Планинарски домови во Македонија
Ова е список на планинарски домови во Македонија.
Планинарски домовиУреди
- Планинарски дом „Висока чука“ - Кожуф. Со домот управува: ПД „Миравци“ - Миравци. До домот може да се дојде по маркирана патека за околу 2 часа од с. Петрово. Домот располага со 40 кревети, и со кујна во која може да се припрема јадење. Домот има постојан домар. Можности: Искачувања на Кожуф планина, на врвот Двете уши по маркирана патека за околу 3,5 часа во еден правец.
- Планинарски дом „Вртешка“ - Плачковица. Со домот управува: ДПС „Лисец“ - Штип. Местоположба: околу 35 км од Штип на 1107 мнв, пристап со возило, капацитет 40 кревети, има струја, вода и централно парно од каминот, скоро реновиран. Домот е од отворен тип, работи по претходен договор со домаќините. Можности: искачување на Лисец.
- Планинарски дом „Горна Белица“ - с. Горна Белица. Со домот управува: СД „Пеони“ - Скопје. Местоположба: старо училиште во с. Горна Белица.
- Планинарски дом „Горни Дисан“ - подножје на планината Кожуф. Со домот управува: ДПС „Просек“ - Неготино. Местоположба: старото школо во с. Долни Дисан, капацитет 30 кревети, оддалечен од Неготино 12 км (последните 2 се макадам), се наоѓа на 400 мнв. Можности: Трекинг до домот Драчевица за околу 5ч, прошетка до висорамнината Витачево за околу 2ч во еден правец.
- Планинарски дом „Даре Џамбаз“ - Водно. Управува: ПСД „Бистра“ - Скопје. Местоположба: на 1060 мнв под самиот врв Водно, се стигнува од Скопје по асфалтен пат преку Средно Водно, има 25 кревети. Можности: 2-3 часовен трекинг до Матка, има болдер карпа на неколку минути од домот, параглајдинг.
- Планинарски дом „Дивле“ - Градиштанска Планина. Управува: ПОК „Кумановче“ - Скопје. Местоположба: старото школо во с. Дивле, пристап со приградски автобус од Скопје, капацитет 30 кревети. Можности: искачување до Венец - врвот на Градиштанска планина (1-1,5ч), трекинг до Ѓуриште за 2-2,5ч (манастир и одморалиште), трекинг до Катланово за 2-2,5 ч.
- Планинарски дом „Димитар Илиевски - Мурато“ - Баба. Управува: ПСК „Пелистер“ - Битола. Местоположба: се наоѓа веднаш до Големо езеро на 2218 мнв, може да се дојде со теренско возило до него, користи струја од агрегат. Можности: искачување на врвот Пелистер за околу 2ч, трекинг до пл. дом Неолица преку врвот Муза за 5-6 часа, трекинг до с. Брајчино на Преспанско Езеро за 3-4 ч.
- Планинарски дом „Длабочица“ - Козјак (Кумановски). Управува: ПД „Козјак“ - Куманово. Местоположба: во с. Длабочица, капацитет 12 кревети. Можности: трекинг до пл. дом „Појак Калман“ за околу 3ч.
- Планинарски дом „Драчевица“ - Кожуф (подножје). Управува: ПД „Просек“ - Неготино. Местоположба: старото школо во с. Драчевица, оддалечен 14 км од Демир Капија (половина е макадам), на 600 мнв, капацитет 40 кревети. Можности: Искачување на врвот Двете уши на Кожуф за 5-6 часа во еден правец.
- Планинарски дом „Железна река“ - Челоица. Управува: ПСД „Кораб“ - Скопје. Можности: искачување на врвот Сандакташ на Бистра.
- Планинарски дом „Чеплез“ - Јакупица. Управува: ПСК „Солунска глава“ - Велес. Можности: Искачување на Солунска глава, посета на изворите на Бабуна.
- Планинарски дом „Калабастер“ - градот Демир Капија. Управува: ФПСМ - СКА. Местоположба: во градот на крајот кај пазарот, веднаш до реката Вардар. Има 11 соби по 4 легла, ВЦ и туш внатре. Можности: Искачувања на насоки во месноста Демир Капија.
