Планинарски дом „Даре Џамбаз“
„Даре Џамбаз“ — планинарски дом на десетина метри под врвот Крстовар на планината Водно над Скопје. Од планинарскиот дом се гледа целата панорама на градот Скопје, Скопската Котлина, Шар Планина и Скопска Црна Гора. Домот е оддалечен од градот 1-2 часа пешачење. До него може да се пристигне по повеќе пешачки патеки кои доаѓаат од Скопје и водат кон домот. Некои од патеките се обележани. До домот води и асфалтен пат од градот Скопје преку кој може да се пристигне со моторни возила до самиот врв Крстовар, сообраќајот е регулиран со временски ограничувања.[1] Домот го носи името на Даре Џамбаз — еден од основоположниците на планинарството во Македонија.
Историјат
уредиДомот почнал да се гради 1950 година од страна на Планинарскиот сојуз на Македонија, од цврст материјал, камен и вар. Предаден е во употреба 1952 година[2]. Домот кој е на КП бр.1 место наречено Голема Стена на К.О. Горно Соње, е сопственост на Федерацијата на планинарските спортови на Македонија (или поранешниот Планинарски сојуз на Македонија) врз основа на правосилна пресуда на Општинскиот суд Скопје 1. Домот е изграден во текот на 1955 година. Во самата пресуда е утврдено дека со Планинарскиот дом од 1963 година до денес управува Планинарското друштво „Бистра“ Скопје[3].
Опис на домот
уредиДомот има приземје, кат и подрумски простории. Покриен е со поцинкуван лим. Подрумските простории не се користат за планинарски цели. На приземјето има голема просторија која може да прими околу 70-100 лица, просторија за пресвлекување на посетителите, една просторија во која се чуваат разни материјали потребни за кујната и една кујна во која главно се подготвува чај, по потреба во неа може да се подготвуваат и јадења. На катот се наоѓа една просторија во која се сместени околу 22 кревети а има место да се постават и јоги душеци за поголем број на корисници. Покрај оваа просторија има уште две помали кои се користат за помошни работи. Домот има електрично осветлување и вода во кујната. Тоалет има надвор од домот.
За планинарите домот е отворен од петок навечер до недела навечер, кога дежураат членови од Планинарското друштво „Бистра“ кое и управува со домот. Инаку има постојан чувар кој може да обезбеди пристап во домот и сместување по потреба.
Можни излети
уреди- Планинарски дом „Матка“ — одејќи по сртот на планината Водно (2-3 часа)
- Пуста Брезница (6 часа)
- Планинарскиот дом „Китка“ (4-5 часа)
- Планинарски дом „Караџица“ (6-7 часа)
Поврзано
уреди- Крстовар — врвот на Водно
- Милениумски крст — знаменитост на врвот
- Средно Водно — излетничко место и поранешно село
- Долно Водно
- Водно — скопска населба
Галерија на слики
уреди-
Асфалтен пат до врвот Крстовар на Водно
-
Комуникациска кула на Водно
-
Милениумски крст на Водно
-
Панорамски поглед на Скопје од Крстовар
-
Поглед кон Соње од Крстовар
-
Карпест приод до планинарскиот дом
-
Табла со натпис за надморската височина на домот
Наводи
уреди- ↑ Водич по планинарските домови во Македонија, д-р Владо Стаменков, Скопје, 1987
- ↑ „Викендов планирајте го за активности на снег - ова се омилените места на скопјани (ФОТО)“. skopjeinfo.mk. Посетено на 2017-10-08.
- ↑ „За нас“. ПСК Бистра. Архивирано од изворникот на 2017-05-06. Посетено на 2017-10-08.