Портал:Архитектура/Избрана градба/2010/јуни
Кеопсовата пирамида — најстара и најголема од трите пирамиди во некрополата во Гиза, и е единственото до денес сочувано светско чудо од седумте чуда на античкиот свет. Се смета дека пирамидата била изградена како гробница за кралот на четвртата египетска династија, Куфу (на грчки Кеопс) и се градела во период од 20 години, сè до 2560 г.п.н.е. Кеопсовата пирамида била највисоката градба во светот изградена од човекот повеќе од 3800 г. На почетокот, Кеопсовата пирамида била покриена со камења кои формирале рамна надворешна површина, а денес може да се види основната внатрешна структура. Некои од надворешните камења кои некогаш ја обвивале градбата сè уште можат да се видат околу основата. Прочитајте повеќе