Портал:Архитектура/Избрана градба/2010

Избрани градби во порталот:Архитектура се оние статии поврзани со градби кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни најсодржајни. За една статија да биде избрана најпрвин треба да биде изгласана. Избраната статија опстојува на порталот еден месец.

Предлагачот на статијата треба само да предложи извадок од некоја статија поврзана со шахот на страницата за разговор којашто потоа треба да биде изгласана од корисниците на Википедија.

Гласањето се одвива така што секој може да го даде својот глас или својот коментар, користејќи ги предлошките: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} или {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници се земаат во предвид. Гласањето завршува на последниот ден од месецот во 24 часот.

декември

Московски Кремљ — историски комплекс кој се наоѓа во центарот на Москва, Русија. Самиот комплекс е опкружен од реката Москва од југ, црквата Свети Василиј и Црвениот плоштад на исток, до Александровата градина на запад. Овој кремљ е најпознатата руска тврдина, во чиј состав се наоѓаат четири палати и четири катедрали. Самата тврдина е обиколена од Кремљските ѕидини, на кои пак се поставени дваесет кули.

Самиот назив за Кремљ честопати се користи како метоним на владата на Советскиот Сојуз (1922-1991), бидејќи во тоа време овде се наоѓале работните канцеларии на генералните секретари, премиери, претседатели, министри и комесари. Денес комплексот служи како официјална резиденција на претседателот на Русија. Прочитајте повеќе


ноември

Константинополски ѕидини — одбранбени камени ѕидини во кои се наоѓаат во градот Константинопол (денешен Истанбул, Турција), од неговото основање како престолнина на Источното Римско Царство од страна на Константин Велики. Со бројни додатоци и модификации во текот на историјата, ѕидините биле проследени како еден од најкомплексните и сложени системи некогаш. Големата обнова од 1980-тите, овозможила ѕидините да го добијат автентичниот изглед.

Оригиналните ѕидини биле долги 6 километри и достигнувале висина до 12 метри. Во текот на историјата, претставувале главен проблем на непријателот кој сакал да го освои градот. Но, со појавата и употребата на барутот, ѕидините не издржале и градот паднал во рацете на Османлиите на 29 мај 1453 година. Прочитајте повеќе


октомври

Шпански скали — група на скали во Рим, поставени на стрмниот нагиб меѓу Шпанскиот плоштад на почетокот од скалите и плоштадот Тринита деи Монти со црквата Тринита деи Монти во горниот дел, по завршувањето на скалите. Скалите се најдолги во Европа.

Монументалните скали (точно 138 на број) се дело на малку познатиот архитект, Франческо де Санктис, а биле изградени со парите од тестаментот на францускиот дипломат Стефано Гуфие (20.000 скуди) во периодот од 1723 до 1725 година.

Уште во 18. век, Жозеф де Лалан и Шарл де Брос посочиле дека скалите се во лоша состојба, па оттогаш истите биле обновени неколку пати, а за последен пат во 1995 година. Прочитајте повеќе


септември
Ланчениот мост навечер
Ланчениот мост навечер

Ланчен моствисечки мост кој се протегна на реката Дунав и ги поврзува Будим и Пешта, западната и источната страна на Будимпешта, главниот град на Унгарија. Мостот е првиот постојан премин преку Дунав во Будимпешта, а бил отворен во 1849 година.

Тој е поврзан со плоштадот Рузвелт во Пешта, во близина на палатата Грешам и зградата на Унгарската академија на науките и уметностите. На будимската страна е поврзан со Адам-Кларковиот, во близина на патото кој води кон замокот Будим.

Мостот е наречен по унгарскиот политичар Иштван Сечењи, кој бил најголем поддржувач на изградбата на мостот. За време на неговата изградба, се броел во како светско чудо. Има огромно значење во економијата и секојдневниот живот на земјата. Неговите декорации направени од леано железо, како и неговата конструкција која зрачи со смиреност и достоинство го издигнува мостот во една од најубавите индустриски монументи на Европа. Тој е симбол на напредок, национално будење како и поврзување на истокот со западот. Прочитајте повеќе


август

Султан Ахмедова џамијамуслимански храм во Истанбул. Била изградена од страна на архитектот Седефкар Мехмед Ага по наредба на султанот Ахмед I во периодот меѓу 1609 и 1616 година. Поради своите бои: сина, зелена и бела, од плочка од порцелан, во Европа исто така е позната и како „Сина џамија“.

Џамијата била изградена на местото на царскиот дворец во Константинопол, во близина на Света Софија (во тоа време почитана џамија во Цариград). Големи делови од јужната страна од џамијата се темелат врз основите и сводовите на царскиот дворец во Константинопол.

Џамијата Султан Ахмед е првата џамија во Османлиското Царство, која има 6 минариња. Големината на молитвениот простор е 64 x 72 метри.

Во периодор од 1953 до 1976 година, слика од храмот била прикажана и на банкнотата од 500 турски лири. Прочитајте повеќе

јули
Податотека:100 Schilling Johann Strauss reverse.jpg

Шенбрун — дворец во Виена, еден од најважните културни споменици во Австрија и до 1960 година бил една од најголемите туристички атракции во Виена. Палатата и градините ги илустрираат вкусовите, интересите и аспирациите на сукцесивната Хабсбуршка Mонархија. Денес, дворецот и градините околу него сочинуваат една од вкупно 89. општини во Виена.

Името „Шенбрун“ во буквален превод значи „убав бунар“ и всушност претставува артериски бунар чијашто вода била користена во дворецот.

Како голема туристичка атракција, во дворот на палатата се наоѓа најстарата зоолошка градина во светот.

