Планинарски дом „Смрека“
Планинарски дом „Смрека“ — планинарски дом и смесртувачки капацитет кој е сместен во Скијачкиот центар на Попова Шапка на 1800 м.н.в. во централниот дел на најголемиот планински масив во Македонија, Шар Планина. До него се стигнува преку добар 20-километарски асфалтен пат од градот Тетово. Со домот управува планинарското друштво „Трансверзалец“ од Скопје.
Сместување
уредиВкупниот капацитет на домот е 102 кревета, од кои 95 се регуларни кревети а 7 помошни. Креветите се распоредени во 15 соби од кои 6 се четворо-креветни со бања, а останатите соби имаат заеднички бањи (една бања на секои три соби). Домот е отворен преку целата година, во него работи бифе со ресторан со 98 места, диско клуб – пинг-понг сала, перална, ТВ сала. Домот се затоплува со централно греење. Покрај, планинари, скијачи, алпинисти и спортисти, во домот често се сместени и престојуваат поголеми групи на студенти кои одржуваат семинари и научни истражувачи.
Планинарење, прошетки и активности
уредиОд домот постојат голем број на обележани (маркирани) планинарски и велосипедски патеки кои освен до Четирите централни и највисоки шарски врвови - Титов Врв (2748 м.), Мал Турчин (2702), Бакардан (2071), Плат (2398 м.) и долината на Лешница со изворите на реките Пена и Смрека, можни се и планинарски тури по цела Средна Шара кон врвовите Трапезица, Џинибег, Бориславец, Боговињско, Бело и Црно Езеро. Посебно препознатлива е обележаната планинарска патека наречена „Вргањ“ која движејќи се кон Јелак и Плат минува низ густи прашумски предели во кои има изобилство на печурки - вргањ и шумски плодови. Од паркингот пред домот започнува и патеката за планинскиот-велосипедски маратон „Шарски Води“ во долижина од 90 км.
Галерија
уреди-
Трпезаријата во домот
-
Соба во домот
-
Трпезаријата во домот