Ангкор Ват

светилиште и опсерваторија во Камбоџа

Ангкор Ват (кмерски: អង្គរវត្ត) е хиндуистички комплекс храмови во Ангкор, Камбоџа кој бил изграден во чест на кралот Сурјаварман II во 12 век. Комплексот бил наменет за државен храм и бил дел од територијата на главниот град на Кмерското Кралство. Како најдобро сочуван комплекс храмови во регионот, Ангкор Ват е единствениот храм кој е значаен религиски центар уште од самото негово основање па сè до денес. Првично, Ангкор Ват бил хиндуистички храм посветен на богот Вишну, а подоцна станал будистички храм. Храмот е на врвот на развиената класична кмерска архитектура. Храмот станал симбол на Камбоџа, постанувајќи централен елемент на камбоџиското знаме и главна туристичка атракција.

Ангкор Ват
светско наследство на УНЕСКО
T
Критериумi, ii, iii, iv, vi

Ангкор Ват е комбинација на два основни кмерски архитектонски стила. Првиот стил на градба бил храм во вид на планина, а подоцна биле додадени и елементи на галериски храмови, кои се засновале на јужноиндиската архитектура. Самиот храм бил замислен да ја претставува планината Меру, дом на девите од хиндуистичката митологија. Самиот комплекс се наоѓа во шанец опколен со надворешен ѕид долг 3.6 километри. Ѕидовите опколуваат три галерии, секоја повисока од наредната. Во средината на храмот се наоѓа квинкункс од пет кули. За разлика од останатите ангкорски храмови, Ангкор Ват е свртен кон запад и ова довело до одредени дебати за тоа дали има некоја симболика самата местоположба. Ангкор Ват побудува воздишки поради хармонијата на архитектурата, бас-релјефот и многуте духови-чувари распоредени на ѕидовите.

Денешното име Ангкор Ват значи „градски храм“. „Ангкор“ е разговорна форма од кмерскиот збор នគរ (нокор), кој пак доаѓа од санскритскиот збор नगर (нагара) и значи „град“ или „главен град“. „Ват“ е кмерски збор за храм. Претходно, храмот бил познат како Преах Писнулок, име дадено според пост-смртната титула на основачот Сурјаварман II.[1]

Традиција

уреди

Во 11 век, кралот Јасоварман градел бројни системи за наводнување и вештачки езера, кои им овозможиле на селаните три жетви на ориз годишно. Успешното земјоделство довело до појава на вишоци на храна, а кралството на Кмерите се стекнало со големо богатство. Со тоа, земјата станала втора најважна азиска сила по Кина, а Кмерите можеле да градат големи градови и храмови.

Владетелите на Кмерите сметале дека се божествени владетели. Секој крал градел свој храм, кој бил посветен на некое божество. Со тоа кралот станувал поданик на некој бог, со којшто по смртта требал да се соедини. Овој хиндуистички обичај влијаел на кралот Сурјаварман II, кој верувал дека по смртта ќе се соедини со богот Вишну, па поради тоа започнал со изградбата на комплексот на храмови Ангкор Ват како свој династики храм и гробница.

Историја

уреди
 
Фотографија на француската фотографка Емил Жизел од 1866 година

Изградбата ја започнал кралот Сурјаварман II (владеел од 1113 до околу 1150). Храмот е посветен на богот Вишну и е изграден како кралски државен храм.

Со прифаќањето на будизмот во 13 век, храмот станал будистички, со што хиндуистичката традиција престанала да има влијание и принципот на божествени кралеви престанал да постои. По 16 век, храмот бил запуштен, но никогаш не бил напуштен. Поради временските услови и ширењето на џунглите, храмот бил оштетен, но неговите канали му пружале соодветна заштита. Во овој период започнало да се употребува денепното име на храмот, Ангкор Ват, што во превод значи „градски храм“. Претходното име на храмот не е познато.

Од Европејците, прв кој го посетил храмот бил португалскиот монах Антонио де Магдалена во 1586 година.

Во Европа, храмот не бил познат, сè до средината на 19. век, кога францускиот истражувач Анри Муо го открил храмот, патувајќи низ џунглите во Камбоџа. Наскоро, се утврдило дека Ангкор Ват не е единствен храм, туку дел од голем комплекс на храмови, изградени во периодот од 800 до 1200 година на површина од скоро 80 км2. Во својот патопис, Муо го споердува храмот со Соломоновиот храм и смета дека храмот е повеличествен од било кој храм од Стара Грција или Стар Рим.

