Астрономско тело

природно физичко тело од значајна големина, маса и улога во вселената
(Пренасочено од Небесно тело)

Астрономско тело — природен физички ентитет, група и склоп во вселената.[1] Поимот „астрономски објект“ напати се среќава како синоним на „астрономско тело“. Астрономското тело е поединечен целовит ентитет кој е целовит поради силата на гравитацијата (и понекогаш електромагнетизмот). Вакви примери се астероидите, месечините, планетите и ѕвездите. Астрономските тела се гравитациски сврзани ентитети што имаат дадена положба во просторот, но може да бидат составени од повеќе независни астрономски тела или тела. Овие тела можат да бидат поединечни планети, ѕвездени јата, маглини или цели галаксии. Кометата може да се нарече тело поради тоа што има замрзнато јадро од мраз и прашина, или да се нарече објект кога мислиме цврстиот дел заедно со дифузната кома и опашката. Во потесна смисла, поимите „астрономски објект“ и „астрономско тело“ се разликуваат од поимите „небесен објект“ и „небесно тело“ само по тоа што во второспоменатите не спаѓа Земјата.[2] Во поширока смисла пак, овие поими може да се сметаат за синоними, и многу извори не ја прават оваа разлика бидејќи ја сметаат Земјата за небесно тело.[3][4][5]

Модел на Сончевиот Систем со Сонцето, внатрешните планети, астероидниот појас, надворешните планети и комета
Уметнички приказ на еден квазар

Вселената има хиерархиски состав. Во поголем размер, основен дел на составот претставува галаксијата, која е составена од џуџести галаксии. Галаксиите се групираат во групи и јата, честопати во поголеми суперјата кои се протегаат долж големи нишки помеѓу празнини, образувајќи мрежа што ја опфаќа метагалаксијата.[6] Галаксиите и џуџестите галаксии имаат различни морфологии, и облиците зависат од нивното образување и развојна историја, вклучувајќи заемодејства со други галаксии.[7] Зависно од нејзината категорија, галаксијата може да има едно или повеќеѕѕ карактеристични елементи како спирални краци, ореол и јадро. Највеќето галаксии во јадрото имаат супермасивна црна дупка, што може да предизвика активно галактичко јадро. Галаксиите имаат и свои придружници во обик на џуџести галаксии и збиени јата.

Составните делови на галаксијата се образуваат од гасовита материја што се насобира по пат на гравитациско самопривлекување, и тоа на хиерархиски начин. Вака добиените основни делови се ѕвездите, кои пак се насобрани во јата од разните маглини што се згуснуваат.[8] Големата разноликост на ѕвездените облици се должи на разликите во масата, составот и развојниот степен на ѕвездата. Ѕвездите се среќаваат и во повеќеѕвездени системи што се вртат еден околу друг по хиерархиски систем. Од протопланетарни дискови што ги опкружуваат новосоздадените ѕвезди може да се образува планетарен систем со придружни елементи како астероиди, комети и отпаден материјал по пат на хиерархиско натрупување.

Астрономски тела

уреди

На табелава се наведени општите категории на тела по место и состав.

