Голгота или Калварија — рид во Ерусалим каде што според Библијата е распнат Исус Христос. Овој рид се наоѓал надвор од ѕидините на Ерусалим, но со ширењето ридот бил вклучен во градот. Латинскиот збор Калварија значи „череп“, името е дадено бидејќи ридот поради обликот на камењата потсетува на череп. На ова место се вршени многу погубувања во стариот век.

Црквата на Светата Капела (Црква на Воскресението) е подигната на Голгота во 4. век.

Библиски одлики и етимологија

уреди
 
План на христијанскиот дел на Ерусалим и на Базиликата на Светиот Гроб.

Иако употребата од шестиот век се однесуваала на локацијата како планина[1], додека пак како мал рид од 333 година[2], во евангелијата се именува како местото Голгота. Во своите евангелија, апосотлите Матеј и Марко, значењето на овој збор го објасниле како „место на черепот“.[3][4] Кога Свети Еремија, овие стихови ги превел на латински, тој го употребил латинскиот збор calvariae, кој во превод значи „череп“. Кога Библијата на кралот Џејмс била напишана, преведувачите користеле англиканизирана верзија на името - калварија, збор кој потекнува од зброт calvariae. Локацијата сама по себе се споменува во сите четири канонски евангелија:

Марко
И тие го донесоа на местото наречено Голгота (што значи местото на черепот)
Матеј
И кога тие пристигнаа на местото наречено Голгота (што значи местото на черепот)
Лука
И кога тие пристигнаа на местото кое е наречено Черепот, таму тие го распнаа, и криминалците, еден на десно и еден на лево.
Јован
Така, тие го зедоа Исус, и тој излезе, носејќи го неговиот крст, на местото наречено местото на черепот, што на хебрејски е наречено Голгота.

Различен број на алтернативни објаснувања биле дадени за името:

  • Библискиот глос е видоизменет и вистинскиот арамејски назив за местото бил Гол Го а Та, што значи планина за погубување, најверојатно истото место наречено Гоата споменато во Книгата на Еремија[5] ,
  • Ова било место за јавни погубувања, и името се однесува на напуштените черепи кои можеле да се пронајдат таму[6],
  • Локацијата била во близина на гробишта, и името се однесува на коските погребани во близината. Во некои христијански и еврејски верувања, името се однесувало на черепот на Адам.[1]
  • Физичкиот изглед на местото потсетувало на форма од череп и според тоа било именувано со тоа име.

Традиционална местоположба

уреди

Римскиот цар Константин I Велики изградил базилика на Светиот Гроб околу 326335 година. Според христијанството, гробот на Исус и местото на вистинското распнување на Исус Христос биле откриени од страна на царицата Света Елена, мајка на Константин I Велики, во 325 година. По неколку години откако Елена го опишала Гробот на Исус и тврдела дека го пронашла Вистинскиот Крст, Константин изградил црква околу местото за кое Елена велела дека е гробот на Исус. Во 333 година, аџии од Бордо, влегувајќи во местото од источната страна го опишале вака:

На левата страна е малото брдо Голгота каде Господ беше распнат. Во близина е камен каде било положено неговото тело, и повторно се воздигна на третиот ден. Таму, денес, по наредба на Императорот Константин, изградена е базилика, туку речи црква со извонредна убавина.[7].

Храмот на Афродита

уреди
 
Ерусалим после реконструкцијата на Адријан.

Пред идентификацијата на Елена, ова место било храм на Афродита. Изградбата на Константин зазела поголем дел од претходниот храм, додека манастирот се поклопува со површината која ја опфаќал паганскиот храм. Базиликата која ја изградил врз храмот била уништена во 11 век и сè уште не е обновена. Христијанските верувања сведочат дека ова место сепак било христијанско и дека владетелот Адријан ја зазел површината, ги уништил христијанските сведоштва и го изградил неговиот храм[8]. Има докази дека триесет години пред Адријан да го изгради својот храм, христијаните го именувале местото како Голгота. Мелито од Сардис, свештеник од вториот век, го опишал местото како „во средина на улицата, во средината на градот“[9] што се совпаќа со позицијата на храмот на Адријан.

Надвор од градските ѕидини

уреди
 
Приказ за претпоставката дека Голгота била во градот и дека Ерсуалим лесно би бил напаѓа од непријатели.

Библијата опишува дека Голгота е надвор од градските ѕидови, но традиционално се велело и се вели дека е во срцето на градот, и во рамките на старите градски ѕидови. Христијанската традиција реагирала, тврдејќи дека градот бил многу потесен во Исусово време, што местото тогаш било надвор од ѕидовите. Во 2003 година, професорот Сер Хенри Чедвик (поранешен декан на Христовата Црква, Оксфорд) тврдел дека кога Адријановите ѕидари повторно го испланирале стариот град и тие случајно ја вклучиле Голгота внатре во градските ѕидини.[10]

Сепак, ѕид би имплицирал постоење на одбранбен ров надвор од него, па ѕидот претходно не можел да биде веднаш во непосредна близина до Голгота, кој во комбинација со присуството на светиот Храм ќе го прават градот во внатрешноста на ѕидот прилично тесен. Според овие географски размислувања, а и според тезата дека ако ридот бил во рамките на градот тогаш лесно ќе можел да биде нападнат[11]. Археолошки остатоци на постар ѕид во ридот и околу него не биле пронајдени.

Во 2007 година Ден Бахат професор од Израел потврдил дека шест гроба од првиот век биле пронајдени на местото на Црквата, што автоматски ја потврдува тезата дека Голгота била надвор од градските ѕидини на Стариот Ерусалим[12]. Според други професори, гробовите се карактеристични за првиот век, но истиот начин на погребување се користел и во вториот и третиот век[13].

