Меркур (планета)
Меркур — најмалата и најблиската планета до Сонцето од осумте планети во Сончевиот Систем,[7][б 1] со орбитален период од околу 88 Земјени денови. Гледана од Земјата, наликува како да се движи во својата орбита за околу 116 денови, што е многу побрзо од другите планети во Сончевиот Систем. Нема познати природни сателити.[б 2] Планетата е именувана според римското божество Меркур, гласникот на боговите.
Меркур | |||||||||||||
Ознаки | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Орбитални особености[3] | |||||||||||||
Епоха J2000 | |||||||||||||
Афел | 69.816.900 км 0,466 697 ае | ||||||||||||
Перихел | 46.001.200 км 0,307 499 AE | ||||||||||||
57.909.100 км 0,387 098 AE | |||||||||||||
Занесеност | 0,205 630[1] | ||||||||||||
87,969 1 д (0,240 846 г) | |||||||||||||
115,88 d[1] | |||||||||||||
Просечна орбитална брзина | 47,87 км/с[1] | ||||||||||||
174,796° | |||||||||||||
Наклон | 7,005° во еклиптика 3,38° во Сончевиот екватор 6,34° во непроменливата рамнина[2] | ||||||||||||
48,331° | |||||||||||||
29,124° | |||||||||||||
Познати сателити | нема | ||||||||||||
Физички особености | |||||||||||||
Среден полупречник | 2.439,7 ± 1,0 км[4][5] 0,3829 Земји | ||||||||||||
Сплеснатост | < 0,0006[5] | ||||||||||||
7,48×107 км2 0,108 Земји[4] | |||||||||||||
Зафатнина | 6,083×1010 км2 0,054 Земји[4] | ||||||||||||
Маса | 3,3022×1023 кг 0,055 Земји[4] | ||||||||||||
Средна густина | 5,427 г/см3[4] | ||||||||||||
3,7 м/с² 0,38 g[4] | |||||||||||||
4,25 км/с[4] | |||||||||||||
Ѕвезден вртежен период | 58,646 ден 1407,5 ч[4] | ||||||||||||
Екваторска вртежна брзина | 10.892 км/ч[convert: unknown unit] | ||||||||||||
2,11′ ± 0,1′[6] | |||||||||||||
Северенополна ректасцензија | 18 ч 44 мин 2 с 281,01°[1] | ||||||||||||
Северенополна деклинација | 61,45°[1] | ||||||||||||
Албедо | 0,119 (Бондово) 0,106 (геометриско)[1] | ||||||||||||
| |||||||||||||
до −1,9[1] | |||||||||||||
4,5" – 13"[1] | |||||||||||||
Атмосфера | |||||||||||||
Површински притисок | траги | ||||||||||||
Состав по зафатнина | 42% молекуларен кислород 29.0% натриум 22.0% водород 6.0% хелиум 0.5% калиум траги од аргон, азот, јаглерод диоксид, водена пареа, ксенон, криптон и неон[1] | ||||||||||||
Бидејќи скоро и да нема присуство на атмосфера која би ја задржувала топлината, Меркуровата површина ги има наголемите температурни промени во Сончевиот Систем, промена кпја се движи од 100 K (−173 °C; −280 °F) во ноќта па сè до 700 K (427 °C; 800 °F) за време на денот во некои екваторски области. Половите се постојано на температура под 180 K (−93 °C; −136 °F). Меркуровата оска го има најмалиот наклон од сите планети во Сончевиот Систем (околу 1⁄30 од степенот), но пак затоа го има наголемиот орбитален екцентрицитет.[б 1] Во афел, Меркур е на растојание 1,5 пати поголемо од растојанието кога е во перихел. Меркуровата површина е ишарана со кратери и е слична со онаа на Месечината, што укажува дека истата не била геолошки активна со милијарди години.
Меркур е гравитациски сврзан и се врти на начин кој е единствен во Сончевиот Систем. Гледан релативно во однос на неподвижните ѕвезди, и се врти околу својата оска точно трипати за секој два орбитални периоди околу Сонцето.[б 3][8] Гледано од Сонцето, во појдовниот систем кој се врти со орбиталното движење, изгледа како да се врти еднаш на секои две Меркурови години. Па така набљудувач на Меркур тогаш би видел само еден ден на секои две години.
Бидејќи Меркур кружи околу Сонцето во внатрешноста на Земјината орбита (како и Венера), може да се појави на Земјиното небо во утрото и при зајдисонцето но не и во средината на ноќта. Исто така, како и за Венера и Месечината, можат да се забележат сите фази како што се движат по своите орбити во однос на Земјата. Иако Меркур може да се појави како светол објект кога е набљудуван од Земјата, неговата близина до Сонцето оневозможува да се набљудува со ист интензитет како и Венера. Две вселенски летала го посетиле Меркур: Маринер 10 прелетал во близина во 1970-ите и MESSENGER, лансиран во 2004 година, кој сè уште е во орбита.
Физички одлики
уредиВнатрешна структура
уредиМеркур има цврста силикатна кора, јадро чиј надворешен слој е составен од железен сулфид, подлабок дел кој е во течна состојба и најверојатно завршува со цврсто внатрешно јадро.[9]
Меркур е една од четирите земјовидни планети во Сончевиот Систем, и исто така е со карпесто тело како Земјата. Таа е најмалата планета во Сончевиот Систем, со екваторски полупречник од 2,439.7 километри(1,516.0 милји).[10] Меркур е исто така помала, иако помасивна, од наголемите природни сателити во Сончевиот Систем, Ганимед (месечина) и Титан (месечина).[11] Таа се состои од приближно 70% метал и 30% силикатен материјал. Густината на Меркур е втора највисока во Сончевиот Систем изнесува 5,427 g/cm3 / cm3, што е малку помалку од густината на Земјата од 5,515 g/cm3.[10] /. Ако ефектот на гравитациската компресија треба да биде факториран од двете планети, материјалите од кои е направен Меркур би биле погусти од оние на Земјата, со некомпресирана густина од 5,3 g/cm3 наспроти 4,4 g/cm3.[12] на Земјата.
Густината на Меркур може да се користи за да се заклучи детали за нејзината внатрешна структура. Иако големата густина на Земјата значително произлегува од гравитациската сила, особено во јадрото, Меркур е многу помала и нејзините внатрешни региони не се толку компримирани. Затоа, за да има толку голема густина, нејзиното јадро мора да биде големо и богато со железо.[13]
Геолозите проценуваат дека јадрото на Меркур зафаќа околу 55% од нејзиниот волумен; за Земјата овој процент изнесува 17%. Истражување објавено во 2007 година сугерира дека Меркур има стопено јадро.[14][15] Обвивката на јадрото е слој од 500-700 кој се состои од силикати.[16][17] Врз основа на податоците од мисијата Маринер 10 и набњудувањата засновани на Земјата, кората на Меркур е проценета со дебелина од 35 км.[18] Една посебна одлика на површината на Меркур е присуството на бројни тесни гребени, кои се протегаат до неколку стотици километри во должина. Се претпоставува дека тие се формирале како јадрото и надворешниот слој на Меркур, се оладиле во исто време кога кората веќе се зацврстувала.[19]
Јадрото на Меркур има поголема застапеност на железо од онаа на која било друга голема планета во Сончевиот Систем, и неколку теории се предложени да го објаснат ова. Најшироко прифатената теорија е дека Меркур првично имала метал-силикатен однос сличен на обичните хондритни метеорити, кои се сметаат за типични карпести материи во Сончевиот Систем и маса околу 2,25 пати повеќе од нејзината сегашна маса.[20] На почетокот од историјата на Сончевиот Систем, се смета дека Меркур била погодена од планетезимал на околу 1/6 од масата и неколку километри низ неа.[20] Влијанието би го одзело поголемиот дел од оригиналната кора и обвивка, оставајќи ја кората како релативно важна компонента. Сличен ваков процес е предложен и за објаснување за настанокот на Месечината.[20]
Алтернативно, Меркур можеби се формирала од сончевата магллина пред да се стабилизира енергијата на Сонцето. Тогаќ би илама двапати поголема маса од сегашната, но како протоѕвезда, температурите во близина на Меркур ќе бидат помеѓу 2,500 K и 3,500 К, можеби и повисоки како 10,000К.[21] Голем дел од површината би испарил на такви температури, формирајќи атмосфера од „карпинска пареа“ кој ќе биде движена од соневиот ветер. [21]
Трета хипотеза пак, покажува дека сончевата маглина предизвикала привлекување на честичките од кои се формирала Меркур и затоа ги изгубила полесните честички.[22] Секоја хипотеза предложува различен состав на површината, и затоа се посавени 2 космички мисии за набњудување. MESSENGER, која заврши во 2015, покажа поголема застапеност од очекуваното на калум и сулфур на површината, која сугерира дека хипотезата за хибридни удари и испарувањето на кората е невозможна, бидејќи калиумот и сулфурот не би постоеле поради екстремната температура.[23] BebiColombo е сателит кој би стигнам до Меркур во 2025 година, ќе направи забелешки за овие хипотези.[24] Досегашните заклучоци ја задоволуваат третата хипотеза, но потребнни се уште истражувања и за тоа.[25]
Површинска геологија
уредиПовршината на Меркур е слична на онаа на Месечината, со рамнински косини и големи кратери, кои покажуваат дека е геолошки неактивна со билиони години. Бидејќи ова е знаење кое е засновано врз поминувањето на Маринер 10 во 1975 и терестралните набљудувања, претставува последен податок за земјовидните планети.[15] Како што ќе се обработуваат податоците од MESSENGER, ова знаење ќе се зголемува. На пример, откриен е невообичаен кратер со радијациски корици што научниците го нарекоа "пајакот".[26] Подоцна бил именуван Аполодор.[27]
Албедо областите се со значително различна рефлексивност, видени со телескоп. Меркур има дорса (т.н „гребени во вид на брчки“), височини како Месечината, монти (планини), планити (рамнини), рупи (вдлабнатини) и валес (долини).[28][29]
Имињата на карактериситиките на Меркур потекнуваат од различни извори. Кратерите се нарекувани по артисти, музичари, сликари и писатели кои направиле изворедни или основни придонеси во своите области. Гребените или дорсата се именувани по научниците кои придонеле во истражувањата за Меркур. Депресиите или фоците се именувани по дела од архитектурата. Планините се именувани со зборот „жешко“ но на различни јазици. Рамнините се именувани по Меркур на разлицни јазици. Вдлабнатините се именувани по бродови на научни експедиции. Долинитесе именувани по радио телескопски објекти.[28][29]
Меркур била тешко бомбардирана од комети и астероиди за време на формирањето пред 4.6 билиони години и кратко после тоа, и за време на т.н Доцна тешкото бомбардирањекое завршило пред 3.8 билиони години.[30] За време на овој период на интензивно формирање на кратерите, Меркур била изложена на влијанија врз целата нејзина површина,[29] но бидејќи немала атмосфера тие влијанија биле забавени.[31] Во ова време Меркур била вулкански активна; базените како што е Колорис Базен биле полни со магма, создавајки рамнини како оние на Месечината.[32][33]
Податоците од летањето на MESSENGER во октомври 2008 покажаа многу за разбранетата површина на Меркур.Површината на Мееркур е повеќе хетерогена од таа на Марс или на Месечината, и двете од нив содржат значителни делови од сличната геологија, како што се Марија и Платеус.[34]
Басени и кратери
