Ерида (џуџеста планета)

Ерида (136199 Ерида, симбол: ⯰)[16] — најмасивната и втора по големина џуџеста планета[а 7] во Сончевиот Систем. Станува збор за деветтото најмасивно тело за кое се знае дека е во орбита околу Сонцето.[а 7] Измерено е дека пречникот изнесува 2326±12 км.[8] Ерида е 27% помасивна од џуџестата планета Плутон, иако Плутон има малку поголема зафатнина.[17] Масата на Ерида е околу 0,27% од масата на Земјата.[10][18]

Ерида Астрономски симбол за Ерида
Ерида (центар) и Дисномија (лево од центарот), снимена Хабл
Ерида (центар) и Дисномија (лево од центарот).
Хабл.
Откривање
Откривач
Откриено5 јануари 2005 година[2][а 1]
Ознаки
ЦМП-ознака136199 Ерида
Изговор[а 2]
Наречена по
Ерида
2003 UB313[3]
Орбитални особености[3]
Епоха 9 декември 2014
(ЈД 2.457.000,5)
Афел
  • 97,651 ае
  • 14,602⋅109 км
Перихел
  • 37,911 ае
  • 5,723⋅109 км
  • 67,781 ае
  • 10,166⋅109 км
Занесеност0,44068
  • 203.830 дена
  • 558,04 а
3,4338 км/с
204,16 °
Наклон44,0445 °
35,9531 °
150,977 °
Познати сателитиДисномија
Физички особености
Среден полупречник
1.163 ± 6 км[8][9]
(1,70 ± 0,02)⋅107 км2[а 3]
Зафатнина(6,59 ± 0,10)⋅109 км3[а 3]
Маса
Средна густина
2,52 ± 0,07 г/см3[а 4]
0,82 ± 0,02 м/с2
0,083 ± 0,002 g[а 5]
4.364±0.01 км/с[а 5]
25,9 ± 0,5 ч[11]
Албедо0,96+0,09
−0,04
[8]
Површинска темп. најм сред најг
(approx) 30 K 42.5 K 55 K
Спектрален тип
B−V=0,78, V−R=0,45[12]
18,7[13]
−1,17+0,06
−0,11
[а 6]
40 милиарксек[15]

Ерида била откриена во 2005 година од страна на екипата во Паломарската опсерваторија, под водство на Мајк Браун, и нејзиното откривање било потврдено подоцна истата година. Станува збор за заднептунско тело со големо занесување познати како припадници на Расеаниот Диск. Има една позната месечина, Дисномија. Од 2014 година е на растојание од 96,4 ае од Сонцето,[13] приближно околу трипати подалеку од Плутон. Со исклучокот на некои комети, Ерида и Дисномија се моментално вторите најдалечно познати природни тела во Сончевиот Систем (по откривањето на V774104 во ноември 2015 година, тело на растојание од 103 ае.[19]).[20][а 8]

Бидејќи Ерида одпрвин изгледала поголема од Плутон, НАСА првично ја опишала како десеттата планета во Сончевиот Систем. Ова, како и шансите за откривање на други тела со слична големина, предизвикале Меѓународниот астрономски сојуз (МАС) за првпат да го дефинира поимот планета. Па така според дефиницијата на МАС донесена на 24 август 2006 година, Ерида е „џуџеста планета“, заедно со телата како што се Плутон, Церера, Хаумеја и Макемаке,[23] со што се намалил бројот на 8 познати планети во Сонечвиот систем, истиот број пред откривањето на Плутон во 1930 година. Набљудувањата на ѕвездените прикривања на Ерида во 2010 година дале резултат дека пречникот изнесува 2326±12 км, сличен на Плутон.[24][25] Откако вселенското летало Нови Хоризонти го измери пречникот на Плутон во јули 2015 година и истиот изнесувал 2372±4 км. па се утврдило дека Ерида има малку помал пречник од Плутон.[26]

Историја

уреди

Откривање

уреди
 
Анимација на која е прикажано движењето на Ерида на снимките кои се употребени за нејзиното откривање. Местоположбата на Ерида е прикажана со стрелка. Трите слики се снимени во период од три часа.

Ерида е откриена од странна на екипата на Мајкл Браун, Чед Трухиљо и Дејвид Рабиновиц[2] на 5 јануари 2005 година, од сликите снимени на 21 октомври 2003 година. Откривањето било потврдено на 29 јули 2005 година, во истиот ден кога е потврдено откривањето наМакемаке и два дена подоцна од откривањето на Хаумеја,[27] делумно поради случувањата кои подоцна прераснале во скандал поврзан со Хаумеја. Потрагата од страна на екипата систематски се одвивала неколку години како потрага по големи заднептунски тела во Сончевиот Систем и биле вклучени во откривањето и на други поголеми заднептунци, како што се 50000 Квавар, 90482 Орк и 90377 Седна.

