Скијалиште, наречено и скијачки центар, скијачко средиште, ― одморалиште развиено за скијање, скијање на даска и други зимски спортови. Во Европа, повеќето скијалишта се гратчиња или села во или во непосредна близина на скијачка област - планинска област со скијачки патеки и жичници. Во Северна Америка, почесто е скијачките области да постојат далеку од градовите, така што скијачките одморалишта обично се одредишта, често наменски изградени и самостојни, каде што скијањето е главната активност.

Скијалишта во светот по земја.

МестаУреди

 
Карта на скијалишта ширум светот (интерактивна карта).

Скијалиштата се наоѓаат и на северната и на јужната полутопка на сите континенти освен Антарктикот. Тие обично се наоѓаат на планини, бидејќи бараат голема падина. Тие исто така треба да имаат најмалку 50 см снег (освен ако одморалиштето користи суви скијачки патеки).

Високи концентрации на скијалишта се наоѓаат на Алпите, Скандинавија, западна и источна Северна Америка и Јапонија. Има и скијалишта на Андите, расфрлани низ Средна Азија и во Австралија и Нов Зеланд.

Крајни места на незатворени (најмалку една жичница надвор) скијалишта:

  • Најсеверното скијалиште е во близина на Тромсе, Норвешка.
  • Најјужното скијалиште е во близина на Ушуаја, Аргентина.
  • Скијалиштето најблиску до екваторот од север е во близина на Лиџијанг, НР Кина.
  • Скијалиштето најблиску до екваторот од југ е во близина на Махласела, Лесото.

ВидовиУреди

 
Скијачко одморалиште Мзаар Кфардебијан во Либан.

Скијачката индустрија ги има идентификувано напредните генерации на скијалишта:[1][2]

Прва генерација
Развиено околу добро воспоставено летно одморалиште или село (на пр. Давос, Сент Мориц, Кицбил, Шамони, Межев, Вал Гардена).
Втора генерација
Создадени од нетуристичко село или пасиште (на пр. Сент Антон, Лех, Куршевел, Л'алп д'Уез, Аспен, Брекенриџ).
Трета генерација или интегрирана
Дизајниран од нула на нечепната територија за да биде наменски изграденп скијалиште, сите удобности и услуги во близина (на пр. Сестриер, Флен, Ла Плањ, Изола 2000).
Четврта генерација или селски одморалишта
Создаден од нечепната територија или околу постоечко село, но повеќе се занимава со традиционални намени (на пр. одморалишта изградени од 1975 година како што е планинското одморалиште Шахдаг, Азербејџан).

Поимот скијачка станица исто така се користи, особено во Европа, за скијачка градба кој не се наоѓа во или во близина на град или село. Скијалиште кое исто така е отворено за летни активности често се нарекува планинско одморалиште.

ГалеријаУреди

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Heller, Mark F., editor (1979) The Skier's Encyclopedia Paddington Press ISBN 9780448224282 pg 15–18, 140–145, 157–159
  2. R. Knaffou (1978) Les Stations intégrées de sports d'hiver dans les Alpes françaises, Paris: Masson ISBN 9782225494123