Хавардскиот замок (англиски: Castle Howard) — достоинственички дом во Северен Јоркшир, Англија, 24 км северно од Јорк. Ова е една од највеличествените приватни резиденции во Британија, во најголем дел изградена помеѓу 1699 и 1712 г. за третиот Ерл од Карлајл, дело на архитектот Џон Ванбру. Ова не е вистински замок: зборот често се употребува за англиските куќи на село изградени по времето на градителството на замоци (~1500) и не е наменет да служи никаква воена функција.

Хавардски замок
Castle Howard
Јужната фасада на Хавардскиот замок
Типдостоинственички дом
СопственикCastle Howard Estate Ltd
Главна знаменитостДом од I класа
Други знаменитостиПејзажирани градини
Јавен пристапда
Изложбада
ЗемјаАнглија
РегионЈоркшир и Хамбер
Координатно полеSE7170
АдресаCastle Howard, York, North Yorkshire
Поштенски бројYO60 7DA
Бифеда
Паркингда
Продавницада
Веб-странаХавардски замок
Координати54°7′17″N 0°54′21″W / 54.12139° СГШ; 0.90583° ЗГД / 54.12139; -0.90583

Хавардскиот замок е дом на дел од семејството Хавард веќе над 300 години. Местото е познато кај гледачите како измислениот „Брајдсхед“ во ТВ адаптацијата на романот на Ивлин Во насловен како „Враќање во Брајдсхед“ и во двочасовната филмска адаптација на истото дело од 2008 г. Денес објектот е член на групата за заштита на кутурното наследство наречена Драгоцени куќи на Англија.

Дворец

уреди

Третиот Ерл од Карлајл прво зборувал со Вилијам Талман, водечки архитект, но се одлучил за Ванбру, со кој членувал во Кит-Кет клубот. Хавардскиот замок бил првото архитектонско дело на овој дилетант, но сепак тој го проектирал со помош на Николас Хоксмур.

Ванбру конструирал барокна градба со две издадени симетрични крила од секоја страна на северно-јужна оска. Централната купола била додадена подоцна, во текот на изградбата. Изградбата започнала на источниот крај, со тоа што источното крило се градело од 1701 до 1703, источниот дел од зградата кон градината од 1701 до 1706, централниот блок (со куполата) од 1703 до 1706, а западниот крај на зградата кон градината од 1707 до 1709 г. Сите делови се разкошно украсени во барокен стил, со коронети, херувими, урни и монограми, со дорски пиластри на западната страна, а коринтски на јужната. Многу од ентериерите биле украсени од Џовани Антонио Пелегрини.

 
Поглед на целосниот проект на Џон Ванбру за Хавардскиот замок од север, објавен во третиот том од „Vitruvius Britannicus“ во 1725. Некои поединости, како на пример западното крило, не биле изградени.

Ерлот потоа го свртел вниманието на околните градини и имотот. Иако целосниот проект прикажан во третиот том на „Vitruvius Britannicus“ од Колен Кемпбел, издаден во 1725 г., западното крило не било изградено (ниту пак почнато) до смртта на Ванбру во 1726 г., и покрај негодувањата на Ерлот. Дворецот останал недовршен и со смртта на третиот Ерл во 1738 г., но изградбата конечно продолжила под раководство на четвртиот Ерл. Меѓутоа планот на Ванбру не бил довршен: западното крило било изградено во спротивставен Паладијански стил според проект на зетот на третиот Ерл, Сер Томас Робинсон., Со смртта на четвртиот Ерл во 1758, новото крило останало недовршено, без кат и покрив; иако подоцна е поставен покрив, внатрешноста останала недекорирана и при смртта на Робинсон во 1777 г. Собите биле довршувани фаза по фаза низ следните декади, но како целина дворецот не бил довршен сè до 1811 г.

Голем дел од дворецот (вклучувајќи ја и куполата) бил уништен во пожар кој избил на 9 ноември 1940.[1] Во текот на следните децении бил обновен најголемиот дел од собите, но за жал не сите. Дворецот е отворен за јавноста од 1952 г.

Градини

уреди
 
Фонтаната и дворецот
 
Храмот на четирите ветрови

Хавардскиот замок има пространи и разнолики градини.[2] Веднаш зад куќата има голема формална градина. Дворецот е сместен на срт и ова било искористено за создавање на пејзажна градина која е во продолжение на формалната градина и се прелева во паркот.

Во овој пејзаж се сместени две поголеми градински објекти: Храмот на четирите ветрови на крајот од градината, и Мавзолејот во паркот. Од обете страни на дворецот има и езеро. Тука има и арборетум наречем Реј Вуд, како и заѕидана градина со украсни розови и цветни градини. Во понатамошните објекти, надвор од зачуваните градини спаѓа руинираната пирамида која е во фаза на реставрација, обелиск и неколку каприци и видоловки во облик на тврдини. Во блиското место Прити Вуд стои украсен столб од Џон Ванбру наречен „Четири лица“ (Quatre Faces).

Во рамките на дворецот има и посебен арборетум од 514,000 м² (127 акри) наречен Кју кај Хавардскиот замок, кој се наоѓа близу домот и градината, но има посебен влез. Засадувањето почнало во 1975 г., со намера да се создаде една од најважните збирки на дрвја-примероци во Обединетото Кралство. Пејзажот е поотворен отколку оној кај Реј Вуд, а насадите се сѐ уште недораснати. Ова е заедничко претприемаштво на Хавардскиот замок и градините во Кју, а го раководи добротворна задолжбина наречена Castle Howard Arboretum Trust, основана во 1997 г. Арборетумот се отворил за јавноста во 1999 г. Во 2006 г. е отворен нов посетителски центар.[3]

Заштитени објекти

уреди

Хавардскиот замок е знаменитост од I Класа, а постојат и многу други знаменитости на имотот, од кои неколку се наоѓаат на списокот на Записникот на градби во ризик.[4]

Хавардскиот замок како место за филмски дела

уреди

Покрај „Враќање во Брајдсхед“, Хавардскиот замок послужил како локација за ред филмски и телевизиски снимања:

Наводи

уреди
  1. Hull Daily Mail (англиски). 11 ноември 1940. стр. 3 https://www1.britishnewspaperarchive.co.uk/viewer/BL/0000324/19401111/026/0003. Посетено на 25 јануари 2021. Отсутно или празно |title= (help)[мртва врска]
  2. Лиувин, Едвард В. „Echoes of Arcadia. Rituals in the Arcadian Landscape of Castle Howard“. Die Gartenkunst. 2004 (1): 73–84. ISSN 0935-0519.
  3. „The Yorkshire Arboretum on the Castle Howard Estate“. Посетено на 25 јануари 2021.
  4. Historic England (26 април 2004). „Castle Howard and East Court (1316030)“. National Heritage List for England. Посетено на 25 јануари 2021. Не се допушта закосување или задебелување во: |website= (help)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди