Силата ја создаваме со туркање или со потегнување. Силата дејствува врз определено тело на следните начини:

Сила
Силите се објаснуваат како поттурнување или повлекување на одредено тело. Оваа појава може да биде предеизвикана од гравитацијата, магнетизмот, или некое друго дејство кое може да предизвика забрзување.
Вообичаени ознаки
F, F
SI единица меркаЊутн
Во SI основни единици1 kg·m/s2
Изведување од
други величини
F = m a
'
  • силата може да го придвижи телото;
  • силата може да го забрза телото;
  • силата може да го забави телото;
  • силата може да ја промени насоката на движење на телото;
  • силата може да го промени обликот на телото.

Силата на привлекување меѓу телата се нарекува гравитација. Таа е една од најпознатите сили. Таа всушност не држи на земјата и ни дава тежина. Се што има маса - произведува гравитација, а таа сила зависи од масата на телата и нивната меѓусебна оддалеченост. Колку едно тело е поразделечено од друго тело, толку привлечноста помеѓу нив ќе биде помала. Месечината на пример, привлекува со послаб интензитет од земјата затоа што има помала маса. За големата Земјина маса, тежината на телата на неа се шест пати поголеми отколку што се на Месечината.

Ако на едно тело делуваат повеќе сили, нивното дејство ќе биде како на него да делува една сила, но во средна насока. Таа сила се нарекува резултанта. Пример, кога две екипи влечат јаже, резултантата е скоро еднаква на нула затоа што приближно еднакви сили делуваат во спротивни насоки.

Едно придвижено тело ќе продолжи да се движи во правец сè додека некоја сила не го скршне. За ѓулето да се врти во круг потребно е на него да се делува со сила која се нарекува центрипетална сила, која постојано го влече во средиштето на кругот. Штом атлетичарот ќе го испушти, ѓулето продолжува да се движи по права линија.

Притисокот е мерка за концентрација на силата. Силата применета на малечка површина создава многу поголем притисок од таа иста сила применета на голема површина. Доколку лопатката и кантата за полевање ги претиснеме со иста сила, лопатката во песокот ќе пропадне длабоко. Причината за тоа е во последниот случај силата се распоредува на помала површина, бидејќи лопатката има тенко сечило.

Единица за мерење на силата е Њутн. Еден њутн( 1N ) за една секунда забрзува тело од еден килограм за метар во секунда. Името на оваа мерна единица е ставено според англискиот математичар Исак Њутн, кој во 1687 година ги поставил трите закони кои го одредуваат движењето на телото под дејство на сила:

- телото не ја менува својата положба доколку на него не делува или влијае некоја друга сила;

- телото го менува своето движење пропорционално на силата која дејствува на него, а обратнопропорционално на својата маса;

Каде:

F е силата, измерeна во њутни (N),
t е времето, измерeно во секундии (s),
p е импулсот (моменталната состојба, функција на времето)
v е брзината, измерeна во метри во секунда (м/с или m/s),
m е масата, измерена во килограми (кг или kg),
a = е брзината, измерена во метри во секунда на квадрат ().

- сите сили се појавуваат во парови. Силите се еднакви по големина но со спротивна насока;

Овие закони се наречени Њутнови закони за движењето на телата.