Постојаните набљудувања на екипата биле собрани на 21 октомври 2003 година, користејќи го Шмидовиот телескоп „Семјуел Ошин“ во Паломарската опсерваторија во Калифорнија, но снимката на Ерида не била откриена во тој момент поради нејзиното бавно движење преку небесниот свод: автоматскиот пребарувач на слики на екипата ги отфрлал сите тела кои се движеле со брзина помала од 1,5 арксекунди на час за да го намалат бројот на лажни резултати . Кога била откриена Седна, таа се движела со брзина од 1,75 арксекунди на час, и поради тоа екипата ги препроверила нивните стари податоци со помала граница на аголното движење, пребарувајќи низ претходно отфрлените слики. Во јануари 2005 година, тие го забележале спорото движење на Ерида меѓу позадинските ѕвезди.

Последователни набљудувања биле извршени за да се направи првична проценка на орбитата на Ерида, што овозможило да се процени растојанието до телото. Екипата планирала да го одложи потврдувањето на своите откритија на Ерида и Макемаке сè додека додека не биле извршени понатамошни набљудувања и пресметки, но го потврдиле постоењето на двете тела на 29 јули, кога било објавено откритието на уште едон големо заднептунско тело следено од нивна страна, односно Хаумеја, тело за кое бил поврзан скандал поради откривањето од друга екипа на 27 јули во Шпанија.[2]

Повеќето набљудувања објавени во октомври 2005 година покажале дека Ерида има месечина подоцна наречена Дисномија. Набљудувањата на орбитата на Дисномија им овозможила на научниците да ја определат масата на Ерида, чија вредност во 2007 изнесувала (1,66 ± 0,02)⋅1022 кг,[10] 27 ± 2 % поголема од таа на Плутон.

 
Атинска слика од Ерида, ц. 550 пне
 

Ерида е именувана според Ерида старогрчката божица на раздорот и кавгите.[28] Името било доделено на 13 септември 2006 година по невообичаено долгиот период во кој телото било познато под привремената ознака 2003 UB313, која била доделена веднаш од страна на МАС според нивните протоколи за именување на мали планети. Придавката од Ерида е Еридски.

Зина

уреди

Поради несигурнста дали новооткриеното тело ќе биде класифицирано како планета или мала планета, поради различните процедури за именување на овие различни видови на тела,[29] одлуката за именување на телото морала да почека одлуката на МАС на 24 август 2006 година.[30] Како резултат, во еден период телото било понато меѓу пошироката јавност како Зина.

„Зина“ било неформално име користено само меѓу екипата која го открила телото. Инспирација за името бил главниот карактер од телевизиската серија Зина: Принцезата воин. Екипата која го открила телото според изјавата на Браун го чувала прекарот „Зина“ за првото тело кое ќе биде откриено од нивна страна и ќе биде поголемо од Плутон. Според Браун,

Го избравме името бидејќи започнуваше на буквата X (планета „X“), звучи митолошки (да, станува збор за ТВ митологија, но Плутон е именуван според лик од цртан филм, така?),[а 9] и (овој дел е всушност вистина) работевме да има повеќе женски божества (пример Седна). Исто така, во тој период, ТВ серијата сè уште одела на телевизија, што покажува колку долго ние сме биле во потрага![32]

„Ние претпоставивме [дека] вистинско име ќе дојде набрзо, [но] но процесот подзапре“, Мајк Браун во едно интервју изјавил,

Ми се јави еден новинар од New York Times кој излезе дека е пријател на еден мој колега од колеџот, [и] јас бев послободен со него отколку кога станува збор за редовниот печат. Тој ме праша, „Кое е името кое го предложивте Вие момци?“ и јас му одговорив, „Па, јас нема да ви одговорам.“ Па тој рече, „Добро, како Вие момци ја нарекувате кога ја спомнувате разговарајќи меѓусебно?“... Колку што јас се сеќавам ова беше единствениот пат кога на некој од печатот и тогаш се рашири насекаде, што на некаков начин предизвика да се чувствувам лошо—како јас да го сакам името.[33]

