Знамето на Камбоџа е националното знаме на државата. Знамето е по вторпат усвоено во 1993 после изборите во Камбоџа и враќањето на кралот на властта.


Знаме на Камбоџа
}}
Назив кмерски: ទង់ជាតិកម្ពុជា (Националното знаме на Камбоџа)
Употреба државно и пловно знаме национално знаме и поморско знаме
Сразмер 2:3
Усвоено 1993 (претходно користено во период 1948-1970)
Опис Три хоризонтални ленти во сина и црвена боја со црвената лента во средина и во средината е претставен Ангкор Ват

Знамето е тробојно односно е составено од три хоризонтални ленти во сина црвена и сина боја. Во средината е претставен познатиот Ангкор Ват, стара престолнина на Кмерската Империја. Знамето на Камбоџа низ историјата претрпело многу промени и различни дизајни.

Историски национални знамиња

уреди
Знаме Период Употреба
   1863- март 1945, октомври 1945-1948  Знаме на Камбоџа како француска колонија
  март- октомври 1945 Знаме на краткотрајната држава-марионета на Јапонија
   1948-1970, 1993-денес   Знаме на Кралство Камбоџа
   1970-1975  Знаме на Кмерска Република
   1975-1979  Знаме на Демократска Кампучија
   1979-1989  Знаме на Народна Република Кампучија
   1989-1993  Знаме на Држава Камбоџа
   1992-1993  Знаме на Транзиционален авторитет на Обединетите Нации во Камбоџа

Кралско знаме

уреди
Знаме Период Употреба
  1993- Кралско знаме на Камбоџа.

Поврзано

уреди