- Планинарски дом „Караџица“ - Јакупица. Управува: ПД „Драчево“ - Скопје. Можности: искачување на Солунска глава за 4-5ч, трекинг до Салаковски езера за 2-2,5ч, искачување на блискиот врв Мумџица, трекинг до изворот на Кадина река, трекинг до врвот Водно за 8-9ч.
- Планинарски дом „Копанки“ - Баба планина. Управува: ПСК „Пелистер“ - Битола. Местоположба: 30 мин. по планинарска патека од хотел Молика до каде има асфалтен пат, на 1554 мнв. Можности: Искачување на врвот Пелистер, трекинг до Мало и Големо езеро, прошетка до Јоргов камен и Црвени стени.
- Планинарски дом „Љуботен“ - Шар Планина (под врвот Љуботен). Управува: ИГМ „Вратница“ - Вратница. Местоположба: по асфалтен пат од с. Вратница до Старо село и понатаму, потоа шумски пат до самиот дом. Можности: Искачување на врвот Љуботен, почетна точка на Западната трансверзала која завршува во Охрид.
- Планинарски дом „Љуботен“ - Шар Планина (на Попова Шапка). Управува: ПК „Љуботен“ - Тетово. Местоположба: на Попова Шапка (22 км од Тетово) зад Детското одморалиште, капацитет 10 + 2 кревета; струја, вода и тоалет внатре (и топла вода). Можности: Искачување на Титов Врв, Бриставец, трекинг до Лешница, Боговинско и Бело езеро.
- Планинарски дом „Матка“ - кањон меѓу Сува Планина и Ивање. Управува: СД „Пеони“ - Скопје. Местоположба: се наоѓа на 20 км од центарот на Скопје во кањонот на реката Треска над браната „Матка“. Можности: Тука е најголемиот место за искачување во Македонија, има голем број насоки посебно во амфитеатарот (800 КБ), искачување на Сува Планина, трекинг по кањонот на Треска и посета на пештерата „Врело“, трекинг до Водно.
- Планинарски дом „Малотино“ - Козјак (Кумановски). Управува: ПД „Козјак“ - Куманово. Местоположба: старото школо во с. Малотино, капацитет 18 кревети. Можности: Трекинг до неолитската опсерваторијата Кокино.
- Планинарски дом „Мокрени“ - Бабуна. Управува: СПД „Металург“ - Велес. Местоположба: во с. Мокрени на 600 мнв, капацитет 32 кревети, има струја и вода, пристапен од железничка станица Теово за 2 часа по макадамски пат или од Богомила за 3 часа по планинарска патека. Можности: искачување до врвот Биса на планината Бабуна (1600 мнв) по маркирана патека за 3-3,5 часови, трекинг до манастирот во с. Слепче, прошетка до с. Габровник по изохипса по патека целосно во шума за вкупно 7-8 часови, прошетка до манастирот Св. Спас за 30 минути.
- Планинарски дом „Мрежичко“ - Кожуф. Управува: ПД „Орле“ - Кавадарци. Местоположба: поранешна полициска станица во с. Мрежичко, се стигнува од Кавадарци по 37 км долг асфалтен пат, има 35 кревети, има струја и вода внатре. Можности: најчеста тура е со симнување пред селото Мрежичко и потоа преку врвот Васовград се пешачи за околу 5-6 часови до селото, за 15 минути се доаѓа до Темната пештера (внатрешна должина на пештерата околу 150 метри), за половина час може да се посетат водопади на реката Башница.
- Планинарски дом „Неолица“ - Баба планина. Управува: ПД „Ѓорѓи Наумов“ - Битола. Местоположба: на 1440 мнв, 3 часа пешки од с. Буково или за 2 часа од с. Лавци, можен пристап со теренско возило од с. Лавци, капацитет 48 кревети, користи струја од агрегат. Можности: искачување на врвот Неолица, трекинг до Големо езеро за 6-7ч.