Избирањето на официјалното име

уреди
 
Уметнички приказ на џуџестата планета Ерида. Овој уметнички приказ е заснован на набљудувањата направени од ЕВА опсерваторија Ла Сила.[34]

Според авторот на научни книги Говерт Шилинг, Браун првично сакал да го именува телото „Лила“, според индиската митологија која го опишувал космосот како исход од играта играна Брама. Името било многу слично со „Лиал“, името на новородената ќерка на Браун. Браун имал на ум да не го изнесува името во јавност сè додека не било официјално прифатено. Тој истото го стори и со Седна една година подоцна, и поради тоа беше под остра критика. Сепак, немаше противење на името Седна, постоело само нарушување на протоколот, и немало други конкурентски имиња предложени за Седна.[35]

Тој ја навел адресата на неговата сопствена мрежна страница објавувајќи го откритето како /~mbrown/planetlila и по хаосот кој следел околу спорот околу откривањето на Хаумеја, заборавил да го смени. Наместо да разлути поголем број на колеги астрономи, тој едноставно изјавил дека мрежната страница била именувана според неговата ќерка и го отфрлил името „Лила“.[36]

Браун исто така шпекулирал дека Персефона, сопругата на богот Плутон, ќе биде добро име за ланетата.[2] Името било употребено неколкупати употребено во научната фантастика,[37] и било добро прифатено од јавноста, победувајќи на анкета спроведена од списанието New Scientist („Зина“, и покрај тоа што било само прекар, било на четврто место).[38] Ова не било можно откако телото било класифицирано како џуџеста планета, бидејќи веќе постои астероид со тоа име, 399 Персефона.[2]

Со разрешувањето на спорот, екипата која го спровела откритието го избрала името Ерида на 6 септември 2006 година. На 13 септември 2006 година ова име било официјално прифатено од страна на МАС.[39][40] Браун одлучил бидејќи телото за подолг период се сметало за планета, заслушувало име од старогрчката или римската митологија, како и останатите планети. Астероидите веќе во поголем дел ги имале заземено старогрчко-римските имиња. Ерида, која Браун ја опишал како негова омилена божица, за среќа не била употребена.[33] Името на еден начин го опишува раздорот во астрономската заедница предизвикан од дебатата околу природата на телото и Плутон.

Класификација

уреди
 
Распределба на заднептунски тела

Ерида е заднептунска џуџеста планета (плутоид).[41] Нејзините орбитални особености особено ја категоризираат како објект од Расеаниот Диск или пак заднептунски објект кој бил „исфрлен“ од Кајперовиот Појас во подалечни и необични орбити следејќи ги гравитациски заемодејства на Нептун додека се создавал Сончевиот Систем. Иако орбиталната накосеност на Ерида е невообичаена за објектите од Расеаниот Диск, теоретските модели укажуваат на тоа дека телата кои првично биле до внатрешниот раб на Кајперовиот Појас биле расеани во орбити со големи накосувања отколку телата во надворешниот појас.[42] Телата од внатрешниот појас се очекува да бидат помасивни од телата во надворешниот појас, па така астрономите очекуваат да пронајдат повеќе тела со големина како онаа на Ерида во орбити со голема закосеност.

Бидејќи Ерида првично била сметана за поголема планета од Плутон, беше опишана како „десеттата планета“ од страна на НАСА и медиумите.[43] Како резултат на несигурноста на нејзиниот статус, и поради долгата дебата за тоа дали Плутон треба да се смета за планета, МАС определи група на астрономи да осмисли прецизна дефиниција на поимот планета за да се разреши ова прашање. Оваа одлука беше објавена од страна од МАС како дефиниција за планета во Сончевиот Систем која била усвоена на 24 август 2006 година. Во овој период и Ерида и Плутон биле класифицирани како џуџести планети, поим кој е поразличен од дефиницијата на планета.[44] Браун оттогаш изјавил дека ја одобрува оваа класификација.[45] МАС последователно ја додала Ерида на својот каталог на мали планети, означувајќи ја како (136199) Ерида.[30]

Орбита

уреди
 
Орбитата на Ерида (сино) споредено со орбитата на Сатурн, Уран, Нептун, и Плутон (бело/сино). Лаковите под рамнината се нацртани со потемни бои, а црвената точка е Сонцето. Дијаграмот на лево е поглед одозгора, додека пак дијаграммите на десно се различни погледи од рамнината.
 
Растојанието на Ерида и Плутон од Сонцето во следните 1.000 години.

