Тевтонски витези
Тевтонски витези или Тевтонски витешки ред (латински: Ordo domus Sanctæ Mariæ Theutonicorum Ierosolimitanorum, "Ред во германскиот дом на света Марија од Ерусалим", германски: Orden der Brüder vom Deutschen Haus St. Mariens in Jerusalem или најчесто Deutscher Orden) е германски римокатолички христијански Ред формиран кон крајот на 12 век во Акра, Палестина, кој подоцна својата моќ ја пренесува на територијата на Прусија (Германија). Во средниот век биле христијански витешки ред и биле облечени во бели наметки со апликација на црн крст. Тоа денес е клирски ред сместен во Виена, Австрија.
Средновековниот ред на Тевтонците игра многу значајна улога на Блискиот Исток контролирајќи го пристанишниот град Акра. Откако христијанските сили на Блискиот Исток се поразени, Редот се преместува во Трансилванија 1211, за да и помогнат на Угарија во одбрана од Куманите. Протерани се во 1225 година, поради нивното наводно поставување под папскиот, а не под угарскиот суверенитет.
Врз основа на Златната була од Римини, големиот водач на Тевтонските витези Херман вон Салца и војводата Конрад I од Масовије заедно ги нападнале Старите Пруси во 1226, за да ги покрстат во крстоносниот поход на Прусите. Тогаш витезите биле обвинети за малверзации во полската управа и образување на независната Монашка држава на Тевтонски витези. Редот ја губи својата цел кога соседна Литванија го прифаќа христијанството. Сместен во Прусија, Редот почнува походи кон своите христијански соседи, царството Полска, Големото војводство Литванија и Република Новгород, откако целосно го асимилира Ливонијскиот ред. Благодареније на своите достигнувања, Редот постигнува голема градска економија, вработува голем број на европски трговци и станува морска сила на Балтичкото Море.
Полско-Литванската војска одлучно го поразува Редот и му ја намалува воената моќ во Битката кај Гринвалд (Таненберг) 1410. Редот постои сè до 1525. со абдицирањето на големиот водач Алберт Браденбуршки тој го прифаќа Лутеранство за да на крајот стане пруски војвода. Големите водачи со големите витешки имоти се во Германија и пошироко сè до 1980. кога Наполеон I Бонапарт наредил разобразување на Редот кој го губи и својот последен световен посед. Редот продолжува да постои со седиште во Хамбург за време на Првата светска војна, и денеска функционира и работи преку добротворни организации во средна Европа.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Официјална та страна на редот на подрачјето на Чехословачка
- Официјална та страна на редот за Австрија
- Официјална та страна на редот за Германија
- Страна посветена на редот под покровителство на папскиот престол
„Тевтонски витези“ на Ризницата ? |