- Планинарски дом „Папрадиште“ - Јакупица. Управува: Невлад. организација „Green power“ - Велес. Местоположба: во с. Папрадиште (1000 мнв), капацитет 30 кревети, пристап по асфалтен пат. Можности: Искачување на Солунска глава, посета на изворите на Бабуна.
- Планинарски дом „Плоча“ - месност Плоча. Управува: АК „Плоча“ - Радовиш. Местоположба: блиску до магистралниот пат, се доаѓа со возило до него, две спални со 12 кревети, трпезарија со кујна, ВЦ со купатило, повеќе информации на нивниот вебсајт.
- Планинарски дом „Појак Калман“ - Козјак (Кумановски). Управува: ГПД „Козјак“ - Куманово. Местоположба: старото школо во с. Дејловце, капацитет 22 кревети.
- Планинарски дом „Скочивир“ - Ниџе (подножје). Управува: ПД „18 Август“ - Скопје. Местоположба: се наоѓа во селото Скочивир, поранешна војна караула, домот располага со 40 кревети. Можности: Искачување на Кајмакчалан.
- Планинарски дом „Скопје 63“ - Водно (Средно). Управува: ПД „Скопје 63“ - Скопје. Местоположба: Во месноста Средно Водно над Скопје, приземјето се издава комерцијално на ресторан, а спратот служи за одмор (евентуално и продажба на пијалаци), но нема можности за ноќевање. Можности: Искачување на врвот на Водно (1066 мнв) за 40-50 минути.
- Планинарски дом „Смрека“ - Шар планина. Управува: ПД „Трансверзалец“ - Скопје. Местоположба: во скијачкиот центар Попова Шапка, пристап од Тетово по 20 км асфалтен пат, капацитет 80-90 кревети, има струја, вода и купатила внатре. Можности: Искачување на Титов врв, Бриставец, трекинг до Боговинско езеро, Бело езеро, Лешница.
- Планинарски дом „Средно Водно“ - Водно (Средно). Управува: ЖПК „Работнички-Китка“ - Скопје. Местоположба: во месноста Средно Водно, пристап по асфалтен пат од Скопје, нема можност за ноќевање. Можности: Искачување до врвот на Водно за 40-60 мин.
- Планинарски дом „Старавина“ - Мариово. Управува: ПСД „Медикус“ - Битола. Местоположба: во самото село Старавина, капацитет 15 кревети, има струја, вода и купатило внатре. Можности: Посета на Градешнички извори за околу 2 часа во еден правец, посета на манастир Трново во с. Будимирци за околу 2ч, до Чебренски манастир за 2-3ч, искачување на врвот Кравица на самата граница (на Ниџе источно од Кајмакчалан) за околу 8ч во еден правец.
- Планинарски дом „Тајмиште“ - Бистра. Управува: ЖПК „Работнички-Китка“ - Скопје. Местоположба: се наоѓа на самата жел. станица Тајмиште, пристап по асфалтен пат од Гостивар и пред Маврово се врти лево (оддалечен 100 км од Скопје), капацитет 40 кревети. Можности: Искачување на Сандакташ za 3-4ч.
- Планинарски дом „Црквиште“ - Плачковица. Управува: ДПС „Лисец“ - Штип. Местоположба: Домот се наоѓа на северната страна на Плачковица во близина на врвот Туртел, гледа према Кочани, на 1590 мнв. Моментално има 20 кревети, агрегат на струја. Реконструкцијата е се уште во тек. Можности: Искачување на Туртел и Лисец.
- Планинарски дом „Урсус спелеос“ - Песјак планина (подножје). Управува: ИД „Урсус спелеос“ - Скопје. Местоположба: се наоѓа во с.Слатина, општина М. Брод, 600 мнв. Можности: Посета на 5 пештери и тоа: Слатинско Врело 4000 мнв, Овчарска пештера 400 мнв, Пурало 800 мнв, Слатинска II 80м, Горна Слатинска 400 мнв. Трекинг тури, искачување на Јошков камен (1917 мнв) врв на Песјак планина во времетраење од 4 часа, планинарска тура од с. Слатина - Јошков камен - Добра Вода (2061 мнв) - Челоица - Железна Река (Гостивар).