Ерида има орбитален период од 558 години.[13] Нејзината максимална можна далечина од Сонцето (афел) е 97.65 ае (астрономски единици), додека пак нејзината најблиска далечина од сонцето (перихел) е 37.91 ае.[13] Ерида го достигнала перихелот помеѓу 1698[5] и 1699[46] година, афелот во 1977[46] година и ќе се врати во перихел во 2256[46] до 2258 година.[11] Во моментот, Ерида и нејзината месечина претставуваат најдалечни објекти во Сончевиот Систем, по V774104[19] и со исклучок на кометите со долги периоди и вселенски сонди.[2][47] Приближно 40 познати заднептунски објекти имаат поголема просечна орбитална далечина од оската од 67,7 ае на Ерида, од кои најзначајни се 2006 SQ372, 2000 OO67 и Седна.[4]

Орбитата на Ерида е високо занесена и ја приближува планетата до 37,9 ае од Сонцето, што претставува типичен перихел на расеани објекти. Орбитата навлегува во онаа на Плутон, но не доаѓа до директен судир со Нептун (29,8-30,4 ае). Плутон пак, како и другите плутини, следи помалку накосена и занесена орбита, заштитена од орбиталната резонанса, може да премине преку орбитата на Нептун. Можно е Ерида е во резонантен однос со Нептун, кој изнесува 17:5, но за да се потврди ова потребни се дополнителни набљудувања за да се потврди оваа хипотеза.[48] За разлика од осумте планети чии орбити се главно на истата рамнина со рамнината на Земјата, орбитата на Ерида е многу закосена: навалена е на агол од 44 степени на еклиптиката. За околу 800 години, Ерида ќе биде поблиску до Сонцето од Плутон (погледајте го графикот надесно).

Ерида моментално има привидна светлинска величина од 18,7, што ја прави доволно светла за да биде забележана со некои аматерски телескопи. Користејќи телескоп со отвор 200 mm на кој е монтирана CCD-камера може да се забележи Ерида, доколку условите се поволни.[а 10] Причината поради која не била забележана порано е големата накосеност на нејзината орбита, повеќето потраги за поголеми тела надвор од Сончевиот Систем се претежно сконцентрирани на еклиптичката рамнина, каде што се наоѓаат и повеќето тела.

Поради големата закосеност на својата орбита, Ерида минува низ неколку соѕвездија од традиционалниот зодијак, моментално е во соѕвездието Кит. Во периодот од 1876 до 1929 била во соѕвездието Вајар, а во периодот од 1840 до 1875 била во соѕвездието Феникс. Во 2036 во соѕвездието Риби и ќе остане во ова соѕвездие сè до 2065 кога ќе биде во соѕвездието Овен.[46] Ќе навлезе во северното небо минувајќи преку соѕвездието Персеј во 2128 година и во соѕвездието Жирафа (каде што ќе ја достигне својата најсеверна деклинација) во 2173 година.

Најпознати заднептунци во Сончевиот Систем денес
Тела од Сончевиот Систем V774104 Ерида 2007 OR10 Седна 2014 FC69 2006 QH181 2012 VP113 2013 FY27 2010 GB174 2000 CR105
Растојание
од Сонцето
(ае)
Моментално ~103 96,3 87,4 85,8 84,1 83,3 83,3 80,2 70,6 60,4
Перхелиј ? 37,9 33,0 76,1 40,2 38,3 80,5 35,5 48,5 44,2
Апхелиј ? 97,7 100,7 ~936 106,9 96,7 ~446 83,7 ~673 ~416
Величина (vmag) 24? 18,7 21,4 21,0 23,8 23,5 23,4 22,2 25,2 24,1
Моменталните растојанија од Сонцето е скоро двапати поголемо од Нептуновата голема полуоска[49]


Големина, маса и густина

уреди
Проценки за големината
Година Полупречник Извор
2005 1.199 (2.397) km[50] Хабл
2007 1.300 (2.600) km[51] Спицер
2011 1.163 (2.326) km[8] Прикривање

Во 2005, пречникот на Ерида преку мерење изнесувал 2397±100 км, употребуавјќи слики од телескопот Хабл.[50][52] Големината на едно тело е определена од неговата апсолутна величина (Н) и албедото (количеството на светлина кое се одбива од телото). На растојание од 97 ае, тело со пречник од 3000 км би имал аголна големина од 40 милиарксекунди[15], кое може да се измери со Хабл. Иако определувањето на големината на толку мали тела е на самата граница на способностите[а 11] на телескопот, сложените техники за обработка на слики како деконвулација, може да се употребат за мерење на аголни големини со доста голема прецизност. [а 12]

