Бариумска ѕвезда
Бариумска ѕвезди ― спектрални ѕвезди од класата G до K чии спектри укажуваат на прекумерно изобилство на s-постапни елементи со присуство на поединечно јонизиран бариум, Ba II, на λ 455,4 nm. Бариумските ѕвезди, исто така, покажуваат подобрени спектрални одлики на јаглеродот, појасите на молекулите CH, CN и C<sub id="mwEA">2</sub>. Класата првично била препознаена и дефинирана од Вилијам П. Биделман и Филип Кинан.[1] Првично, по нивното откритие, било сметано дека тие се црвени џинови, но истиот хемиски знак е забележан и кај ѕвездите од главната низа.[2][3] .
Набљудувачките студии за нивната радијална брзина наведуваат дека сите бариумски ѕвезди се двојни ѕвезди.[4][5][6][7][8] Набљудувањата во ултравиолетовите со помош на Меѓународниот ултравиолетов истражувач откриле бели џуџиња во некои системи на бариумови ѕвезди.[9][10]
Се верува дека бариумовите ѕвезди се резултат на пренос на маса во двоен ѕвезден систем. Пренесувањето на масата се случило кога сега забележаната џиновска ѕвезда била на главната низа. Нејзиниот придружник, ѕвездата дарител, била јаглеродна ѕвезда на асимптотската гранка на џинови, и имала произведено јаглеродни и s-постапни елементи во нејзината внатрешност. Овие производи од јадрена фузија биле измешани со конвекција до неговата површина. Некои од таа материја ги „загадиле“ површинските слоеви на ѕвездата од главната низа бидејќи ѕвездата дарител ја изгубила масата на крајот од нејзината еволуција асимптотската гранка на џинови, а потоа еволуирала и станала бело џуџе. Овие системи се набљудуваат во неодредено време по настанот на пренос на маса, кога ѕвездата-дарител долго време е бело џуџе.[11][12] Во зависност од почетните својства на двојниот систем, загадената ѕвезда може да биде најдена во различни еволутивни фази.[13]
За време на нејзината еволуција, бариумската ѕвезда понекогаш ќе биде поголема и поладна од границите на спектралните видови G или K. Кога тоа ќе се случи, вообичаено таквата ѕвезда е спектрален вид M, но нејзините ексцеси на s-постапката може да предизвикаат да ја покаже својата изменетиот состав како друга спектрална особеност. Додека температурата на површината на ѕвездата е во режим на М-вид, ѕвездата може да покаже молекуларни одлики на лентите на елементот s-постапен циркониум, циркониум оксид (ZrO). Кога тоа ќе се случи, ѕвездата ќе се појави како „надворешна“ S ѕвезда.
Историски гледано, бариумските ѕвезди претставуваат загатка, бидејќи во стандардната теорија за ѕвездената еволуција, џиновите G и K не се доволно далеку во нивната еволуција за да синтетизираат јаглеродни и s-постапни елементи и да ги измешаат на нивните површини. Откривањето на двојната природа на ѕвездите ја разреши загатката, ставајќи го изворот на нивните спектрални особености во придружна ѕвезда која требаше да произведе таков материјал. Се верува дека епизодата на пренос на маса е прилично кратка во астрономски временски размери.
Прототипните бариумски ѕвезди вклучуваат зета Јарец, HR 774 и HR 4474.
Ѕвездите CH се ѕвезди од Населението II со слична еволутивна состојба, спектрални особености и орбитална статистика, и се верува дека се постари, сиромашни со метал аналози на бариумските ѕвезди.[14]
Наводи
уреди- ↑ Bidelman, W. P.; Keenan, P. C. (1951), „The BA II Stars“, Astrophysical Journal, 114: 473, Bibcode:1951ApJ...114..473B, doi:10.1086/145488
- ↑ Porto de Mello, G. F.; da Silva, L. (20 февруари 1997). „HR 6094: A Young Solar-Type, Solar-Metallicity Barium Dwarf Star“. The Astrophysical Journal. 476 (2): L89–L92. Bibcode:1997ApJ...476L..89P. doi:10.1086/310504. ISSN 0004-637X.
