Портал:Архитектура/Избрана градба/2010/март
Ангкор Ват — голем храм кој се наоѓа во Ангкор, Камбоџа. Храмот зазема површина од 2 km2, посветен е на богот Вишну и претставува најголема верска градба во светот. Бил изграден во времето на кралот Сурјаварман II во 12 век. Храмот бил изграден како хиндуистички, но подоцна бил претворен во будистички.
Денес, храмот е симбол на Камбоџа. Дел е од државното знаме на земјата и е најголема туристичка атракција во земјата. Градбата е вклучена во списокот на УНЕСКО.
Името Ангкор Ват, што во превод значи „градски храм“ е во употреба од 16. век. Пред тоа, храмот бил познат со името Преа Писунлок, по посмртната титула на кралот Сурјаварман II. Прочитајте повеќе