Карпите од Голгота

уреди
 
Карпата во црквата.
 
Макета на целиот комплекс Голгота.

За време на реставрацијата од 1973 - 1978, внатре во Базиликата на Светиот Гроб се открило дека постоело мал рудник, поточно место каде се ископувало бигор[14]. Денес има остатоци од карпите кои можат да се видат ако се влезе во црквата Света Елена, но тоа се одвива само со дозвола. Внатре во црквата има карпа која е околу 7 метри долга, 3 метри широка и 4.8 метри висока[14]. Денес се верува дека тоа е остаток од карпите на Голгота. Според проценките, оваа црква се наоѓа на горниот дел од Голгота, додека остатокот е позади самата црква. Виргилио Канио Корбо, археолог кој бил присутен за време на реставрацијата, тврди дека ридот ако би се гледал од градот нликувал на череп[15].

За време на реконструкцијата на подот на црквата во 1986 година била откриена мала дупка во карпите со пречник од 11.5 см[16]. Староста на дупката не е позната и можеби датира од времето на паганскиот храм на Адријан. Археологот тврди дека тоа е дупката каде се одвивало распнувањето, односно дупката во која се ставале крстовите[17][18]. Покрај тоа, била пронајдена и пукнатина која одела по површината на карпата па сè до Базиликата[16].

Поклонение

уреди

Кирил Ерусалимски, ран теолог и сведок на Константиновите реформи, зборува за Голгота во осум посебни параграфи[19]: Голгота, светиот рид кој стои високо тука, чува сведоштва: Сбетиот Гроб чува сведоштва и каменот кој денес лежи таму[20]. Покрај ова и многу сведоштва дека имало или има црква изградена од Константин на самата Голгота.

Алтернативни локации за Голгота

уреди

Иако Базиликата на Светиот Гроб е посочувана како местото на гроб на Исус и на Голгота, сепак има и други верувања меѓу историчарите, некои, и се спротивставуваат на оваа теза. Тие тврдат дека оваа теорија нема никакви докази. Додатно на тоа, Протестантите често се спротивставуваат на оваа теорија и велат дека оваа теза е поддржана само од Католичката црква.

На оваа теза се спротивставил и Чарлс Џорџ Гордон кој пак тврдел дека вистинската Голгота се наоѓала надвор од градските ѕидови, исто како и постоечката теорија, но тој пронашол место со две, туку речи, дупки кои наликувале на череп. Тој изјавил дека тоа е вистинското место Голгота.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Mount Calvary“. Catholic Encyclopedia. Vol. III. New York: Robert Appleton Company. 1908 http://www.newadvent.org/cathen/03191a.htm. Отсутно или празно |title= (help)
  2. Catholic Encyclopedia, Golgotha
  3. Голгота (англиски)
  4. Каде бил Голгота Архивирано на 2 април 2007 г. (англиски)
  5. Jeremiah 31:39
  6. Catholic Encyclopedia, Golgotha
  7. Itinerarium Burdigalense, страни 593, 594
  8. Eusebius, Life of Constantine, 3:26
  9. Melito of Sardis, On Easter
  10. Chadwick, H. (2003). The Church in Ancient Society: From Galilee to Gregory the Great. Oxford: Oxford University Press. стр. 21. ISBN 0-199-26577-1.
  11. Colonel Claude R. Conder, The City of Jerusalem (1909), (republished 2004); for details about Conder himself, see Herbert Kitchener, 1st Earl Kitchener#Survey of Western Palestine
  12. Dan Bahat in German television ZDF, 11 април 2007 Архивирано на 10 мај 2011 г.
  13. Rachel Hachlili, (2005) Jewish Funerary Customs, Practices and Rites in the Second Temple Period
  14. 14,0 14,1 Hesemann, Michael (1999). Die Jesus-Tafel. Freiburg. стр. 170. ISBN 3-451-27092-7. (германски)
  15. Hesemann 1999, p.170: "Von der Stadt aus muß er tatsächlich wie eine Schädelkuppe ausgesehen haben," and page 190: a sketch; and page 172: a sketch of the geological findings by C. Katsimbinis, 1976: "der Felsblock ist zu 1/8 unterhalb des Kirchenbodens, verbreitert sich dort auf etwa 6,40 Meter und verläuft weiter in die Tiefe"; and page 192, a sketch by Corbo, 1980: Golgotha is distant 10 meters outside from the southwest corner of the Martyrion-basilica
  16. 16,0 16,1 George Lavas, The Rock of Calvary, published (1996) in The Real and Ideal Jerusalem in Jewish, Christian and Islamic Art (proceedings of the 5th International Seminar in Jewish Art), pages 147-150
  17. Hesemann 1999, pp. 171-172:"....Georg Lavas and ... Theo Mitropoulos, ... cleaned off a thick layer of rubble and building material from one to 45 cm thick which covered the actual limestone. The experts still argue whether this was the work of the architects of Hadrian, who aimed thereby to adapt the rock better to the temple plan, or whether it comes from 7th century cleaning....When the restorers progressed to the lime layer and the actual rock....they found they had removed a circular slot of 11.5 cm diameter".
  18. Vatican-Magazin.com, Vatican 3/2007, page 12; here page 3 photo No. 4, quite right, photo by Paul Badde: der steinere Ring auf dem Golgothafelsen.
  19. „St. Cyril of Jerusalem, page 51, note 313“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-01. Посетено на 2011-10-01.
  20. „Cyril, Catechetical Lectures, year 347, lecture X, page 160, note 1221“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-01. Посетено на 2011-10-01.

Надворешни врски

уреди