Муза (врв)

Планински врв на Баба
Муза
Муса

Поглед кон врвот Муза од север
Висина &100000000000023510000002.351 м
Место Македонија Македонија
ВенецБаба (планина)
Прво освојувањенепознато
Најлесна патекаЛавци - пл. дом „Неолица“ - врв Орлово Селдо (Неолица) - врв Скрково

Муза (познат и како Муса) — планински врв на планината Баба, во рамки на националниот парк Пелистер во југозападниот-западниот дел на Македонија. Неговата надморска височина изнесува 2.351 метри и се наоѓа југозападно од селото Злокуќани и градот Битола на 21° 15' игд и 40° 57' сгш[1]. Се наоѓа главниот срт на протегање во средишниот дел на планината Баба, а од него се одделува планинската огранка која што се протегнува од врвот Муза на главниот срт кон североисток и север сè до над самиот град Битола и рамината на Пелагонија, и која што од десната страна ја заградува стрмната долина на реката Сапунчица. Врвот има тап и зарамнет облик на највисокиот дел, a погледнат од Преспа, долината на Сапунчица (Нижеполе), Пелагонија или Скрково има доста висок и грамаден изглед. Веднаш под него на неговата западна падина кон Преспа минува трасата на т.н. „Француски пат“ изграден во Првата светска војна, од кога има и разрушен воен објек веднаш на северната падина под врвот. Од самиот врв се отвора прекрасна глетка кон Преспанското Езеро и целиот срт на протегање на планината Баба со соседните врвови Бојаџиев Врв на југ, Голема Грива и Пелистер кон север, шумовитите предели на источните падини на Баба и Кајмакчалан во далечината.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Петрушевски, Илија (2012). Попис на врвовите во Република Македонија. Тетово: Хартија Комерц. стр. 34.