Џуџеста ѕвезда
Поимот џуџеста ѕвезда се однесува на низа засебни класи на ѕвезди.
- „Џуџеста ѕвезда“, кога стои само по себе, се однесува на било која ѕвезда од главната низа (сјајносна класа V).
- „Црвено џуџе“ е ѕвезда од главната низа со мала маса.
- „Жолто џуџе“ е ѕвезда од главната низа со маса слична на Сонцето. Така, Сонцето е пример за жолто џуџе.
- „Сино џуџе“ е ѕвезда со мала маса се претпоставува дека е облик на црвено џуџе по главната низа.
- „Бело џуџе“ е ѕвезда што се состои од електронски изродена материја - последна фаза од еволуцијата на ѕвездите што немаат доволно маса за да претрпат супернова од типот II (помалку од 9 сончеви маси).
- „Црно џуџе“ е бело џуџе што е оладено до тој степен што повеќе не оддава видлива светлина.
- „Кафеаво џуџе“ е подѕвездено тело кое нема доволно маса за да го врзе водородот во хелиум (помалку од 0,08 сончеви маси).