Буда (замок)

(Пренасочено од Замок Будим)

Замокот Будим или Буда (унгарски: Budai Vár, турски: Budin Kalesi) е историски комплекс на замок во кој бил сместени унгарските кралеви. Се наоѓа во Будимпешта, Унгарија и бил целосно завршен во 1265 година. Во минатото исто така бил нарекуван е Кралска палата (унгарски: Királyi-palota) како и Кралски замок (унгарски: Királyi Vár).

Будимпешта, вклучувајќи ги двата брега на Дунав, околината на замокот Буда и авенијата Андраши
светско наследство на УНЕСКО
КритериумКултурно: ii, iv
Навод400
Запис1987 (11-то заседение заседание)
Дополнувања2002

Замокот е изграден во јужниот дел на тврдината Хил, веднаш до стариот замок округ (унгарски:Várnegyed), кој е познат по средновековната историја, барок стилот и куќите и јавни згради од 19 век.

Будим замокот е дел од светското наследстсво на Будимпешта[1] од 1987 година.

Историја

уреди

Првата кралска резиденција на тврдината Хил била изградена од страна на кралот Бела IV помеѓу 1247 и 1265 година.[2].

 
Замокот Буда за време на средниот век.

Најстариот дел на денешната палата бил изграден во 14 век од страна на принцот Стефан Андегавенски-Славонски[3], помладиот брат на кралот Лудовик I Анжујски. Готската палата на Лудовик I Анжујски била уредена околу тесна градина која се наоѓала веднаш до Стефановата кула.

Кралот Жигмунд Луксембуршки значително ја зголемил платата. За време на неговото долго владеење најверојатно станала најголемата готска палата во доцниот среден век. Буда исто така бил и важен уметнички центар на Меѓународниот готски стил.

Последната фаза на активности посветена на големата скалеста зграда се случувале под власта на кралот Матијаш Корвин, кога италијански хуманисти, уметници и занаечии пристигнале во Будим. Унгарската столица станала прв центар на ренесансата северно од Алпите.

После Мохачката битка средновековното унгарски кралство пропаднало. На 29 август 1541 Будим повторно бил окупиран од Отоманците. Унгарскиот град станал дел од Отоманското Царство, како и седиште на Будимскиот ејалет.

Новата отоманска влада ја оставила палатата да пропаѓа. Делумно се користела како касарна, место за чување разни работи и штала, меѓутоа најмногу била празна.

Средновековната плата е уништена во големата опсада на Будим во 1686 година, кога Буда бил заземен од сојузните христијански сили. Во тешките артериски бомбардирања многу згради били срешени и запалени.

Во 1715 година кралот Карло VI наредил да се рушат урнатините. За среќа јужните делови, звингерсите и собите биле закопани под тони ѓубре и земја.

Во 1715 мала барокна палата била изградена која е идентична со денешната палата.

Наводи

уреди

Литература

уреди
  • Prohászka László: Budavári szoborkalauz, bp., 1990.
  • György Lörinczy: Die Burg von Buda. Corvina-Verlag, Budapest, 1967, ASIN B0000BSEFG.
  • Zsolt Szaboky u. György Szaraz: Die Burg Buda. Budapest, 1990, ISBN 9631330257.
  • Franz Weller: Die kaiserlichen Burgen und Schlösser in Wort und Bild Aufgrund von Quellenwerken dargestellt Hofburg zu Wien über Augarten, Belvedere, Prater ...Gödöllő, Ischl ...bis über Miramar sind alle kaiserlichen Schlösser erklärt dagelegt. k.k. Hof-Buchdruckerei, Wien (1880), ISBN 0003221717.

Надворешни врски

уреди