Калин Камен
историско село во Општина Крива Паланка
- За други значења на поимот Калин Камен, видете на појаснителната страница
Калин Камен — историско влашко село на планината Осогово, североисточна Македонија. Се наоѓало на територијата на Општина Крива Паланка и денес месноста лежи во атарот на с. Костур.
Калин Камен | |
Овци на езерце, на местото на некогашното село | |
Координати 42°10′39″N 22°25′42″E / 42.17750° СГШ; 22.42833° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Крива Паланка |
Население | нема жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 1.534 м |
Калин Камен на општинската карта Атарот на Калин Камен во рамките на општината | |
Калин Камен на Ризницата |
Селото се наоѓало под истоимениот врв Калин Камен, во состав на тогашната Кочанска каза.[2] Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Калин Камен имал 600 жители, сите Власи.[3]
Во селото работело романско училиште, каде предавал Гушу Гага од мегленското село Ошин.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Калин Камен нова туристичка атракција на Осоговието“. Премин портал. Посетено на 6 април 2014.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.227.
- ↑ Constantin, Noe (1906). „ANEXA No. 13. Istoricul şcoalelor a trei comune din Meglenia, de scriitorul macedonean C. Noe“. Meglenoromânii. Посетено на 27 јануари 2021.
Надворешни врски
уреди- Калин Камен на Ризницата ?