. Со цел да се избегнат вакви проблеми во иднина предлагам предложувањето на статија за избрана да може да се направи најдоцна до еден ден пред заклучувањето на изборот. Се предложено во недела ќе се смета за предложено за следната недела. --Виктор Јованоски 22:46, 4 ноември 2007 (UTC)

Предлог за период од 19-25 ноември уреди

Вилијам Хогарт уреди

Повторно ја предлагам оваа статија, за маркантниот сликар, Вилијам Хогарт.

Вилијам Хогарт (англ. William Hogarth), (10 ноември, 169726 октомври, 1764) е важен англиски сликар, графичар, ликовен сатиричар, и карикатурист, кој се смета за првиот цртач на стрипови. Неговите дела се разновидни, од одлични реалистични портрети до стриповиден деријал од слики наречен „современи поучни содржини“. Многу негови дела, иако понекогаш горки, ја исмевале тогашната политика и обичаи.

   ----brest 12:50, 18 ноември 2007 (UTC)    Одлична статија за одличен уметник.

   --Revizionist 15:51, 18 ноември 2007 (UTC)    Добар предлог Брест. Прекрасна статија. Поздрав.

   --Поречанец A? 17:42, 18 ноември 2007 (UTC)    Убаво, убаво.

   --Виктор Јованоски 21:49, 18 ноември 2007 (UTC)    Штета што доцниме со избирањето на статијава.

Статијата е поставена за избрана. --Виктор Јованоски 22:12, 18 ноември 2007 (UTC)

Предлог за период од 25 ноември - 2 декември уреди

ВМОРО уреди

   --Revizionist 18:13, 24 ноември 2007 (UTC)    Уште еднаш ја предлагам статијата ВМОРО, но овојпат целосно викифицирана и украсена со фотографии. Поздрав

   --Поречанец A? 20:26, 24 ноември 2007 (UTC)    Не е лоша, добро е уредена и добра содржина има, би можела и малку поенциклопедиски тон да има, но не е лоша. Единствено, би можело да има наводи за некои контроверзни реченици, со посочена страница од користената литература и некоја белешка, ама тоа ќе го оставиме за кога некој ќе бара извор ({{факт}}) :)

   --Фичо 09:14, 25 ноември 2007 (UTC)

  --Виктор Јованоски 12:11, 25 ноември 2007 (UTC)    Не е одлична, но е доволно добра.

Предлог за период од 3 - 9 декември уреди

Спор за името помеѓу Македонија и Грција уреди

Јас веќе еднаш ја предложив оваа статија, сметам дека е добро да ја имаме на главна страница заради нејзината важности и информациите кои ги содржи. Убаво е малку да влијаеме врз поширокиот аудиториум кој грото од времето се бави со шпекулации. Можеби е малку доцна попладневно да се предложи, но сепак мислам дека би било убаво освежување. Поздрав LBakraceski 14:31, 25 ноември 2007 (UTC)

   --Виктор Јованоски 23:09, 25 ноември 2007 (UTC)    Статијата е опширна, но треба малку да се поработи на нејзините естетски одлики. Се надевам дека ќе имам време. Или подобро - дека некој ќе може да ја среди. Забелешка: јас ја преместив статијата да биде предложена за горенаведената седмица од едноставна причина што беше предоцна предложена.

   --Revizionist 00:04, 26 ноември 2007 (UTC)    Браво LBakraceski, треба да има ваква статија во нашата Википедија. Поздрав

   LBakraceski 19:14, 30 ноември 2007 (UTC)

   --brest 19:46, 30 ноември 2007 (UTC)    Во Разговор:Спор за името помеѓу Македонија и Грција, Корисник:Strich предложи нов наслов на статијата. И јас мислам дека сегашниов наслов не е адекватен. Понатаму би требало да избегнуваме да избираме статии кои се скоро креирани и уредувани од малку уредувачи, посебно ако се работи за сензитивни теми каква што оваа статија обработува. Статијата се повикува на одредени настани (Букурешки договор, Лондонска конференција, ...) без да наведе интерен линк кон постоечките соодветни статии на википедија. Статијата не е пишувана во енциклопедиски стил.

Статијата ја поставив за избрана, макар што не успеав целосно да ја средам. Морам да напоменам дека при повторниот преглед на истата забележав дека голем дел од замерките на Брест се правилни, па затоа и се обидов да ги поправам. Сепак, стигнав само до половина, односно до овде. Доколку некој може - нека се посвети на досредување на статијата. Ако не, во текот на неделава, ќе се обидам јас да го завршам започнатото. --Виктор Јованоски 00:11, 3 декември 2007 (UTC)

Предлог за период од 10 - 16 декември уреди

Лазар Поп Трајков уреди

 

   --Revizionist 18:25, 3 декември 2007 (UTC)    За следната недела ја предлагам мојата ревизија на статијата Лазар Поп Трајков. Поптрајков е еден од најчесните дејци на македонското револуционерно движење, и е можеби најголемата личност во нашата историја со потекло од Егејска Македонија. Освен тоа што е револуционер и еден од водачите на востанието, Поптрајков е и македонски поет.

   --Фичо 18:17, 9 декември 2007 (UTC)

   --Виктор Јованоски 09:25, 10 декември 2007 (UTC)    Се согласувам за статијата со мала воздршка - не е сосема викифицирана и не целосно е во енциклопедиски формат. Па, ќе го замолам Revizionist да направи ревизија на неговата ревизија. Инаку, статијата ја поставувам за избрана.

Предлог за период од 17 - 23 декември уреди

 

Јане Сандански уреди

   --Revizionist 17:35, 16 декември 2007 (UTC)    Статијата за Јане Сандански е една од најилустрираните и најдетални статии на нашата Википедија. Воедно тој е и еден од најголемите борци за самостојна Македонија.

   LBakraceski 17:56, 16 декември 2007 (UTC)

   --Филип што бе? 19:42, 16 декември 2007 (СЕВ)

   --Поречанец A? 19:05, 16 декември 2007 (UTC)

Предлог за период од 24 - 30 декември уреди

Александар Суворов уреди

   --Revizionist 15:39, 20 декември 2007 (UTC)    Статијата за Александар Суворов од Bjankuloski06 е навистина една статија достојна да биде избрана за одбрана. Поздрав.

   --Виктор Јованоски 22:29, 23 декември 2007 (UTC) Се согласувам со Revizionist.

   --Поречанец A? 23:07, 23 декември 2007 (UTC)    Убаво, убаво ;)

   --brest 23:19, 23 декември 2007 (UTC)    Статијата е уредувана од само еден уредувач, статијата е креирана пред само неколку дена.

Назад на проектната страница „Избрана статија/2007“.