уредиКратерите на Меркур се движат од големина (пречник) на мали шуплини во вид на садови до повеќе прстенести басени со стотици километри. Тие се појавуваат во сите состојби на деградација, од релативно зрнести кратери до високо деградирани кратери. Кратерите на Меркур субтилно се разликуваат од месечевите кратери во тоа што во областа покриена со нивната ејекта е многу помала, што е последиц од посилната површинска гравитација на Меркур.[35] Според правилата на МАС, секој нов кратер треба да биде именуван по некој артист кој е познат повеќе од педесет години, и мртов повеѓе од три години, пред датумот на иненување.[36]
Наголемиот кратер е Басенот Колoрис, со пречник од 1,550 км [37] Влијанието што го создало овој басен било толку моќно што предизвикало ерупција на лава оставајќи концентричен прстен од околу 2 км висок. Кај антиподот на Колорис се наоѓа голем регион, невообичаен ридски терен познат како „Чудесен терен“.Една хипотеза за неговото потекло покажува дека ударните бранови при влијанието (создавање) се двишеле околу Меркур. Како резултат на големите потреси се распукала површината.[38] Алтернативно, се претпоставува дека овој терен се формирал како резултат на конвергенција на ејектирање на антиподот на овој слив.[39]
Севкупно, околу 15 удари се потврдени на сликите од Меркур. Значаен басен е 400-километарскиот, мулти-прстенестиот Толстој басен кој има ејектно ќебе до 500 километри од неговиот раб и под кој се полни со мазни рамнински материјали. Бетховен басенот има слична големина ејекта и раб со пречник од 625 километри.[35] Како Месчината, и површината на Меркур имала ефекти од процесите на вселенското прелевање, вклучувајќи ги и влијанијата на Сончевиот ветер и микрометеоритите.[40]
Рамнини
уредиПостојат два геолошки различни рамнински региони на Меркур.[35][41] Разгледувајќи ја површината, масивните рамнини меѓу кратерите се најстарите видливи рамнини,[35] претставени на кратерните терени. Овие меѓу-кратерни рамнини обликувале многу поранешни кратери, и претставуваат општа слабот на помалите кратери со пречник околу 30 км.[41]
Мазните рамнини се широко распространети рамни површини кои ги пополнуваат депресиите од различни големини и имаат големи сличности со месечевата Марија. Тие исполнуваат широк прстенест дел што го обиколува басенот Калорис.За разлика од Месечината, мазните рамнини на Меркурго имаат итото албедо како и другите меѓукратерски рамнини. Поради локализацијата и заоблена форма на рамнините, тие се вистинска потврда за вулканите кои постоеле.[35] Сите рамнини на Меркур се формирани главно после Калорис басенот, евидентирани со значително помали густини на кратерот отколку оние на Коларис.[35] Дното на Калорис басенот е исполнет со геолошки различна рамина, искршена со ридови и фрактури по груб многуаголен облик Не е разјаснето дали те се од вулканска лава или топење на слоеви.[35]
Компресивни одлики
уредиЕдна необична одлика на површината на Меркур се многубројните набори, или рупи, кои ги пресекуваат рамнините. Како што се ладела внатрешноста на Меркур, се контрахирала и нејзината површина почнала да се деформира, создавајќи набрани гребени и лобусни белези како последица од ударите. Тие белези можат да достигнат должина од 1000км и височина од 3 км.[42] Овие одлики можат да се видат од кратерите и мазните рамнини, што укажува дека тие се поскоро создадени.[43] Мапирањето на овие одлики укажува на намалување на полупречникот на Меркур во опсег од 1 до 7 км.[44] Мали разбранувања на гребнатини со мала големина се пронајдени, со десетици метри височина и со должини во опсег од неколку километри, кои се чини дека се стари помалку од 50 милиони години, што покажува дека компресијата на внатрешноста и последователната геолошка активност на површината продолжуваат и во сегашноста.[42][44]
Месечевиот извиднички орбитер открил дека постојат вакви одлики и на Месечината
.
