Црно џуџе е хипотетична ѕвезда, која настанува откако белото џуџе ќе се излади доволно за да не може да емитува светлина и топлина. Но бидејќи времето кое е потребно едно бело џуџе да се изладе доволно за да од него настане црно џуџе е подолго од моменталната старост на вселената, 13,7 милијарди години, во вселената сѐ уште не постојат црни џуџиња. Масата која ќе остани после ладењето на белото џуџе евентуално ќе премине во црно џуџе. Доколку би постоеле црни џуџиња, би било доста тешко да се откријат, бидејќи според дефиницијата тие би емитувале многу мало количество радијациа. Според една теорија црните џуџиња би можело да се откријат преку нивното гравитациско влијание.

Црното џуџе би било практично невидливо бидејќи не испушта светлина.

Бидејќи подалечната еволуција на белите џуџиња зависи од многу физички прашања, како што е природата на темната материја и можноста и степенот на распаѓање на протоните, за што се знае многу малку, не е познато точно колку долго ќе му треба на едно бело џуџе да се излади доволно за да премине во црно џуџе.

Терминот црно џуџе исто така им се препишува на ѕвездени објекти кои немаат доволно маса, околу 0,08 сончеви маси, за да бидат сметани за ѕвезди. Овие објекти денес се нарекуваат кафеави џуџиња, термин создаден во 70-тите гидини на минатиот век. Црните џуџиња не се исто што и црните дупки и неутронските ѕвезди.

Поврзано уреди

Наводи уреди