Црвен џин
Црвен џин — светла џиновска ѕвезда со мала или средна маса (околу 0,5–10 сончеви маси) која е во доцна фаза од својата ѕвезден развој. Надворешната атмосфера испакната и тенка, со што полупречникот е огромен а површинската температура ниска, некаде од 5.000 K и пониска.
Највообичаени се црвените џинови (RGB) во кои сè уште се врши соединување на водород во хелиум, а јадрото е неактивен хелиум. Друг вид на црвен џин се асимптотските џинови (АГЏ) каде се произведува јаглерод од хелиумот преку троен-алфа-процес.[1] На овие AGB ѕвезди им припаѓаат јаглеродните ѕвезди од типот C-N и C-R.
Истакнати сјајни црвени џинови на ноќното небо се Алдебаран (Alpha Tauri), Арктур (Alpha Bootis) и Гама Јужен Крст (Гакрукс), а уште поголеми од нив се Антарес (Алфа Скорпија) и Бетелгез (Алаф Орион) кои спаѓаат во групата црвен суперџин.
Наводи
уреди- ↑ Zeilik, Michael A.; Gregory, Stephan A. (1998). Introductory Astronomy & Astrophysics (4. изд.). Saunders College Publishing. стр. 321–322. ISBN 0030062284.