Вулканологија
уредиСликите добиени од MESSENGER покажуваат доказ за пирокластични текови на Меркур помали штитести вулкани.[45][46][47] Податоците од MESSENGER помогнале во идентификација на 51 пирокластични депозити на површината,[48] од кои 90% се пронајдени во рамките на кратерите кои настанале со удари на метеори.[48] Една студија од деградацијата од овие ударни кратери кои ги содржат пирокластичните депозити сугерираат дека пирокластичната активност на Меркур се одвива во подолг временски период.[48]
"Бескрајна депресија" во внатрешноста на југозападниот крај на басенот Калорис се состои од најмалку девет преклопувачки вулкански отвори, секој поединечно до 8 км во пречник. Ова претставува "сложен вулкан".[49] Пропустливите подови се наоѓаат најмалку 1 км под нивните краеви на пукнатините и приложуваат сличност на кратерите кои се извајани од експлозивните ерупции или се изменети со колапс на мали места со повлекување на магмата низ каналите.[49] Научниците не можеле да ја квантифицираат возраста на системот за вулкански комплекс, но известиле дека би можело да биде од редот на една милијарда години.[49]
Состојби на површината и атмосфера
уредиТемпературата на површината на Меркур се движи од 100 до 700 K (-173 до 427 °C, -280 до 800 °F)[51] на најекстремни места: 0 ° N, 0 ° W, или 180 ° W. Никогаш не доостигнува над 180 K на столбовите,[52] поради отсуството на атмосфера и стрмен температурен градиент помеѓу екваторот и столбовите. Доминантната точка достигнува околу 700 K за време на перихелот (0 ° W или 180 ° W), но само 550 K во афелијата (90 ° или 270 ° W).[53] На темната страна на планетата температурите просечно 110 К.[52][54] Интензитетот на сончевата светлина на површината на Меркур се движи помеѓу 4.59 и 10.61 пати повеќе од сончевата константа (1.370 W · m-2).[55]
Иако дневната светлина на површината на Меркур е обично екстремно висока, забелешките силно сугерираат дека мразот (замрзната вода) постои на Меркур. Подовите на длабоките кратери на столбовите никогаш не се изложени на директна сончева светлина, а температурите остануваат под 102 K; многу пониско од глобалниот просек.[56] Водениот мраз силно го рефлектира радарот, а набљудувањата на 70-метровиот Радар на Сончевиот Систем Голдстоун и на ВЛА во раните 1990-ти откриваат дека има високи радарски одбивања во близина на столбовите.Иако мразот не бил единствената можна причина за овие рефлексивни региони, астрономите сметаат дека тоа е најверојатно.[57]
Процениле дека дека ледените региони содржат околу1014–1015 кг мраз,[58] и можат да бидат покриени со слој од реголит кој ја спречуваt сублимацијата.[59] За споредба, Антарктичкиот мраз на Земјата има маса од околу 4×1018 кг, а јужната поларна капа на Марс содржи околу 1016 кг вода.[58] Потеклото на мразот на Марс е сè уште не познато, но двата најверојатни извори за ова се изгаснувањето на водата од внатрешноста на платената или таложењето при влијанието на кометите.[58]
Меркур е премногу мала и топла за да нејзинта гравитација задржи значајна атмосфера во подолг временски период;има егзосфера [60] која содржи водород, хелиум, кислород, натриум, калциум, калиум и друго при површински притисок помал од околу 0.5 nPa (0.005 пикобари).[61] Оваа егзосфера не е стабилна— атомите постојано се губат и се заменувани од различни извори. Водородните атоми и атомите на хелиум најверојатно доаѓаат од Сончевиот ветер, дифузирани во магнетосферата на Меркур.
