Портал:Архитектура/Избрана градба/2010/август
Султан Ахмедова џамија — муслимански храм во Истанбул. Била изградена од страна на архитектот Седефкар Мехмед Ага по наредба на султанот Ахмед I во периодот меѓу 1609 и 1616 година. Поради своите бои: сина, зелена и бела, од плочка од порцелан, во Европа исто така е позната и како „Сина џамија“.
Џамијата била изградена на местото на царскиот дворец во Константинопол, во близина на Света Софија (во тоа време почитана џамија во Цариград). Големи делови од јужната страна од џамијата се темелат врз основите и сводовите на царскиот дворец во Константинопол.
Џамијата Султан Ахмед е првата џамија во Османлиското Царство, која има 6 минариња. Големината на молитвениот простор е 64 x 72 метри.
Во периодор од 1953 до 1976 година, слика од храмот била прикажана и на банкнотата од 500 турски лири. Прочитајте повеќе