Диоклецијанова палата

(Пренасочено од Диоклецијанска палата)

Диоклецијанова палата (хрватски: Dioklecijanova palača) — римска палата во Сплит, Далмација, Хрватска. Објектот е вклучен во списокот на УНЕСКО во 1979 година. Палатата била изградена од страна на Диоклецијан во III век. Во времето кога била градена, градот Сплит не ни постоел, туку подоцна градот бил создан со ширење на градбите надвор од палатата. Диоклецијан во оваа палата ги поминал своите последни години на власт, кога абдицирал на 1 мај 305 година.

Диоклецијанова палата
Dioklecijanova palača
светско наследство на УНЕСКО
Критериумii, iii, iv
Навод97
Запис1979 (3то заседание)

Палатат е сместена во залив, сместен на јужната страна од сплитскиот полуостров. Оддалечена е на 6,5 км од Салона, главниот град на римската провинција Далмација. Теренот на којшто се наоѓа градбата е благо наклонет кон морето и претставува карактеристичен карстен терен со мал број на варовнички гребени, распоредени од исток он запад со лапорец во пресеците меѓу нив.

Историја

уреди

Откако Римјаните го напуштуиле местото, палатата останал празна неколклу векови. Во VII век, околните жители се насалиле покрај ѕидините на палатата, бегајќи од инвазијата на Словените. Оттогаш, палатата била заземена, а луѓето кои се населиле во неа, своите домови ги создале во подрумот од палатата и покрај ѕидините околу неа.[1] Денес, во ѕидините може да се најдат ресторани, продавници, но и куи во приватна сопственост.

По средниот век, палатата била непозната на запад, сè додека шкотскиот неокласичен архитект Роберт Адам со помош на францускиот уметник Шарл Луј Клерисо и уште некоку сликари, не ги истражувал рушевините и не ја издал книгата Рушевините од палатата на иператорот Диоклецијан кај Спалатро во Далмација, издадена во Лондон во 1764 година. Диоклецијановата палата го инспирирала Адам во неговиот нов стил, типичен за неокласичната архитектура[2] и издавањето на цртежи со изгледот на градбата во европската архитектура за првпат. Неколку декади подоцна, во 1782 година, францускиот сликар Луј Франсоа Каса нацртакл цртежи со палатата, кои биле издадени од страна на Жозеф Лавал во 1802 година во хрониките од неговите патувања.[3]

Денес палатата, придружена со сите останатизначќајни историски градби се наоѓа во центарот од градот Сплит. Таа е далеку ненадмината со својата локална важност, поради степенот на нејзина заштита. Палатата е една од најпознатите архитектонски и културни дела на хрватскиот брегот на Јадранското Море. Како целосно сочувана римска палата, нејзиното значење е големо како светско културно наследство.

Архитектура

уреди

Основата на палатате неправилен четириаголник, со кули на западната, северната и источната фасада. Градбата претставува комбинација од луксузни куќи, воен камп и други објекти, кои се наоѓаат во палатата, окружени со големите порти и саат-кули. Палатата е оградена со ѕидини и во времето кога била користена, во неа живееле околу 9000 луѓе. Подземните делови од палатата се изградени со камени сводови на форма на буре.

Само јужната фасада, којашто е свртена директно кон морето, не била утврдена. Деталната архитектонска структура на засводената галерија на горниот кат се разликува од обликот на трите останати фасади. Големата порта во средината на секој од овие ѕидови води до затворен двор. Јужната „приморска“ порта (позната како Porta Aenea) има поедноставен облик во однос на останатите три и се смета дека оригинално била смсилена или за царот да има полесен пристап кон морето или да служи како влез за слугите и добавувачите.

