Поп-музика

(Пренасочено од Поп музика)

Поп-музиката, во зависност од контекстот, се користи или како скратена форма за популарна музика или како поим за нејзин поджанр. Општо земено, поп-музиката содржи едноставни мелодии со певливи рефрени. Поп-песните често имаат „кука“, една или повеќе музички идеи повторувани за да го привлечат („закачат“) вниманието на слушателот. Кука може да биде било кој дел од песната и може да претставува музичка мелодија, ритам, вокал или како што е често случајот, мешавина од сите нив. Поп-музиката е обично лесна за слушање за било којшто е културно наклонет да земе учество во неа, дури и за музичкиот новајлија. Поп-музиката се смета за најкомерцијализиран вид на музика.

Поп-музика
Стилско потекло: ритам и блуз, џез, американски фолк, doo-wop, музика за танцување, класична музика, рокенрол
Културно потекло: 1950-ти, Велика Британија и САД
Својствени инструменти: вокал, електрична гитара, бас, тапани, клавијатура, акустична гитара, клавир, синтисајзер, драм-машина, секвенцер, семплер
Популарен: светска популарност
Регионални сцени
J-POP (Јапонија), K-POP (Јужна Кореја)
„Оксфордскиот речник на музиката“ наведува дека терминот „поп“ се однесува на музика изведена од уметници како што се Ролинг Стоунс.

Светски поп

уреди

Македонски поп

уреди

Продуценти на македонска поп-музика

уреди

Поп-музиката како тема во уметноста

уреди
  • „Господинот Когито и попот“ — песна на полскиот поет Збигњев Херберт.[2]
  • „Ова е поп“ (англиски: This Is Pop) — песна на американската рок-група XTC од 1978 година.[3]

Наводи

уреди
  1. „The Vamps (British band)“. Wikipedia (англиски). 2020-05-31.
  2. Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 122-124.
  3. XTC – White Music (пристапено на 15.12.2023)