H I-подрачје
H I-подрачје — облак во меѓуѕвездената средина сочинет од неутрален атомски водород (HI), покрај месното изобилство од хелиум и други елементи. (H е знакот за водород, а I означува неутрален атом.[1] Овие подрачја не оддаваат видлива светлина (освен во спектралните линии од други неводородни елементи) туку се распознаваат по подрачјето на спектралната линија 21 см (1.420 MHz). Оваа линија има многу ниска веројатност за преод, така што потребни ѝ се многу големи количества водорден гас за да биде видлива. Во јонизациските предници, каде H I-подрачјата се судираат со јонизиран гас во ширење (како H II-подрачје), второспоменатото сјае посилно отколку вообичаено. Степенот на јонизација во H I-порачје е многу мал, со околу 10−4 (т.е. една честичка на 10.000). При типичен меѓѕвезден во галаксиите како Млечниот Пат, H I-подрачјата се најустојчиви при температури или под 100 или над неколку илјади келвини; гасот помеѓу овие температури се загрева и лади многу бргу, постигнувајќи еден од устојчивите температурни режими.[2] Во рамките на една од овие фази, гасот обично се смета за изотермен, освен кога е близу H II-подрачје во ширење.[3] Близу ова подрачје, и во густо H I-подрачје, тоа е одвоено од непореметеното H I-подрачје со ударна предница и од H II-подрачјето со јонизирачка предница.[3]
Нагледна претстава
уредиНагледна претстава за H I-оддавањата се добива со радиотелескоп, утврдувајќи ја структурата на спиралните галаксии. Се користи и за добивање на слика за гравитациските пореметувања помеѓу галаксиите. Кога се судираат две галаксии, материјалот се развлачува од нишките, овозможувајќи им на астрономите да го одредат правецот на движење на овие галаксии.
H I-подрачјата делотворно впиваат фотони кои се достатно енергетски да го јонизираат водородот, за што се потребни 13,6 електронволти. Ваквите подрачја се сеприсутни во Млечниот Пат; Локмановата Дупка е една од малкуте празнини преку кои може јасно да се набљудуваат далечните објекти при крајноултравиолетови и благорендгенски бранови должини.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Thermal Radio Emission from HII Regions“. National Radio Astronomy Observatory (US). Архивирано од изворникот на 2016-09-27. Посетено на 7 October 2016.
- ↑ DP Cox (2005). „The Three-Phase Interstellar Medium Revisited“. Annual Review of Astronomy & Astrophysics. 43: 337. Bibcode:2005ARA&A..43..337C. doi:10.1146/annurev.astro.43.072103.150615.
- ↑ 3,0 3,1 Savedoff MP; Greene J (Nov 1955). „Expanding H II region“. Astrophys. J. 122 (11): 477–87. Bibcode:1955ApJ...122..477S. doi:10.1086/146109.
Литература
уреди- Anderson, Kevin J & Churchwell, Ed (1985). „The Anatomy of a Nebula“. Astronomy. 13: 66–71. Bibcode:1985Ast....13...66C.