Портал:Архитектура/Избрана градба/2010/септември
Ланчен мост — висечки мост кој се протегна на реката Дунав и ги поврзува Будим и Пешта, западната и источната страна на Будимпешта, главниот град на Унгарија. Мостот е првиот постојан премин преку Дунав во Будимпешта, а бил отворен во 1849 година.
Тој е поврзан со плоштадот Рузвелт во Пешта, во близина на палатата Грешам и зградата на Унгарската академија на науките и уметностите. На будимската страна е поврзан со Адам-Кларковиот, во близина на патото кој води кон замокот Будим.
Мостот е наречен по унгарскиот политичар Иштван Сечењи, кој бил најголем поддржувач на изградбата на мостот. За време на неговата изградба, се броел во како светско чудо. Има огромно значење во економијата и секојдневниот живот на земјата. Неговите декорации направени од леано железо, како и неговата конструкција која зрачи со смиреност и достоинство го издигнува мостот во една од најубавите индустриски монументи на Европа. Тој е симбол на напредок, национално будење како и поврзување на истокот со западот. Прочитајте повеќе