Бегово Полекарстно поле на планинскиот масив Јакупица на северната страна од врвот Солунска Глава.

Поглед кон Бегово Поле од Солунска Глава

Полете се наоѓа на надморска висина од околу 2000 метри. Долго е околу 1,5 км, a широко околу 500 до 1000 м, со благ пад накај запад. Низ него тече мало поточе кое формира неколку езерца и локви, па потоа понира во најниската точка. На крајот на полето видлива е длабока јама која е полна со снег. Се верува дека водата која понира на Бегово поле, извира од другата страна на Солунска Глава, во изворите на Бабуна.

Од 2000 г. се вршени повеќе спелеолошки истражувања во карстниот регион околу Солиунска Глава. Се верува дека под врвот има огромни резервоари за вода, што се поистоветува со старото локално име за масивот „Мокра Планина“.[1][2]

На Бегово поле летно време функционираат неколку бачила, и се користи како високо пасиште за овци и коњи. Од 2007 година, планинарското друштво КПС „Македон“ организира традиционална забава на Бегово Поле во претпоследниот викенд во јуни.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Спелео нуркачи од Белгија и Македонија истражуваа кај Бабуна“. Форум. Посетено на 14 септември 2010.
  2. „Јакупица има вода за третина Македонија“. Dnevnik. Архивирано од изворникот на 2011-09-28. Посетено на 14 септември 2010.