 ЗемјаДисномијаДисномијаЕридаЕридаХаронХаронНиктаНиктаКерберКерберСтиксСтиксХидраПлутонПлутонМакемакеМакемакеНамакаНамакаХијакаХијакаХаумејаХаумејаСеднаСедна2007 OR102007 OR10ВејвотВејвотКваварКваварВантВантОркОркПодатотека:EightTNOs-mk.svg
Уметничка споредба на Плутон, Ерида, Макемаке, Хаумеја, Седна, 2007 OR10, Квавар, Орк и Земјата заедно со Месечината

Ова значи дека Ерида би требало да има приближно иста големина со Плутон кој има пречник од околу 2372 км. Ова посочува дека албедото од 0,96, е повисоко од било кое големо тело во Сончевиот Систем со исклучок на Енкелад.[8] Се шпекулира дека високото албедо е поради возобновувањето на површинските мразови, процес кој зависи од температурните разлики, кои настануваат заради екцентричната орбита на Ерида кога е поблиску или подалеку од Сонцето.[54]

Во 2007, извршена е низа на набљудувања на најголемите заднептунски објекти со вселенскиот телескоп Спицер, дале проценка за пречникот на Ерида, чија вредност била проценета на 2600 +400/-200 км[51], проценките на Спицер и Хабл се преклопуваат во опсегот од 2400 до 2500 км, односно 4-8% поголем пречник од оној на Плутон. Астрономите се сомневаат дека оската на вртење на Ерида е насочена кон Сонцето, при што нејзината полусфера би била потопла од просечната вредност и би им дала повисоки вредности на инфрацрвените мерења.[9] Па така исходот од прикривањето во 2010 во Чиле е во согласност со резултатот добиен од набљудувањата на Хабл во 2005 година.[9]

Во ноември 2010 год, Ерида била предмет на една од најдалечните ѕвездени прикривања набљудувана од Земјата.[9] Првичните податоци добиени од овој настан предизвикале сомнеж во веродостојноста на претходните проценки за нејзината големина.[9] Екипите кои работеле ги објавиле конечните резултати добиени од набљудувањето од прикривањето во октомври 2011, со проценет пречник од 2326±6 км.[8] Масата на Ерида може да се пресмета со многу поголема прецизност. Според моментално прифатениот период на Дисномија од 15,774 дена[10][55] Ерида е 27% помасивна од Плутон. Ако се користат резултатите од прикривањето во 2011, тогаш Ерида има густина од 2,52±0,07 g/cm3,[а 4] значително погуста од Плутон, што мора да значи дека е составена од карпести материјали.[8]

Моделите на внатрешно загревање преку радиоактивен распад наведуваат дека е можно Ерида да има внатрешен океан со течна вода на границата помеѓу јадрото и обвивката.[56]

Во јули 2015, по изминати десет години, период во кој Ерида се сметала за деветтото најголемо тело во орбита околу Сонцето, при премин со сликите од близина снимени од мисијата „Нови Хоризонти“ беа обезбедени попрецизни информации за определување на зафатнината на Плутон, при што се проценило дека неговата зафатнина е всушност поголема од зафатнината на Ерида.[57]

Површина и атмосфера

уреди
 
Инфрацрвениот спектар на Ерида спореден со тој на Плутон ги покажува означените сличности помеѓу двете тела. Стрелките ги прикажуваат впивните линии на метанот.

Екипата за откривање со својата работа се надоврзала на првичното препознавање на Ерида преку спектроскопски набљудувања направени со 8 метарскиот телескоп Џемини Норт на Хаваи на 25 јануари 2005. Преку инфрацрвените зраци оддадени од телото кое се набљудувало, било откриено присуството на метански мраз, укажувајќи на сличности со површината на Плутон и месечината на Нептун, Тритон.[58]. Поради недостиг на инструмент со кој би можело да се добијат детални снимки од површината на Ерида, таа сè уште е мистерија.