- ↑ North, Pierre; Jorissen, Alain; Mayor, Michel (2000). „Binarity among Barium Dwarfs and CH Subgiants: Will They Become Barium Giants?“. Symposium - International Astronomical Union. 177: 269–275. doi:10.1017/s0074180900002497. ISSN 0074-1809.
- ↑ McClure, R. D.; Fletcher, J. M.; Nemec, J. M. (1980), „The binary nature of the barium stars“, Astrophysical Journal Letters, 238: L35, Bibcode:1980ApJ...238L..35M, doi:10.1086/183252
- ↑ McClure, R. D.; Woodsworth, A. W. (1990), „The binary nature of the barium and CH stars. III – Orbital parameters“, Astrophysical Journal, 352: 709, Bibcode:1990ApJ...352..709M, doi:10.1086/168573
- ↑ Jorissen, A.; Mayor, M. (1988), „Radial velocity monitoring of a sample of barium and S stars using CORAVEL – Towards an evolutionary link between barium and S stars?“, Astronomy and Astrophysics, 198: 187, Bibcode:1988A&A...198..187J
- ↑ Jorissen, A.; Boffin, H.M.J.; Karinkuzhi, D.; Van Eck, S.; Escorza, A.; Shetye, S.; Van Winckel, H. (2019-05-30). „Barium and related stars and their white-dwarf companions. I. Giant stars“. Astronomy & Astrophysics. 626: A127. arXiv:1904.03975. Bibcode:2019A&A...626A.127J. doi:10.1051/0004-6361/201834630. ISSN 0004-6361.
- ↑ Escorza, A.; Karinkuzhi, D.; Jorissen, A.; Siess, L.; Van Winckel, H.; Pourbaix, D.; Johnston, C.; Miszalski, B.; Oomen, G-M. (2019-04-22). „Barium and related stars, and their white-dwarf companions. II. Main-sequence and subgiant stars“. Astronomy & Astrophysics. 626: A128. arXiv:1904.04095. Bibcode:2019A&A...626A.128E. doi:10.1051/0004-6361/201935390. ISSN 0004-6361.
- ↑ Dominy, J. F.; Lambert, D. L. (јули 1983). „Do all barium stars have a white dwarf companion?“. The Astrophysical Journal. 270: 180. Bibcode:1983ApJ...270..180D. doi:10.1086/161109. ISSN 0004-637X.
- ↑ Gray, R. O.; McGahee, C. E.; Griffin, R. E. M.; Corbally, C. J. (4 април 2011). „First Direct Evidence That Barium Dwarfs Have White Dwarf Companions“. The Astronomical Journal. 141 (5): 160. Bibcode:2011AJ....141..160G. doi:10.1088/0004-6256/141/5/160. ISSN 0004-6256.
- ↑ McClure, R. D. (1985), „The carbon and related stars“, Journal of the Royal Astronomical Society of Canada, 79: 277, Bibcode:1985JRASC..79..277M
- ↑ Boffin, H. M. J.; Jorissen, A. (1988), „Can a barium star be produced by wind accretion in a detached binary?“, Astronomy and Astrophysics, 205: 155, Bibcode:1988A&A...205..155B
- ↑ Escorza, A.; Boffin, H. M. J.; Jorissen, A.; Van Eck, S.; Siess, L.; Van Winckel, H.; Karinkuzhi, D.; Shetye, S.; Pourbaix, D. (декември 2017). „Hertzsprung-Russell diagram and mass distribution of barium stars“. Astronomy & Astrophysics. 608: A100. arXiv:1710.02029. Bibcode:2017A&A...608A.100E. doi:10.1051/0004-6361/201731832. ISSN 0004-6361.
- ↑ McClure, R. D. (1984), „The barium stars“, Publications of the Astronomical Society of the Pacific, 96: 117, Bibcode:1984PASP...96..117M, doi:10.1086/131310