Трета влада на Никола Груевски

10. влада на Македонија — орган на извршната власт во Република Македонија избран по предвремените парламентарни избори одржани на 5 јуни 2011. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила најмногу гласови, а нејзиниот водач Никола Груевски добил мандат за создавање на нова влада од претседателот Ѓорге Иванов. Владата била изгласана во Собранието на Република Македонија на 28 јули 2011.

Трета влада на Никола Груевски
Груевски III
Flag of North Macedonia.svg
10. влада на Македонија
2011-2014
Nikola Gruevski (9797942306) (cropped).jpg
Груевски во 2012
Конституирана28 јули 2011
Распуштена19 јуни 2014
Организација
ПретседателЃорѓе Иванов
ПремиерНикола Груевски
Статус во собраниеКоалициска влада
Историја
Избори2011
Претходен кабинетГруевски II
Следен кабинетГруевски IV
Групен портрет на Владата на РМ

Состав на владатаУреди

Составот на Владата од 2011 година е следниов:[1]

Реконструкција на владатаУреди

Во 2013 година се извршени две реконструкции на влада, во февруари и во мај. На 18 февруари Фатмир Бесими е избран за нов министер без ресор кој ќе биде задолжен за евроинтеграциите на местото на Теута Арифи, а на неговото место, како министер за одбрана дојде Талат Џафери. Тахир Хани стана нов министер за локална самоуправа на местото на Невзат Бејта.[2]

По оваа реконструкција на министри од редовите на ДУИ, во мај беше направена реконструкција на министрите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. На 29 мај Спиро Ристовски, дотогашниот министер за труд и социјална политика е избран за министер за образование и наука на местото на Панче Кралев, а на неговото место, како нов министер за труд и социјална политика е избран Диме Спасов. За нов министер без ресор е избран Џери Наумоф.[3]

НаводиУреди

  1. „Избрана новата Влада на Република Македонија“. Влада на РМ. 28 јули 2011. Посетено на 6 април 2014.
  2. „„Владата реконструирана.Талат Џафери нов министер за одбрана", „Капитал". Архивирано од изворникот на 2013-05-30. Посетено на 2014-04-06.
  3. „Спиро Ристовски, Диме Спасов и Џери Наумоф станаа министри“, „Плусинфо“[мртва врска]

Надворешни врскиУреди