Поради нејзината екцентрична орбта, нејзината површинска температура се проценува дека варира помеѓу 30 и 56 К (-243,2 и -217,2 степени целзиусови).[2]

За разлика од црвеникавата боја на Плутон и Тритон, Ерида е скоро целосно бела.[2] Црвеникавата боја на Плутон се должи на присуството на толини на нејзината површина, каде што е затемнета површината па пониското албедо предизвикува појава на повисоки температури и испарување на наслагите на метан. За разлика, Ерида е доволно далку од Сонцето така што метанот може да кондензира на нејзината површина дури и на места каде што албедото е ниско. Рамномерната кондензација на метанот на површината ги намалува разликите на албедото и би ги покрила наслагите на црвени толини.[59]

Иако Ерида може да биде и трипати подалеку од Сонцето од Плутон, таа се приближува доволно блиску за мразот на површината да започне да сублимира. Бидејќи метанот е високо реактивен, неговото присуство ни покажува дека Ерида отсекогаш била во далечните краишта на Сончевиот Систем каде што е доволно ладно за метанскиот мраз да може да опстои, или пак дека има внатрешен извор на метан за да го замени гасот кој излегува од атмосферата. За разлика од заднептунското тело, Хаумеја, каде што има пристуство на воден мраз но не и на метан.[60]

Месечина

уреди

Во 2005, со помош на прилагодливата оптика на Кековиот телескоп екипа на астрономи извршила набљудувања на четирите најсветли заднептунски објекти (Плутон, Макемаке, Хаумеја и Ерида), користејќи го новиот ѕвезден ласерски водич со систем на прилагодлива оптика.[61] Сликите снимени на 10 септември покажале дека во орбитата околу Ерида, постои месечина. Бидејќи веќе прекарот „Зина“ бил во употреба за Ерида, екипата на Браун и дала прекар „Габриела“, десната рака на Зина, принцезата воин0 телевизиката серија. Кога Ерида го добила своето официјално име од МАС,Дисномија, по старогрчка божица на конфликтот која била ќерка на Ерида. Браун вели дека го одбрал името поради сличноста со името на неговата сопруга Дијана. Името го задржало првичното бледо сеќавање за старото име на Ерида, Зина.[62]

Истражување

уреди

Пресметано е дека прелетувачката мисија до Ерида би траела 24,66 користејќи ја гравитација на Јупитер, при што поволни датуми на лансирање би биле на 3 април 2032 и 7 април 2044.[63]

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  1. Images were taken on October 21, 2003; the object was not detected and identified until 2005.
  2. [6] Двата начини на изговор се користат, од кои првичниот е буквалниот изговор на името, но Браун и неговите студенти го користеле вториот изговор.[7]
  3. 3,0 3,1 Пресметана од средниот полупречник
  4. 4,0 4,1 Пресметана со делење на наведените маси со наведените зафатнини
  5. 5,0 5,1 Пресметана од познати параметри
  6. Пресметана од наведените пречници (D) и албедо (p) користејќи   [14]
  7. 7,0 7,1 Ерида е помасивна од Плутон иако Плутон има поголем пречник. Таа е 16-ото најмасивно тело во Сончевиот Систем, бидејќи седум месечини се помасивни од било која џуџеста планета.
  8. Од 2015 година, Седна е на растојание од Сонцето 85,9 ае,[21] додека пак Ерида е на растојание од Сонцето од 96,3 ае.[13] Ерида е сè уште блиску до својот афел од 1977 година (најдалечното растојание од Сонцето), додека пак Седна се приближува до својот перихел во 2076 година (најблиското растојание од Сонцето).[22] Седна ќе биде најодалечената моментално позната сферна мала планета во 2114 година.[22]
  9. Браун се шегува. Вистинината е дека Плутон ликот на студиото „Дизни“ кој бил именуван според новооткриената „планета“, но сепак Венеција Берни, која го дала името на Плутон, морала цел живот да се соочува со обвиненија дека планетата ја крстила според името на едно куче од цртан филм.[31]
  10. За пример можете да погледате аматерска снимка на Ерида тука Fred Bruenjes' Astronomy
  11. Разделната моќ на високоразделниот канал на напредната камера за набљудувања е 40 marcsec (милиарксекунди)и големината на еден пиксел е ~25 marcsec т.е. ~1875 км на растојанието на кое е Ерида.
  12. Наводот за директното мерење на HST не треба погрешно да наведува на размислување дека овој метод е 'директен' и моделски независен како да речеме на пример мерењето на големината на Нептун. Едноставно, методот се состои од одредување на статистички најдобриот фит за заматената слика со големина помала од два пиксели, споедувајќи ја со заматените слики на позадинските ѕвезди, користејќи даден сметачки модел за оптика (функција на ширење на точките). Нетехнички опис на методот е даден на страна, детален опис на овој пристап и неговите ограничувања е подетално дискутиран во трудот Квавар[53]

