Премиер на Македонија
(Пренасочено од Премиерот на Република Македонија)
Премиер на Македонија (службено Претседател на Владата на Република Северна Македонија; некогаш скратено на ПВРСМ) — функционер што стои на чело на Владата на Македонија како нејзин претседател. Со Уставот од 1991 година и конституирањето на Македонија како независна држава, во државата се воспостави поинаков принцип на поделба на власта. Како носител на извршната власт беше назначена Владата на Република Македонија, со премиерот на нејзино чело.
- Според Уставот на Македонија, претседателот на владата и министрите ги избира Собранието на Македонија, со мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници (Член 90 од Уставот на РМ).
- Собранието ја бира владата по предлог на мандатарот.
- Мандатарот го добива својот мандат за состав на Владата од страна на Претседателот на Републиката во рок од 10 дена од конституирањето на Собранието и треба да биде од редот на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.
- Претседателот на владата и министрите уживаат имунитет и за нивниот имунитет одлучува Владата.
- Оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата.
- Република Македонија од својата независност во 1991 имала вкупно осум претседатели на Влада
Премиер на Македонија | |
---|---|
![]() | |
Назначувач | Стево Пендаровски Претседател на Македонија |
Мандат | 4 години |
Прв функционер | Никола Кљусев 20 март 1991 |
Создадена | Устав на Македонија 16 април 1991 |
Плата | 88.161 мкд месечно[1] |
Мреж. место | vlada.mk |
Список на премиериУреди
Социјалистичка Република МакедонијаУреди
- Партија
# | Име (Роден–Починал) |
Фотографија | Мандат | Политичка партија | |
---|---|---|---|---|---|
Министер за Македонија 1945 | |||||
1 | Емануел Чучков (1901–1967) |
7 март 1945 | 1945 | КПМ | |
Премиер 1945 - 1953 | |||||
2 | Лазар Колишевски (1914–2001) |
16 април 1945 | 1953 | КПМ (до 1952) СКМ (од 1952) | |
Претседател на Извршниот совет 1953 - 1991 | |||||
2 | Лазар Колишевски (1914–2001) |
1953 | декември 1953 | СКМ | |
3 | Љупчо Арсов (1910–1986) |
декември 1953 | 1961 | СКМ | |
4 | Александар Грличков (1923–1990) |
1961 | 1965 | СКМ | |
5 | Никола Минчев (1915–1997) |
1965 | 1968 | СКМ | |
6 | Ксенте Богоев (1913–2008) |
1968 | март 1974 | СКМ | |
7 | Благоја Попов (1920–1992) |
март 1974 | 29 април 1982 | СКМ | |
8 | Драгољуб Ставрев (1932–2003) |
29 април 1982 | јуни 1986 | СКМ | |
9 | Глигорије Гоговски (1943–2022) |
јуни 1986 | 27 јануари 1991 | СКМ |
МакедонијаУреди
- Партија
СДСМ (до 2016) СДСМ (по 2016) ВМРО-ДПМНЕ независен
- Статус
преодна влада
Временска линијаУреди

НаводиУреди
- ↑ Плати на Претседателот и министрите во Владата на Република Македонија Влада на Република Македонија
- ↑ вршител на должноста претседател на државата