- Планинарски дом „Џумаја“ - Плачковица. Управува: ПД „Бел камен“ - Радовиш. Местоположба: на 1420 мнв, капацитет 30 кревети, има струја и вода внатре во домот, оддалечен е 21 км од Радовиш (последните 2 км се макадам). Можности: Искачување на Лисец за околу 2ч.
- Планинарски дом „Шара ски“ - Попова Шапка. Управува: ДПС „Шара ски“ - Тетово. Местоположба: Попова Шапка, 20 км од Тетово. Можности: Искачувања на Титов врв и други врвови на Шар планина.
- Планинарски дом „Шарена чешма“ - Беласица. Управува: ПАОК „Ентузијаст“ - Струмица. Местоположба: пристап, капацитет 26 кревети. Можности: Искачување на врвот Тумба (Тромеѓа), посета на Смоларски водопад.
- Планинарски дом „Шарски води“ - Шар планина. Управува: ПД „Бистра“ - Гостивар. Местоположба: поранешна стражарска куќа на ЕСМ, на 1330 мнв, пристап од Гостивар до с. Горно Јеловце 6 км асфалт и уште 7 км по макадамски пат до домот, капацитет 8 кревети, има струја, вода има во дворот. Можности: Искачување на врвот Радика (планина Радика) за околу 5ч во еден правец; Искачување на врвот Лера во подножјето на Кораб (ги дели реката Радика) преку два различни правци, едниот се поминува во еден правец за 4ч а другиот за 3ч; искачување на Говедарник (Зенделбег - Деделбег) за околу 3ч во еден правец; искачување на Будилов гроб (2230 мнв) над изворите на Маздрача за 2-2,5ч; искачување на Рамен камен (1750 мнв) на Шар планина за 2-2,5ч; искачување на Мала Враца за 5-6ч во еден правец.
Други објектиУреди
- „Блаце“ - Скопска Црна Гора. Управува: Извидничко Поречански одред „Јадран“ - Скопје. Можности: Искачувања до врвовите Рамно и Црн Камен.
- Заслон „Исак Русо“ - Јакупица. Местоположба: се наоѓа на Бегово Поле 16 км оддалечен од пл. дом Караџица. Можности: Искачување на Солунска глава, посета на изворот на река Кадина, на Салакови Езера.
- Барака „Калин камен“ - Осоговски планини. Управува: ПД „Руен“ - Кр. Паланка. Местоположба: тоа е општинска барака во месноста Калин камен на патеката према Царев врв од Осоговски манастир, до него се доаѓа по асфалтен пат. Во близина се наоѓа и Ловечка куќа која исто може да се користи за сместување, вкупниот капацитет на двата објекта е 30 кревети. Можности: Искачување на Царев врв и Руен, можен трекинг до Пониква преку Царев врв.
- „Шумска куќа“ - Ниџе. Управува: Шумско стопанство „Кајмакчалан“ - Битола. Местоположба: се наоѓа покрај шумскиот пат кој води од с. Скочивир до самиот врв Кајмакчалан. Можности: Искачување на Кајмакчалан.
- „Шумска куќа“ - Бистра. Управува: ПСД „БИСТРА“ - Кичево. Местоположба: се наоѓа во близина на с. Попоец
- „Засолниште“ - Баба планина. Местоположба: На самиот гребен покрај патеката (на седлото меѓу врвовите Стив и Илинден) од домот Копанки која води право нагоре према гребенот и потоа према врвот Пелистер, опремено е со клупи и маса. Можности: Искачување на Пелистер, трекинг до Мало езеро, Големо езеро.
- „Засолниште“ - Баба планина. Местоположба: блиску до Големо езеро, веднаш до пл. дом „Димитар Илиевски Мурато“. Има клупи и можат да престојуваат двајца планинари. Можности: Искачување на Пелистер, посета на Мало езеро, Големо езеро, трекинг преку врвот Муза до пл. дом Неолица.