Магнетно поле и магнетосфера
уредиИ покрај неговата мала големина и бавната 59-дневна ротација, Меркур има значајно и очигледно глобално, магнетно поле. Според мерењата преземени од страна на Маринер 10, тоа е околу 1,1% од силата на Земјата. Силата на магнетното поле кај екваторот на Меркур е околу 300 nT.[62][63] Како и на Земјата, магнетното поле на Меркур е диполарно.[64] Но за разлика од Земјата, половите на Меркур се речиси усогласени со оската на вртење на планетата.[65] Мерењата од космичките сонди на Mariner 10 и MESSENGER покажаа дека силата и обликот на магнетното поле се стабилни.[65]
Многу е веројатно дека ова магнетно поле е генерирано од динамо ефект, на начин сличен на магнетното поле на Земјата.[66][67] Динамо ефектотпроизлегува од циркулацијата на течното јадро богато со железо. Всушност силните приливни ефекти предизвикани од високата орбитална ексцентричност на планетата која ја задржува јадрото во течната состојба неопходна за овој динамо ефект.[68]
Магнетното поле на Меркур е доволно силно за да го опфати Сончевиот ветер околу планетата, создавајќи магнетосфера. Магнетосферата е мала, иако може да ја опфати Земјата[64] таа е доволно силна за ја зароби плазмата на Сончевиот ветер. Ова придонесува за вселенско проветрување на површината на планетата.[65] Набљудувањата направени од вселенсколо летало Mariner 10 покажуваат ниска енергетска плазма во магнетосферата на „ноќната страна“ на планетата. Распрнувањата на енергетските честички од магнетното поле укажуваат на динамичен квалитет на магнетосферата на планетата.[64]
За време на второто прелетување над планетата на 6 октомври 2008год., MESSENGER открил дека магнетното поле на Меркур може да биде екстремно „распукано“. Леталото наишло на магнетни „торнада“ – искривени снопови од магнетните полиња кои ги поврзуваат планетарното магнетното поле со меѓупланетарниот простор – кои биле широки до 800 км или една третина од полупречникот на планетата. Овие искривени снопови познати како Flux transfer events, формираат отворени штитови на плланетата преку кои Сончевиот ветер навлегува директно и има директно влијание на површината на Меркур преку повторно магнетно поврзување.[69] Ова исто така се сллучува и со магнетното поле на Земјата. Набљудувањата од MESSENGER покашуваат дека стапката на повторно поврзување е 10 пати поголема кај Меркур, но неговата близина до Сонцето изнесува само третина од повторното поврзување забелењано од на MESSENGER.[69]
Орбита, ротација и нејзината географска должина
уредиМеркур ја има најексцентрична орбита оа сите планети; Нејзината ексцентричност е 0.21, со растојание од Сонцето во опсег од 46.000.000 до 70.000.000 км (29.000.000 до 43.000.000 ми). Потребни се 87.969 Земјини денови за да се комплетира орбитата. Дијаграмот ги илустрира ефектите на ексцентричноста, покажувајќи ја орбитата на Меркур, покриена со кружна орбита, која ја има истата голема полуоска. Брзината на Меркур е поголема кога е во близина на перихелот поради поголемото растојание коие го поминува во интервал од 5 дена.На дијаграмот, различното растојание од Меркур до Сонцето е претставено со големината на планетата, која е обратно пропорционална на растојанието на Меркур од Сонцето. Оваа варијација на растојанието до Сонцето се должи врз дејството на плимната сила врз површината на Меркур предизвикана од Сонцето која е 17 пати посилна од оние меѓу Месечината и Земјата.[70] Во комбинација со спин- орбиталната резонанција од 3:2 на ротацијата на планетата околу својата оска, исто така резултира во комплекс од варијации на температурата на површината[11] Резонанцијата прави еден сончев ден, кој трае точно две години на Меркур или околу 176 Земјини денови.[71]
Орбитата на Меркур е наклонета за 7 степени од рамнината на Земјината орбита (еклиптиката),како што е покажано да дијаграмот од десно. Како резултат на тоа, преминот на Меркур може да се случи само кога планетата ја поминува рамнината на еклиптиката за времето кога лежи меѓу Земјата и Сонцето. Ова се случува просечно на секои 7 години.[72]