Наводи

уреди
  1. Staff (May 1, 2007). „Discovery Circumstances: Numbered Minor Planets“. IAU: Minor Planet Center. Посетено на May 5, 2007.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 Brown, Mike (2006). „The discovery of 2003 UB313 Eris, the largest known dwarf planet“. Посетено на May 3, 2007.
  3. 3,0 3,1 „JPL Small-Body Database Browser: 136199 Eris (2003 UB313)“ (September 18, 2014 last obs). Посетено на November 23, 2014.
  4. 4,0 4,1 „List Of Centaurs and Scattered-Disk Objects“. Minor Planet Center. Посетено на September 10, 2008.
  5. 5,0 5,1 Buie, Marc (November 6, 2007). „Orbit Fit and Astrometric record for 136199“. Deep Ecliptic Survey. Посетено на December 8, 2007.
  6. „Define Eris“. Dictionary.com. Random House. Посетено на October 4, 2012.
  7. „Julia Sweeney and Michael E. Brown“. Hammer Conversations: KCET podcast. 2007. Архивирано од изворникот на October 6, 2008. Посетено на October 1, 2008.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 8,6 Sicardy, B.; Ortiz, J. L.; Assafin, M.; Jehin, E.; Maury, A.; Lellouch, E.; Gil-Hutton, R.; Braga-Ribas, F.; Colas, F.; Widemann (2011). „Size, density, albedo and atmosphere limit of dwarf planet Eris from a stellar occultation“ (PDF). European Planetary Science Congress Abstracts. 6: 137. Bibcode:2011epsc.conf..137S. Посетено на September 14, 2011.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 Beatty, Kelly (November 2010). „Former 'tenth planet' may be smaller than Pluto“. NewScientist.com. Sky and Telescope. Посетено на October 17, 2011.
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  11. 11,0 11,1 Johnston, Wm. Robert (20 September 2014). „(136199) Eris and Dysnomia“. Johnston's Archive. Посетено на 27 September 2015.
  12. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 13,4 „AstDys (136199) Eris Ephemerides“. Department of Mathematics, University of Pisa, Italy. Посетено на November 23, 2014.
  14. Conversion of absolute magnitude to diameter for minor planets
  15. 15,0 15,1 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  16. JPL/NASA (2015-04-22). „What is a Dwarf Planet?“. Jet Propulsion Laboratory. Посетено на 2022-01-19.
  17. „How Big Is Pluto? New Horizons Settles Decades-Long Debate“. www.nasa.gov. 2015. Архивирано од изворникот на 2017-07-01. Посетено на July 14, 2015.
  18. „Dwarf Planet Outweighs Pluto“. space.com. 2007. Посетено на June 14, 2007.
  19. 19,0 19,1 Hand, E. (2015-11-10). „Astronomers spot most distant object in the solar system, could point to other rogue planets“. News.ScienceMag.org. American Association for the Advancement of Science. Посетено на 2015-11-11.
  20. „AstDyS“.
  21. „AstDys (90377) Sedna Ephemerides“. Department of Mathematics, University of Pisa, Italy. Посетено на November 23, 2014.
  22. 22,0 22,1 JPL Horizons On-Line Ephemeris System (July 18, 2010). „Horizons Output for Sedna 2076/2114“. Архивирано од изворникот на 2012-02-25. Посетено на July 18, 2010. Horizons
  23. IAU (16 август 2006). "The IAU draft definition of "planet" and "plutons"". Соопштение за печат.  посет. 16 август 2006 г
  24. Brown, Mike (2010). „The shadowy hand of Eris“. Mike Brown's Planets. Посетено на November 7, 2010.
  25. Brown, Mike (November 22, 2010). „How big is Pluto, anyway?“. Mike Brown's Planets. Посетено на November 23, 2010. (Franck Marchis on 2010-11-08)
  26. „How Big Is Pluto? New Horizons Settles Decades-Long Debate“. NASA. 2015. Архивирано од изворникот на 2015-10-05. Посетено на 2015-07-13.
  27. Thomas H. Maugh II and John Johnson Jr. (October 16, 2005). „His Stellar Discovery Is Eclipsed“. Los Angeles Times. Посетено на July 14, 2008.
  28. Blue, Jennifer (September 14, 2006). „2003 UB 313 named Eris“. USGS Astrogeology Research Program. Архивирано од изворникот на 2007-03-23. Посетено на January 3, 2007.
  29. „International Astronomical Association homepage“. Архивирано од изворникот на September 30, 2007. Посетено на January 5, 2007.
  30. 30,0 30,1 Green, Daniel W. E. (September 13, 2006). „(134340) Pluto, (136199) Eris, and (136199) Eris I (Dysnomia)“. IAU Circular. 8747. Посетено на January 12, 2012.
