Отвори го главното мени

Македонски парламентарни избори (2011)

Предвремените парламентарни избори во Република Македонија се одржаа на 5 јуни 2011 година.[1] Тие беа втори предвремени парламентарни избори од независноста на Македонија и втори предвремени парламентарни избори во низа. На овие избори првпат македонските државјани во странство избираа свои посебни пратеници (во изборните единици 7, 8 и 9), откако оваа можност беше воведена со измените на Изборниот законик од октомври 2008 година.

Македонски парламентарни избори, 2011
Македонија
2008 ←
5 јуни 2011 → 2014

123 мандати во Собранието
62 места за мнозинство
Регистрирани 1.821.122
Излезност 63.48% 6,42%
  Прва партија Втора партија Трета партија
  Nikola Gruevski Branko Crvenkovski Ali Ahmeti.jpg
Водач Никола Груевски Бранко Црвенковски Али Ахмети
Партија ВМРО-ДПМНЕ СДСМ ДУИ
Водач од 2003 2009
Последни избори 63 мандати 27 мандати 18 мандати
Освоени места 56 42 15
Промена во местата 7 15 3
Добиени гласови 438,138 368.496 115.092
Удел 38.98% 32.78% 10,24%

  Четврта партија Петта партија
  Menduh Tachi.jpg
Водач Мендух Тачи Руфи Османи
Партија ДПА НДП
Последни избори 11 мандати -
Освоени места 8 2
Промена во местата 3 2
Добиени гласови 66.315 29.996
Удел 5,90% 2,67%

MKD Elections 2011.png

     ВМРО-ДПМНЕ      СДСМ      ДУИ      ДПА

Премиер пред изборите

Никола Груевски
ВМРО-ДПМНЕ

Избран за Премиер

Никола Груевски
ВМРО-ДПМНЕ

Билборд на ВМРО-ДПМНЕ во Битола

На изборите победи коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, која по изборите формира нова коалициона влада.

Учесници на изборитеУреди

На изборите се поднесени и прифатени 18 кандидатски листи, сите од политички партии и коалиции. Севкупно, на изборите учествуваат 53 партии. Од нив, 16 настапуваат самостојно, а 37 во коалициите предводени од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.

Изборен денУреди

Гласачко место 1975 во општина Тетово, 10 случаи на семејно гласање при што се искористени 21 гласачко ливче. Гласачко место 0823 во општина Зајас, тројца гласачи гласале без соодветна документација. Гласачко место 0816 општина Зајас, забележано е повеќекратно гласање во име на друг.

РезултатиУреди

Партија/Коалиција Лого Број на гласови % на гласови Пратеници +/- (во споредба со пред распуштањето)
ВМРО-ДПМНЕ, Социјалистичка партија на Македонија, Демократски сојуз, Демократска обнова на Македонија, Демократска партија на Турците на Македонија, Демократска партија на Србите во Македонија, Сојуз на Ромите од Македонија, Обединета партија за еманципација, Партија на правдата, Странка на демократска акција на Македонија, Партија на Власите од Македонија, Партија за интеграција на Ромите, Бошњачка демократска партија, Демократски сили на Ромите, Трајно македонско радикално обединување, Нова либерална партија, Народно движење за Македонија, ВМРО-ДП, ВМРО-Об, Татковинска македонска организација за радикална обнова - Вардар - Егеј - Пирин, Македонска алијанса, ВМРО - Македонска   438.138 38,98 56 7
Социјалдемократски сојуз на Македонија, Нова социјалдемократска партија, Партија за европска иднина, Либерална партија на Македонија, Движење за национално единство на Турците во Македонија, Српска напредна странка во Македонија, Партија за целосна еманципација на Ромите, Нова алтернатива, Сојуз на Титови леви сили, Партија за движење на Турците во Македонија, Демократски сојуз на Србите во Македонија, Демократски сојуз на Власите од Македонија, Партија на слободни демократи, Партија на пензионерите на Република Македонија и Санџачка лига   368.496 32,78 42 18
Демократска унија за интеграција   115.092 10,24 15 3
Демократска партија на Албанците   66.315 5,90 8 3
Национална демократска преродба   29.996 2,67 2 2
Внатрешна македонска револуционерна организација - Народна партија   28.217 2,51 0 0
Нова Демократија   19.958 1,78 0 4
Обединети за Македонија   17.081 1,52 0 0
Либерално-демократска партија   16.551 1,47 0 4
Достоинство   8.837 0,79 0 0
Демократска унија на Албанците   4.517 0,40 0 0
Партија на обединети демократи на Македонија   4.395 0,39 0 0
Социјалдемократска унија   2.270 0,20 0 0
Социјалдемократска партија на Македонија   1.807 0,16 0 0
Демократска десница   1.517 0,13 0 0
Национална демократска унија   470 0,04 0 0
Партија за демократски просперитет   277 0,02 0 0
Европска партија на Македонија   130 0,01 0 0
Вкупен одзив 63,5% 1.124.064 100 123 3

Освоени мандати по политички партииУреди

Иако мандати на изборите добија само 5 политички субјекти (две изборни коалиции и три политички партии), поради големината на коалициите предводени од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, во Собранието на Република Македонија свои пратеници добија 19 партии, а два пратеници влегоа во Собранието како независни. Од 19-те политички партии кои влегоа во Собранието, 11 добија по 1 пратеник.

Распределбата на мандатите по партии е следната:[2]

Партија/коалиција Мандати +/-
Коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕ ВМРО ДПМНЕ 47 6
Социјалистичка партија на Македонија 3
Демократски сојуз 1
Демократска обнова на Македонија 1
Странка на демократска акција на Македонија 1
Демократска партија на Турците на Македонија 1
Демократска партија на Србите во Македонија 1
ВМРО - Македонска 1
Коалиција предводена од СДСМ Социјалдемократски сојуз на Македонија 29 11
Нова социјалдемократска партија 4 1
Партија за европска иднина 3 2
Либерална партија на Македонија 1
Движење за национално единство на Турците во Македонија 1 1
Партија за целосна еманципација на Ромите 1 1
Српска напредна странка во Македонија 1 1
Независни пратеници 2 2
Демократска унија за интеграција Демократска унија за интеграција 14 4
Демократска лига на Бошњаците во Република Македонија 1 1
Демократска партија на Албанците 8 3
Национална демократска преродба 2 2
Вкупно 123 3

Освоени мандати по изборни единициУреди

Партија/коалиција ИЕ 1 ИЕ 2 ИЕ 3 ИЕ 4 ИЕ 5 ИЕ 6 ИЕ 7 ИЕ 8 ИЕ 9 Вкупно
Коалиција ВМРО ДПМНЕ 9 9 12 11 9 3 1 1 1 56
Коалиција СДСМ 8 7 8 9 8 2 0 0 0 42
ДУИ 2 3 0 0 2 8 0 0 0 15
ДПА 1 1 0 0 1 5 0 0 0 8
НДП 0 0 0 0 0 2 0 0 0 2
Вкупно 20 20 20 20 20 20 1 1 1 123

РеакцииУреди

Генералната оценка на некои од невладините организации кои го набљудувале гласањето била дека изборниот процес поминал мирно и демократски. Американскиот амбасадор Филип Рикер и евроамбасадорот Петер Соренсен за време на гласањето изјавиле дека од тоа што можеле да го видат на терен изборите се одвивале во најдобар ред.

Околу 60 граѓани пријавиле нерегуларности за време на изборниот ден до канцеларијата на Народниот правобранител. Најголем дел од поплаките се од граѓани кои не можеле да го најдат избирачкото место, но имало и пријави за притисоци и заплашувања.

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди