Гордана Сиљановска-Давкова
Гордана Сиљановска-Давкова (родена на 11 мај 1953 година во Охрид) — претседател на Македонија, универзитетски професор, правник.[1] Таа станала претседателка на Македонија откако победила во вториот круг на претседателските избори на 8 мај 2024 година.
![]() ![]() | |
---|---|
![]() | |
6. Претседател на Македонија | |
На должноста | |
Стапил 12 мај 2024 | |
Претходник | Стево Пендаровски |
Пратеничка во Собранието на Македонија | |
На должноста 2020 – 2024 | |
Министер без ресор во Влада на Република Македонија | |
На должноста 1992 – 1994 | |
Претседател | Киро Глигоров |
Премиер | Бранко Црвенковски |
Член на уставната комисија на Собранието на Република Македонија | |
На должноста 1990 – 1992 | |
Лични податоци | |
Роден(а) | 11 мај 1953 Охрид, НР Македонија, ФНРЈ |
Партија | ВМРО-ДПМНЕ |
Деца | 2 |
Установа | Правен факултет „Јустинијан I“ - Скопје |
Професија | правник, професор |
Вероисповед | православен христијанин |
Животопис
Гордана Сиљановска-Давкова е родена на 11 мај 1953 година во Охрид. Основно и средно образование завршила во Скопје (1973). Дипломирала на Правниот факултет во Скопје (1978), каде што и магистрирала. Докторирала пред комисија предводена од проф. Франц Град со cum laude на Правниот факултет во Љубљана, на тема „Local Selfgovernment - between Norms and Reality“ (1994).
Била избрана за асистент по предметот политички систем на Правниот факултет во Скопје (1989), за доцент по уставно право и политички систем (1994), а потоа и за редовен професор (2004). Била член на Уставната комисија на Собранието на Републиката (1990‒1992) и министер во Владата (1992‒1994). Експерт за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем.[2]
На конвенција на ВМРО-ДПМНЕ во Струга, Гордана Силјановска-Давкова била избрана за претседателски кандидат.[3] На парламентарните избори во 2020 година, Силјановска била носител на кандидатскиот список за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Изборна единица 1. Од август 2020 година до 12 мај 2024 година била пратеник во македонското Собрание.
Претседателство
Сиљановска била инаугурирана за претседател на 12 мај 2024 година. При читањето на заклетвата наместо уставното име „Република Северна Македонија“ изговорила „Македонија“. Во знак на протест, амбасадорката на Грција Софија Филипиду го напуштила Собранието.[4]
Претседателката се нашла во центарот на контроверзии поради помилувањата на 10 осудени лица што ги доделила на 21 октомври 2024 година, меѓу кои и на членови на нарко-кланови. Сиљановска-Давкова ги отфрлила обвинувањата, тврдејќи дека не направила никаква грешка и дека помилувањата се во согласност со законот. Комисијата за помилување си поднела колективна оставка.[5]
Наводи
- ↑ „Собрание на Република Северна Македонија - ВМРО-ДПМНЕ“. www.sobranie.mk (англиски). Посетено на 2024-03-05.
- ↑ [https://web.archive.org/web/20190217201107/http://pf.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2018/02/C.V.-GORDANA-SILJANOVSKA-DAVKOVA-2c-2016.pdf Архивирано на 17 февруари 2019 г. Биографија на проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова, официјален портал на Правен факултет „Јустинијан I“ - Скопје]
- ↑ ВМРО-ДПМНЕ ќе ја кандидира Силјановска-Давкова на претседателските избори, Нова Македонија, 16.02.2019
- ↑ ГРЧКАТА АМБАСАДОРКА СИ ЗАМИНА ОД ИНАУГУРАЦИЈАТА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО ЗНАК НА ПРОТЕСТ ОТИ ТАА НЕ РЕЧЕ „СЕВЕРНА“ (2024) од СакамДаКажам
- ↑ „Комисијата за помилување си поднесе колективна оставка“. Радио Слободна Европа. 26 октомври 2024. Посетено на 26 ноември 2024.
Надворешни врски
Повеќе за Гордана Сиљановска-Давкова на збратимените проекти на Википедија | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? |
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Стево Пендаровски |
Претседател на Македонија 2024 – |
Наследник Во служба |