Во 1996 година, дворецот, заедно со паркот Шенбурн беа вклучени во светското културно наследство на УНЕСКО. Прочитајте повеќе

јуни

Кеопсовата пирамида — најстара и најголема од трите пирамиди во некрополата во Гиза, и е единственото до денес сочувано светско чудо од седумте чуда на античкиот свет. Се смета дека пирамидата била изградена како гробница за кралот на четвртата египетска династија, Куфу (на грчки Кеопс) и се градела во период од 20 години, сè до 2560 г.п.н.е. Кеопсовата пирамида била највисоката градба во светот изградена од човекот повеќе од 3800 г. На почетокот, Кеопсовата пирамида била покриена со камења кои формирале рамна надворешна површина, а денес може да се види основната внатрешна структура. Некои од надворешните камења кои некогаш ја обвивале градбата сè уште можат да се видат околу основата. Прочитајте повеќе


мај

Диоклецијанската палата — палата која се наоѓа во Сплит, Далмација, Хрватска. Објектот е вклучен во списокот на УНЕСКО во 1979 година. Палатата била изградена од страна на Диоклецијан во 3 век. Во времето кога била градена, градот Сплит не ни постоел, туку подоцна градот бил создан со ширење на градбите надвор од палатата. Диоклецијан во оваа палата ги поминал своите последни години на власт, кога абдицирал на 1 мај 305 година.

Палатат е сместена во залив, сместен на јужната страна од сплитскиот полуостров. Оддалечена е на 6,5 km од Салона, главниот град на римската провинција Далмација. Теренот на којшто се наоѓа градбата е благо наклонет кон морето и претставува карактеристичен краски терен со мал број на варовнички гребени, распоредени од исток он запад со лапорек во пресеците меѓу нив. Прочитајте повеќе


април

Базилика на Светиот Гроб — назив за христијанската црква која се наоѓа во стариот дел на Ерусалим за која се смета дека е гробот на Исус Христос. Базиликата се наоѓа на брдото Голгота, местото каде според Новиот завет бил распнат на крст Исус Христос и се верува дека таму било и местото каде што Исус Христос бил погребан (светиот гроб). Црквата е важна дестинација за аџиите уште од 4 век, бидејќи се смета за местото на смртта и воскресението на Исус. Таа се состои од комплекс од различни градби, изградени околу и врз останките на црква која цар Константин I Велики заповедал да биде изградена во 4 век. Денеска, во оваа црква се наоѓа седиштето на грчкиот православен патријарх на Ерусалим, а контролата врз објектот е распределена помеѓу неколку христијански цркви и секуларни ентитети, регулирана со сложени согласности и договори кои се во суштина непроменети со векови. Прочитајте повеќе


март

Ангкор Ват — голем храм кој се наоѓа во Ангкор, Камбоџа. Храмот зазема површина од 2 km2, посветен е на богот Вишну и претставува најголема верска градба во светот. Бил изграден во времето на кралот Сурјаварман II во 12 век. Храмот бил изграден како хиндуистички, но подоцна бил претворен во будистички.

Денес, храмот е симбол на Камбоџа. Дел е од државното знаме на земјата и е најголема туристичка атракција во земјата. Градбата е вклучена во списокот на УНЕСКО.

Името Ангкор Ват, што во превод значи „градски храм“ е во употреба од 16. век. Пред тоа, храмот бил познат со името Преа Писунлок, по посмртната титула на кралот Сурјаварман II. Прочитајте повеќе


февруари

Базиликата Свети Петар — еднo од централните свети места на Pимокатоличката црква. Базиликата Свети Петар е главната зграда во Ватикан и се наоѓа на десната страна на реката Тибар.

Во текот на минатите векови, оваа базилика претрпела многу промени. Првата базилика била изградена околу 326 година по порачка на императорот Константин.

Базиликата се смета за најголемата католичка црква во светот. Објектот зафаќа површина од околу 2,3 хектари. Димензиите на базиликата се со должина од 220 метри, ширина 110 метри и висина 113 метри. По нејзиниот под се обележани и должините на други катедрали по светот, како на пример должината на Св. Павле во Лондон (158 метри), Миланската катедрала (158 метри), Париската (130 метри) итн. Прочитајте повеќе


јануари

Бурџ Халифаоблакодер во Дубаи, Обединети Арапски Емирати и е највисоката градба изградена од човекот досега. Изградбата на објектот започна на 21 септември 2004, а се очекува да биде завршена на 4 јануари 2010.

Вкупниот буџет за проектот Бурџ Калифа изнесува околу 4.1 милијарда $, а за целиот проект „Централен Бурџ Дубаи“, околу 20 милијарди американски долари. Генералниот извршен директор на компанијата Emaar Properties Мохамед Али Алабар соопштил дека цената на еден m2 за канцелариски простор во Бурџ Дубаи достигнала и над 43,000 $, а дека резиденцијата на Армани во Дубаи била продадена за 37,500 $ за еден m2). Прочитајте повеќе


Архива на избрани градби
2011
Кривата кула во Пиза · Камен мост (Скопје)
2010
Бурџ Калифа · Базилика Свети Петар · Ангкор Ват · Базилика на Светиот Гроб · Диоклецијанска палата · Кеопсова пирамида · Шенбрун · Султан Ахмедова џамија · Ланчен мост (Будимпешта) · Шпански скали · Константинополски ѕидини · Московски Кремљ
2009
Версајски дворец · Црква „Света Софија“ Истанбул · Богородична црква (Париз) · Нојшванштајн · Поморски музеј, Осака · Фонтана Треви · Мавзолеј во Халикарнас · Црква „Св. Климент и Пантелејмон“ - Охрид · Хавардски замок · Во-ле-Виконт · Куќа на Робевци · Вестминстерска палата
2008
Ајфелова кула · Ескоријал · Голестански дворец · Забранет град