Атонски астероиди

(Пренасочено од Атонски астероид)

Атонски астероидидинамична група на астероиди чии орбити ги носат близу до Земјата. По дефиниција, Атоните се астероиди кои ја пресекуваат орбитата на Земјата (a < 1.0 ае и Q > 0.983 ае).[1] Групата е именувана споре астероидот 2062 Атон, првиот од тој вид, забележан за првпат од американскиот астроном Елеонор Хелин при Паломарската опсерваторија на 7 јануари 1976 година. Оттогаш, се откриени повеќе од 1.300 Атони, од кои многу се класифицирани како потенцијално опасни тела.[2][3]

Атонската група споредена со орбитите на земјовидните планети во Сончевиот Систем.
      Марс (Ма)
      Венера (В)
      Меркур (Ме)
      Сонце
      Атонски астероиди
      Земја (З)

Опис

уреди

Атонските астероиди се дефинирани по тоа што поседуваат голема полуоска (a) помала од 1 астрономска единица (ае), просечното растојание меѓу Земјата и Сонцето. Тие исто така имаат афел (Q, најголемото растојание од Сонцето) поголем од 0,983 ае.[1] Со што станува збор за астероид кој ја пресекува орбитата на Земјата, бидејќи орбитата на Земјата се движи меѓу 0,983 и 1,017 ае.

Орбитите на астероидите се доста занесени. Орбитата на Атонските астероиди целосно треба да биде во орбитата на Земјата, како што сите познати Атони имаат афел поголем од 1 ае иако нивните големи полуоски се помали од 1 ае. Набљудувањето на телата долни во однос на Земјината орбитае тешко и оваа потешкотија можно е да е причина за пристрасноста при изборот е очигледното преовладување на занесеноста на Атоните. Атоните се 7,4% од познатите близуземски астероиди.[3] Попознати и во поголем број се Аполонските астероиди, ова најверојатно се должи на пристрасноста при изборот.

Најкусата голема полуоска на познат Атонски астероид е онаа на 2016 XK24 од 0,580 ае.[2] Атонски Астероид со најмал познат перихел е оној со најголемата позната занесеност, односно (137924) 2000 BD19 кој има занесување од 0,895, што би значело перихел од 0,092 ае, што е многу во внатрешноста на орбитата на Меркур, до афел од 1,66 ае. За кусо време кон крајот на 2004 година, астероидот 99942 Апофис (тогаш познат по привремената ознака 2004 MN4) за кој се претпоставуваше дека претставува закана за Земјата во 2029 година, но со понатамошни набљудувања е отфрлена можноста од судир со Земјата. Постоеше исто така мала можност за судир во 2036 година но и за таа се покажа дека е невозможна.[4]

Атири

уреди

Постојат и 18 познати Атирски астероиди (познати и по имато Апохели),[3][5] и традиционално се сметаат за подгрупа на Атоните, од страна на Центарот за мали планети,[2] но честопати се сметаат за посебна група.[1] За разлика од Атоните (Q > 0,983 ае), Атирите постојано остануваат во внатрешноста на Земјината орбита и не ја минуваат (Q < 0,983 AU).[1]

Дефиниција на НЕО подгрупи во ае[1]
Група q a = 1 Q ЕКА
Амори > 1.017 поголемо  Н
Аполони < 1.017 поголемо  Д
Атони помало > 0.983  Д
Атири помало < 0.983  Н
За сите НЕО q е < 1,3 ае; Орбитата на Земјата се движи меѓу 0,983 и 1,017 ае

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „NEO Basics“. NASA/JPL CNEOS. Посетено на 17 May 2018.
  2. 2,0 2,1 2,2 „List Of Aten Minor Planets (by perihelion distance)“. Minor Planet Center. 17 May 2017. Посетено на 17 May 2017.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Discovery Statistics – Cumulative Totals“. NASA/JPL CNEOS. 16 May 2018. Посетено на 17 May 2018.
  4. „99942 Apophis (2004 MN4) Earth Impact Risk Summary“. NASA. Архивирано од изворникот на 2013-05-11.
  5. „JPL Small-Body Database Search Engine: Q < 0.983 (AU)“. JPL Solar System Dynamics. Посетено на 17 May 2018.

Надворешни врски

уреди