Седум светски чуда на античкиот свет

Седумте светски чуда (или Седумте светски чуда на Античкиот Свет) се широко позната список на седум популарни места на класична антика. Листата била воглавно туристички водич за патниците на Античкиот Свет кои сакале да ги видат најпознатите и најатрактивните одредишта.

Седумте светски чуда (од лево кон десно, горе кон долу): Кеопсова пирамида, Семирамидини висечки градини, Храмот на Артемида, Статуата на Зевс во Олимпија, Мавзолејот на Мавзолос, Колосот од Родос и Светилникот во Александрија.

Седумте чуда

уреди

Во листа според хронолошкиот ред на нивната изградба, седумте чуда се:

Чудо Дата Изградено од Уништено Причина
Кеопсова пирамида 2550 BC Египќаните / /
Семирамидини висечки градини 600 BC Вавилонците по 1 век п.н.е. земјотрес
Храмот на Артемида во Ефес 550 п.н.е. Лидиците, Грците 356 BC пожар
Статуата на Зевс во Олимпија 435 п.н.е. Грците 5-6 век пожар
Мавзолејот на Мавзолос во Халикарнас 351 п.н.е. Каријците, Грците до 1494 земјотрес
Колосот од Родос 292-280 п.н.е. Хеленистичка Грција 224 п.н.е. земјотрес
Светилникот во Александрија 3 век п.н.е. Египет 1303-1480 земјотрес