Прва влада на Бранко Црвенковски

19. влада на Македонија — прва политичка влада на Република Македонија, избрана на 4 септември 1992, по изгласувањето на недоверба на првата техничка влада. На нејзино чело е избран Бранко Црвенковски. Оваа влада го доврши мандатот на претходната влада и владее до 20 декември 1994.

Прва влада на Бранко Црвенковски
Црвенковски I

19. влада на Македонија
1992-1994
Црвенковски во 1992
Конституирана4 септември 1992
Распуштена20 декември 1994
Организација
ПретседателКиро Глигоров
ПремиерБранко Црвенковски
Статус во собраниеКоалициска влада
Историја
Избори1990
Претходен кабинетКљусев
Следен кабинетЦрвенковски II

Состав на владата

уреди

Составот на Владата од 1992 година е следниот:[1]

Реконструкции на Владата

уреди

На 6 јули 1993 година Ристо Иванов е избран за потпретседател на Владата, на местото на Стево Црвенковски, кој е избран за министер за односи со странство.[2]

Во ноември 1993 година,[3] по две авионски несреќи кои се случија во март 1993 во Охрид и ноември 1993 во Скопје, поднесе оставка министерот за урбанизам, градежништво, сообраќај и екологија Антони Пешев.

Наводи

уреди
  1. Службен весник на РМ, 53/1992.
  2. Службен весник на РМ, 42/1993.
  3. „Груевски не ја прифати оставката на Јанакиески“ Архивирано на 4 март 2016 г., „Вест“, 11.09.2009.