Во текот на 20. век, храмот претрпел голема обнова. Граѓанската војна во Камбоџа и владеењето на Црвените Кмери ги прекинала обновувачките активности. Храмот станал симбол на Камбоџа и се наоѓа на државното знаме.

Архитектура

уреди
 
Северозападната кула на внатрешната галерија

Комплексот Ангкор Ват е окружен со канали, кои меѓу другото им служеле на работниците за превоз на големите каменин блокови за време на изградбата. Јужниот дел е окружен со воден канал широк 200 и долг 6 m, кој го симболизира праокеанот. Заедно со бројните храмови, тој се вклопува во вселената.

Самиот храм е одраз на кмерската космологија. На врвот од терасата се наоѓаат пет кули, кои се обликувани како лотосови цветови и кои ја симболизираат планината Мехру, домот на боговите. Камениот насип, кој е сместен меѓу двете поранешни библиотеки и церемонијални складишта за вода или вештачки езера, се простира сè до величествениот западен влез. До него се стигнува по влезниот пат, заграден со голем балустер, кој е изграден на широкито камен насип и поминува преку шанец широк 189 m и завршивува до просторот во форма на крст пред влезот. Влезот се состои од три павиљони, при што секој од нив има кула, а низ него се стигнува до двор во кој има галерии во облик на крст со гробници во правец на првата тераса меѓу кулите, кои се наоѓаат во аглите. Галериите со гробници на средната тераса се прекинати со влезните павиљони и трикратните латерални бродови во облик на крст се поврзани со внатрешното светилиште. До средната кула, која е висока 66 m се стигнува по многу стрмни камени столбови.

 
Митолошките танчерки Апсари

Ангкор Ват е изграден од камени коцки, кои потоа биле резбани. Камените коцки биле брусени и биле поставувани една врз друга без оставање на простор. Резбани биле и камените кровови. Тие се во конвексен облик, а на стреата се малку налегнати на спротивната страна. Најголем дел од столбовите се со четириаголни капитоли, кои се проширени за да може безбедно да ја држат масата на архитравот.

Наративните релјефи, кои ги пополнуваат тремовите околу галериите спаѓаат меѓу чудата на Ангкор Ват. Убаво и плитко обработувани, скулптурите кои илустрираат ликови или настани од хиндуистичките епови ја дополнуваат архитектурата на храмот. Многу ѕидови на храмот се украсени со танчерки, наречени Апсари, кои имаат свое обележје и не се меѓусебно слични.

Национално значење

уреди
 
Анкгкор Ват во позадината на националното знаме на Камбоџа

Ангкор Ват, денес е национален симбол, кој ги претставува кмерската култура и камбоџанскиот народ. Неговата слика се наоѓа на многу национални симболи, како што се националното знаме и банкнотата од 500 риели. И за време на владеењето на Црвените Кмери, златна силуета на храмот била дел од знамето на земјата.

Наводи

уреди
  1. „Angkor Vat“. APSARA Authority. 2004. Архивирано од изворникот на 2008-05-06. Посетено на 2008-04-27.

Користена литература

уреди
  • Briggs, Lawrence Robert (1951, reprinted 1999). The Ancient Khmer Empire. White Lotus. ISBN 974-8434-93-1.
  • Buckley, Michael (1998). Vietnam, Cambodia and Laos Handbook. Avalon Travel Publications. Online excerpt The Churning of the Ocean of Milk retrieved 25 July 2005.
  • Freeman, Michael and Jacques, Claude (1999). Ancient Angkor. River Books. ISBN 0-8348-0426-3.
  • Glaize, Maurice (2003 edition of an English translation of the 1993 French fourth edition). The Monuments of the Angkor Group. Retrieved 14 July 2005.
  • Higham, Charles (2001). The Civilization of Angkor. Phoenix. ISBN 1-84212-584-2.
  • Higham, Charles (2003). Early Cultures of Mainland Southeast Asia. Art Media Resources. ISBN 1-58886-028-0.
  • Hing Thoraxy. Achievement of "APSARA": Problems and Resolutions in the Management of the Angkor Area.
  • Ray, Nick (2002). Lonely Planet guide to Cambodia (4th edition). ISBN 1-74059-111-9.
  • University of Applied Sciences Cologne. German Apsara Conservation Project Retrieved 2 May 2010.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди