Портал:Архитектура/Избрана градба

Ескоријал — огромна палата, августински манастир, музеј и библиотека кој се наоѓа во Сан Лорензо де Ел Ескоријал, Мадрид, гратче 45 км северозападно од Мадрид во автономната заедница Мадрид, Шпанија.

Палатата е сместена до планината Абантос во рамките на Сиера де Гвадарама. Изградбата на овој монументален комплекс била нарачана од кралот Шпанија за да ја одбележи победата во Св. Квентенската битка во 1557 со војската на францускиот крал Анри II. Комплексот е наменет да служи и како некропола како здомувањето на останките на Филиповите родители, Карлос I и Изабела Португалска, како и своите и оние на неговите потомци. Дворецот служел и место за изучување во полза на Противреформацијата.

Прочитајте повеќе