Неправилна галаксија
Неправилна галаксија — галаксија која нема особен правилен облик, за разлика од спиралната или елиптичната галаксија.[1] Облиците им се необични и затоа не спаѓаат во ниедна класа од Хабловата низа. Често имаат хаотичен изглед, и немаат ниту јадрена испакнатина, ниту трага од некаква структура на спирални краци.[2] Се смета дека вакви се речиси една четвртина од галаксиите во вселената. Највеќето од нив некогаш биле спирални или елиптични, но се изобличиле поради влечните гравитациски сили. Неправилните галаксии може да содржат изобилство[3] amounts од гас и прашина. Ова не мора да важи за џуџестите неправилни галаксии.[4]
Хабловата типологија има определено два главни вида на неправилни галаксии:[5]
- An Irr-I galaxy (Irr I) — неправилна галаксии со извесен степен на структура, но не доволно јасна за да може да спаѓа во некоја класа. Според францускиот астроном Жерар де Вокулер, ова се галаксии од поттип кој имаат некаква спирална структура (Sm), а оние кои немаат никаква ги означува со Im.
- An Irr-II galaxy (Irr II) — неправилна галаксија што нема никаква препознатлива структура што може да се поврзе со некоја класа.
Трет вид на неправилна галаксија е џуџестата, која се означува со dI или dIrrs.[6] Овој тип денес се смета дека е важен за осознавањето на целокупнатаеволуција на галаксиите. Бидејќи се одликува со низок степен на металичност и релативн голем удел на гас, се смета дека е слична на најпрвобитните галаксии во вселената. Може да претставуваат месна (и затоа понова) варијанта на бледосината галаксија утврдена во иследувањата на длабокото небо.
Некои неправилни галаксии се мали спирални галаксии кои се изобличени поради гравитациските сили на поголема сосена галаксија.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Butz, Stephen D. (2002). Science of Earth Systems. Cengage Learning. p. 107. ISBN 978-0-7668-3391-3.
- ↑ Morgan, W. W. & Mayall, N. U. (1957). "A Spectral Classification of Galaxies." Publications of the Astronomical Society of the Pacific. 69 (409): 291–303.
- ↑ Faulkes Telescope Educational Guide - Galaxies - Irregulars
- ↑ Walter, F. et al Astophys J 661, 102 - 114, 2007
- ↑ Gallagher, J. S. & Hunter, D. A. (1984). "Structure and Evolution of Irregular Galaxies." Annual Review of Astronomy and Astrophysics. 22: 37-74. doi:10.1146/annurev.aa.22.090184.000345
- ↑ Grebel, Eva K. (2004). The evolutionary history of Local Group irregular galaxies. in McWilliam, Andrew; Rauch, Michael (eds) Origin and evolution of the elements. Cambridge University Press. p. 234-254. ISBN 978-0-521-75578-8.
Надворешни врски
уреди- Неправилна галаксија — Енциклопедија Британика (англиски)