Мумџица

планина во Македонија

Мумџица или Алдинска Планина — средновисока планина која се наоѓа во средишниот дел на Македонија, огранка на најголемиот планински масив Мокра.

Мумџица
Алдинска Планина, Мумџиница, Мумџиица, Мумџијца
Поглед на северозападната падина на Мумиџица со познатиот Планинарски дом „Караџица“
Највисока точка
Надм. вис.1606 м [1]
Истакнатост709 м
Друго имеАлдинска Планина, Мумџиница, Мумџиица, Мумџијца
Географија
Мумџица на карта

Карта

МестоМакедонија Македонија
Матичен венецЈакупица
Искачување
Најлесен патсредна тежина на планарење од рибникот на Кадина Река до Планинарски дом „Караџица“, лесно планинарење од ПД Караџица до врвот.

Природни одлики

уреди
 
Поглед на североисточната падина на Мумиџица и селото Алдинци

Мумџица е северна огранка на најголемиот македонски планински масив Мокра (Јакупица). Нејзината највисока точка изнесува 1606 метри надморска височина, а височината на котите на сртот се движат од 1571, 1565 и 1548 метри. Позната е и под имињата Алдинска Планина поради тоа што на неа е сместено единствено селото Алдинци, како и верзиите на името Мумџиница, Мумџиица или Мумџијца. На нејзината северозападна падина е сместен познатиот Планинарски дом „Караџица“. Има речиси меридијански правец на протегање во насока север-југ кој малку се отстапува и отклонува во правец југоисток - северозапад. Започнува од планинскиот јазол под Бегово Поле и врвот Солунска Глава во месностите Јуручица, Демирова Ливада и Здуње и се протега на десната страна во изворишното подрачје и горно течение на Кадина Река сѐ до нејзиното скршнување во источен правец под селото Алдинци. Се одликува со стрмни падини обраснати со густи шуми и зарамнето било кое е покриено со ниски грмушести растени. Бидејќи е пониска од 1700 метри, шумската покривка достигнува до самото било и врв на планината. Богата е со листопадна шума, особено многу честа и стара букова, а во мал дел веднаш над планинарскиот дом Караџица е застапена и густа зимзелена - борова и елова шума. Почвата е од различен вид, претежно црница со големи предели на песоклива почва во делот веднаш над селото Алдинци. Застапени се и многу гранитни карпи.

Во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“, Ѓорче Петров запишал дека Мумџијца не е ништо друго, освен поснижено продолжение на Црн Врв, на којшто го запазува изгледот и карактерот во секој поглед[2]. Таа се разликувала од него и сите околни планини само по богатите пасишта, со коишто таа смело конкурирала со Бистра и Шар[2].

Планинарење

уреди

На падините на Мумџиница минува дел од добро обележаната и позната планинарска патека од трансферзалата „Македон“ која започнува од Богомила и преку врвот Солунска Глава оди сѐ до Драчево и Скопје, односно минува преку целиот планински масив на Мокра Планина или Јакупица. Од рибникот на Кадина Река до планинарскиот дом Караџица има час и половина пешачење по средно тешка патека која минува низ густа букова шума, сред самото село Алдинци и разновидна листопадна шума од јавор, брези, јасики и високи папрати. Од познатиот Планинарски дом „Караџица“ низ убава и густа борова шума за 10 минути пешачење по лесна патека се стигнува до билото и врвот на планината со кота 1571 метар надморска височина. Планинарскиот дом „Караџица“ кој е сместен на северниот крај на западната падина на Мумџица е всушност крстосница на повеќе планинарски патеки кои водат кон Бегово Поле и врвот Солунска Глава на југ, познатите Салаковски езера со врвовите Убава и Миленков Камен на запад, изворите на Кадина Река во месноста Јуручка Карпа на југозапад, селото Цветово и понатму кон Марков Манастир и Водно на север итн.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Топографска карта: лист Скопје 2-4 (Умово), размер 1:25 000, Военогеографски институт, 1973
  2. 2,0 2,1 Петров, Гьорче. Материали по изучванието на Македония. Печатница Вълковъ, София. стр.64