 
Подземјето на палатата

Обликот на палатата потекнува од два стила: стил карактеристичен за вила и стил карактеристичен за каструм. Појавата на овие два стила, исто така е очигледна и во внатрешноста од палатата. Попречниот пат (Декуманис Максимус), источната порта (т.н. „Сребрена порта“ или Porta argentea) и западната порта (т.н. „Железна порта“ или Porta ferrea) го дели комплексот на две половини. Во јужната половина се наоѓаат полуксузните делови, како што се просториите за царот, јавните, приватните и религиозните градби. Царските простории образуваат ред, свртени кон морето и се изградени под темелот, бидејќи поради наклонетиот терен очигледни се разликите во надморската височина. Иако, долги векови не се обрнувало внимание на темелот, односно основата на градбата денес тој е добро заштитен и наведува на оригиналниот облик и распоред на просториите под него.

 
Столбови околу катедралата Свет Доминиј

Големиот двор претставува перистил и е дел од северниот пат кон царските простории. Од него, има пат и кон Диоклецијанскиот мавзолеј на источната страна, каде што денес се наоѓа катедралата Свети Доминиј и до трите храмови на западната страна, од кои два се изгубени, а третиот бил посветен на богот Јупитер, а низ историјата служел и како крстилница. Западно од дворот се наоѓа храмот на Ескулапиј, кој има полуцилиндричен кров направен од рачно гравирани камења, кои не пукнале, сè до 1940-тите, кога биле заменети со олово. Во скоро време, овој храм беше целосно обновен.

Северната половина од палатата, која е поделена на два дела од главната улица, позната како кардо, во правец север-југ и води од Златната порта (Porta aurea) до големиот двор е добро сочувана. Обично се претпоставува дека секој дел бил дел од резиденцијата, во кој живееле војници, слуги и веројатно други дворски намесници. Очигледно е дека и двата дела биле окружени со улици. Во правец на обиколните ѕидови имало и правоаголни градби, коишто најверојатно биле магацини.

Палатата е изградена од бел варовник од околината и висококвалитетен мермер. Најголем дел од мермерот бил донесен од каменоломот за мермер на островот Брач, бил добиен од туфот покрај крајбрежјата на околните реки и од тулите испечени во фабриките во близина на Салона. Некои материјали, кои најмногу послужиле како декорација бил увезени, како што биле египет гранитни столбови и сфинги, посебен мермер за изградба на потпорните ѕидови и некои материјали од островот Проконезос.

Културно наследство

уреди

Во ноември 1979 година, според меѓународната конвенција за културно и природно наследство било предложено вклучување на историскиот дел од градот Сплит како дел од светското културно наследство на УНЕСКО.[4]

Во ноември 2006 година, градскиот совет одлучи да дозволи изградба на дваесетина нови градби во рамките на палатата дваесет градби во палатата, иако местото веќе беше дел од светското културно наследство на УНЕСКО. Се вели дека одлуката била политички мотивирана и со големо влијание на локалните сопственици. Во 2007, јавноста била загрижена и се побунила околу ваквиот проект и победила, спречувајќи го исполнувањето на проектот. Со тоа не биле изградени новите објекти, како продавници и гаражи во палатата.

Светскиот монетарен фонд раководи со проект за заштита на палатата, со кој се предвидени и надгледување на структурната целина и отстранување и обновување на каменот и малтерот. Беше соопштено дека е потребно обновување и средување, вклучувајќи го и расчистувањето на подрумот, кој бил затрупан со бомбардирањата за време на Втората светска војна.

Палатата е претставена на грбот на банкнотата од 500 куни, издадена во 1993 година.[5]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Diocletian's Palace, Croatia Traveller
  2. Hogan, C. Michael, Diocletian's Palace
  3. Voyage pittoresque et historique de l'Istrie et de la Dalmatie rédigé d'après l'Itinéraire de L. F. Cassas par Joseph Lavallée (Paris, 1802)
  4. Diocletian Palace
  5. Croatian National Bank. Features of Kuna Banknotes Архивирано на 6 мај 2009 г. или 500 kuna Архивирано на 4 јуни 2011 г.

Надворешни врски

уреди