Сончев Систем тела вон Сончевиот Систем
Прости тела Сложени тела Просторни тела

Астрономските тела како мотив во уметноста

уреди

Астрономските тела како мотив во книжевноста

уреди

Астрономските тела како мотив во популарната музика

уреди
  • „Ѕвезда спуштена“ - песна на македонската група „Баклава“ од 2008 година.[29]
  • „1000 ѕвезди“ (1000 stars) - песна на британската рок-група „Биг кантри“ (Big Country) од 1983 година.[30]
  • Голема ѕвезда“ (Big Star) - американска поп-група.[31]
  • „Паѓаат ѕвезди“ (Padaju zvijezde) - песна на југословенската рок-група „Бјело Дугме“ (Bijelo Dugme) од 1984 година.[32]
  • „Најубавата ѕвезда“ (The prettiest star) - песна на англискиот поп-рок музичар Дејвид Боуви од 1973 година.[33]
  • „Црна ѕвезда“ (Blackstar) - песна од истоимениот албум на англискиот пејач Дејвид Боуви (David Bowie) од 2016 година.[34]
  • „Ѕвезди“ (Stars) - песна на американската пејачка Лиса Германо (Lisa Germano).[35]
  • „Малата ѕвезда од Витлеем“ (Little star of Bethlehem) - песна на германската рок-група „Кен“ (Can) од 1968 година.[36]
  • „Моите ѕвезди“ (My Stars) - песна на американскиот рок-пејач Алис Купер (Alice Cooper) од 1972 година.[37]
  • „Убавата ѕвезда од Витлеем“ (Beautiful star of Bethlehem) - песна на пејачката Пати Лавлес (Patty Loveless).[38]
  • „Сите сме направени од ѕвезди“ (We Are All Made of Stars) - песна на американскиот музичар Моби (Moby).[39]
  • „Страв од црна планета“ (Fear Of A Black Planet) - песна на американската рап-група „Паблик енеми“ (Public Enemy) од 1990 година.[40]
  • „Црна планета“ (Black Planet) - песна на британската рок-група „Систерс оф мерси“ (The Sisters Of Mercy) од 1985 година.[41]
  • „Ѕвездо ѕвездо“ (Star Star) - песна на британската рок-група „Ролинг Стоунс“ од 1973 година.[42]
  • „Ѕвездена сила“ (Star Power) - песна на американската рок-група „Соник Јут“ (Sonic Youth) од 1986 година.[43]
  • „Броење ѕвезди“ (Counting Stars) - песна на групата „Уан Рипаблик“ (One Republic).[44]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Работна група за астрономски назнаки од Комисијата 5 на МАУ (април 2008). „Именување на астрономските тела“. Меѓународен астрономски сојуз. Посетено на 4 јули 2010.
  2. „Celestial Body“. Universe Today. Посетено на 19 мај 2010.
  3. „Гравитација и тежина на различни небесни тела“. Greater Waco Christian Home Educators. Посетено на 20 март 2011.
  4. „Речник на астрономски поими - дефиниција за атмосфера“. Планетариум „Мејнард Ф. Џордан“. Посетено на 20 март 2011.
  5. „Решение B5 - Дефиниција за планета во Сончевиот Систем“ (PDF). Меѓународен астрономски сојуз. Посетено на 20 март 2011.
  6. Smolin, Lee (1998). The life of the cosmos. Oxford University Press US. стр. 35. ISBN 0195126645.
  7. Buta, Ronald James; Corwin, Harold G.; Odewahn, Stephen C. (2007). The de Vaucouleurs atlas of galaxies. Cambridge University Press. стр. 301. ISBN 0521820480.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  8. Elmegreen, Bruce G. (2010). „The nature and nurture of star clusters“. Star clusters: basic galactic building blocks throughout time and space, Proceedings of the International Astronomical Union, IAU Symposium. 266. стр. 3–13. Bibcode:2010IAUS..266....3E. doi:10.1017/S1743921309990809.
  9. Иво Андрић, Ex Ponto - Немири - Лирика. Београд: Просвета, 1977, стр. 150.
  10. Николина Андова, Влезот е од другата страна, Темплум, Скопје, 2013.
  11. „Андре Бретон (био-библиографски летопис)“, во: Андре Бретон, Рајот не е наполно загубен. Скопје: Култура, 1989, стр. 103.
  12. Alphonse Daudet, Pisma iz mog mlina. Zagreb: Znanje, 1986, стр. 49-55.
  13. Јован Дучић, Сабрана дела II, Песме љубави и смрти. Београд: Народна просвета (без дата), стр. 42-43.
  14. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 58.
  15. Italo Kalvino, Nove kosmikomike. Beograd: Rad, 1999, стр. 26-35.
  16. Антoлогија на бразилскиот расказ, Три, Скопје, 2012, стр. 278-279.
  17. „Белешка о писцу“, во: Милорад Павић, Кутија за писање. Београд: Народна библиотека Србије, 2012, стр. 121.
  18. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 70.
  19. Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 31.
  20. Владислав Петковић-Дис, Песме. Београд: Рад, 1960, стр. 46-51.
  21. Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 161.
  22. 22,0 22,1 „Izabrana bibliografija Jaroslava Sajferta“ во: Jaroslav Sajfert, Stub kuge. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 93-94.
  23. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 50-51.
  24. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 234.
  25. Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 22.
  26. Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 271.
  27. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 133.
  28. Бруно Шулц, Митизација на реалноста. Скопје: Бегемот, 2015, стр. 36-64.
  29. Baklava, Kalemar, SJF Records 124, 2008.
  30. YouTube, Big Country - 1000 Stars (пристапено на 8.2.2017)
  31. All Music, Big Star (посетено на 7.2.2016)
  32. YouTube, Bijelo Dugme - Padaju Zvijezde (пристапено на 31.1.2019)
  33. DISCOGS, David Bowie ‎– Aladdin Sane (пристапено на 18.4.2020)
  34. YouTube, David Bowie- Blackstar (Full album) (пристапено на 29.5.2017)
  35. YouTube, Lisa Germano - Stars (пристапено на 24.12.2016)
  36. YouTube, Little Star of Bethlehem - CAN (пристапено на 12.11.2016)
  37. YouTube, Alice Cooper - My Stars by Paul Smith (пристапено на 19.2.2018)
  38. YouTube, Patty Loveless - Beautiful Star Of Bethlehem (пристапено на 12.11.2016)
  39. YouTube, Moby 'We Are All Made of Stars' - Official video (пристапено на 17.1.2020)
  40. DISCOGS, Public Enemy ‎– Fear Of A Black Planet (пристапено на 25.8.2019)
  41. DISCOGS, The Sisters Of Mercy ‎– First And Last And Always (пристапено на 22.9.2019)
  42. YouTube, The Rolling Stones Star Star (пристапено на 7.3.2018)
  43. DISCOGS, Sonic Youth ‎– Evol (пристапено на 26.7.2019)
  44. YouTube, One Republic - Counting Stars (пристапено на 31.1.2019)

Надворешни врски

уреди