  31. „The girl who named a planet“. BBC News. January 13, 2006. Посетено на June 21, 2007.
  32. „Xena and Gabrielle“ (PDF). Status. January 2006. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-03-14. Посетено на May 3, 2007.
  33. 33,0 33,1 Brown, Mike (2007). „Lowell Lectures in Astronomy“. WGBH. Архивирано од изворникот на 2008-01-10. Посетено на July 13, 2008.
  34. „Faraway Eris is Pluto's Twin“. ESO Science Release. October 26, 2011. Посетено на October 28, 2011.
  35. „Mpc 52733“ (PDF). Minor Planet Center. 2004. Посетено на 2010-08-30.
  36. Schilling, Govert (2008). The Hunt For Planet X. Springer. стр. 214. ISBN 978-0-387-77804-4.
  37. „Planet X Marks the Spot“ (PDF). TechRepublic. 2006. Посетено на July 13, 2008.
  38. O'Neill, Sean (2005). „Your top 10 names for the tenth planet“. NewScientist. Посетено на June 28, 2008.
  39. „The Discovery of Eris, the Largest Known Dwarf Planet“. California Institute of Technology, Department of Geological Sciences. Посетено на January 5, 2007.
  40. „IAU0605: IAU Names Dwarf Planet Eris“. International Astronomical Union News. September 14, 2006. Архивирано од изворникот на 2007-01-04. Посетено на January 5, 2007.
  41. „Pluto Now Called a Plutoid“. Space.com. June 11, 2008. Посетено на June 11, 2008.
  42. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  43. „NASA-Funded Scientists Discover Tenth Planet“. Jet Propulsion Laboratory. 2005. Архивирано од изворникот на 2012-07-24. Посетено на May 3, 2007.
  44. „IAU 2006 General Assembly: Resolutions 5 and 6“ (PDF). IAU. August 24, 2006. Архивирано (PDF) од изворникот 2006-09-28. Посетено на 2015-12-24.
  45. Robert Roy Britt (2006). „Pluto Demoted: No Longer a Planet in Highly Controversial Definition“. space.com. Посетено на May 3, 2007.
  46. 46,0 46,1 46,2 46,3 Yeomans, Donald K. „Horizons Online Ephemeris System“. California Institute of Technology, Jet Propulsion Laboratory. Посетено на January 5, 2007.
  47. Peat, Chris. „Spacecraft escaping the Solar System“. Heavens-Above. Посетено на January 25, 2008.
  48. Simulation of Eris (2003 UB313)'s orbit predicting a 17:5 resonance
  49. AstDyS, Objects at least two Neptune distances from Sun
  50. 50,0 50,1 „Hubble Finds 'Tenth Planet' Slightly Larger Than Pluto“. NASA. April 11, 2006. Архивирано од изворникот на 2008-08-29. Посетено на August 29, 2008.
  51. 51,0 51,1 John Stansberry, Will Grundy, Mike Brown, John Spencer, David Trilling, Dale Cruikshank, Jean-Luc Margot (2007). „Physical Properties of Kuiper Belt and Centaur Objects: Constraints from Spitzer Space Telescope“. arXiv:astro-ph/0702538 |class= е занемарено (help).CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  52. „Comment on the recent Hubble Space Telescope size measurement of 2003 UB313 by Brown et al“. Max Planck Institute. 2006. Посетено на May 3, 2007.
  53. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil) Describing in detail the method applied to the recent measure of 2003 UB313.
  54. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  55. Brown, Mike (2007). „Dysnomia, the moon of Eris“. CalTech. Посетено на June 14, 2007.
  56. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  57. NBC News (July 13, 2015). „New Horizons Probe Finds Out Pluto's Bigger (and Icier) Than We Thought“. NBC News. Посетено на July 13, 2015.
  58. „Gemini Observatory Shows That "10th Planet" Has a Pluto-Like Surface“. Gemini Observatory. 2005. Посетено на May 3, 2007.
  59. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  60. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  61. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  62. Tytell, David (2006). „All Hail Eris and Dysnomia“. Sky and Telescope. Отсутно или празно |url= (help)
  63. McGranaghan, R.; Sagan, B.; Dove, G.; Tullos, A.; Lyne, J. E.; Emery, J. P. (2011). „A Survey of Mission Opportunities to Trans-Neptunian Objects“. Journal of the British Interplanetary Society. 64: 296–303. Bibcode:2011JBIS...64..296M.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Надворешни врски

уреди