Планинарски дом „Горна Белица“
планинарски дом во Горна Белица
Планинарски дом „Горна Белица“ — планинарски дом во Македонија, сместен на надморска височина од 1.330 метри, во дримколското село Горна Белица.
Планинарски дом „Горна Белица“ | |
---|---|
Поглед на домот | |
Надм. вис. | 1.330 |
Држава | Македонија |
Најблиска населба | село Горна Белица |
Особености | |
Кревети | 10 |
Местоположба
уредиПланинарскиот дом е сместен во самото село Горна Белица, оддалечено 15 километри од градот Струга и од Охридското Езеро. Од градот Охрид е оддалечено 30 километри.[1]
Опременост
уредиВо минатото, планинарскиот дом бил опремен со 20, додека денес има 10 опремени апартмани и капацитет за 30 лица.[1]
Како стопан на домот се јавува Ламбе Балкоски.[1]
Наводи
уреди- ↑ Отиди кај: 1,0 1,1 1,2 Јачевска, Сања (5 јуни 2018). „Сафари низ дивите беспаќа на Јабланица“. Нова Македонија. Посетено на 5 ноември 2018.
41°13′32.22″N 20°33′27.97″E / 41.2256167° СГШ; 20.5577694° ИГД