Осниот наклон на Меркур е речиси нула ,[73] со најдобра измерена вредност ниска до 0.027 степени.[6] Ова е значително помала од онаа на Јупитер, која го има вториот најмал осен наклон од сите планети со 3.1 степени. Ова значи дека за набљудувач на половите на Меркур, центарот на Сонцето никогаш не оди повеќе од 2.1 аркусминути над хоризонтот.[6]
На одредени точки на површината на Меркур, од еден наљудувач во еден момент може да забележиме дека се гледа половина од површината на Сонцето на хоризотот, потоа да го снема и повторно да се издигне сè во еден ист ден. Ова е поради тоа што околу четири Земјини дена пред перихелот, аголната орбитална брзина на Меркур е еднаква на нејзината аголна вртежна брзина, така што очигледното движење на Сонцето престанува; поблиску до перихелот, аголната орбитална брзина на Меркур, ја надминува аголната вртежна брзина. Хипотетички се смета дека Сонцето се движи по повратнанасока. Thus, to a hypothetical observer on Mercury, the Sun appears to move in a retrograde direction. Четири Земјини денови по перихелот, продолжува нормално движење на Сонцето.[11] Сличен ефект би се случил ако Меркур е во синхрона ротација: наизменичната добивка и губење на ротација над револуцијата би предизвикале либрација од 23,65 ° во должина.[74]
Поради истата причина, постојат две точки на екваторот на Меркур, оддалечени 180 степени по географска должина, во било која од нив, околу перихелот во алтернативни Меркурски години, Сонцето поминува одозгора, потоа ја менува насоката и се враќа, и на крај ја менува по вторпат насоката и поминува одозгора по трети пат, земајќи вкупно 16 Земјини денови за целиот процес. Во други Меркурски години истото се случува на другата точка од овие две. Амплитудата на повратното движење е мала, така што севкупниот ефект е дека, за две или три недели, Сонцето е речиси стационарно одозгора, и е најбрилијантно бидејќи Меркур е во перихелот а Сонцето е најблиску до неа. Ова изложеност на Сонце ги прави овие две точки најжешки на Меркур. За ралика од овие постојат две точки кои се оддалечени на 90 степени по географска должина од другите, каде Сонцето минува одозгора само кога планетата е во афелот, кога движењето на Сонцето на небото на Меркур е релативно брзо. Овие точки, кои се наоѓаат на екваторот, кога Сонцето го поминува хоризонтот како што е опишано во претходниот параграф, покажува дека добиваат многу помалку светлина од оние првите.
Должинска конвенција
уредиДолжинската конвенција на Марс ја става нулата на должината на двете најжешки точки на површината, како што е опишано погоре. Меѓутоа , кога оваа област беше првпат посетена од страна на Mariner 10, овој нулти меридијан беше во темнина, па затоа беше невозможно да се избере дел од површината за да се дефинира точната позиција на меридијанот . Затоа е избран еден мал кратер западно од првичната точка , наречен Hun Kal, кој дава точна референтна точка за мерење на должината. Центарот на Hun Kal го дефинира 20° западен меридијан . Меѓународниот астрономски сојуз од 1970 укажува на тоа дека должината се мери точно во западната насока на Меркур.[75] Двете најжешки места на екваторот се наоѓаат на должина 0° западно и 180° западно, додека најладните пак на 90° западно и 270° западно. Сепак , проектот MESSENGER користи конвенција точна кон Исток.[76]
Површина и атмосфера на Меркур
уредиМеркур нема атмосфера. Поради својата мала маса, а следствено и мала гравитација тој не успеал во текот на историјата да ја задржи. Единствено нешто што може да се забележи налик на атмосфера се локални слаби концентации на натриум (Na), резултат на сончевиот ветар кој ги избива од површината на Меркур. Ова не значи дека натриумот е најзастапен елемент на површината. Таа главно е составена од силикатни карпи. Во внатрешноста се наоѓа јадро од железо и никел поради што Меркур има магнетно поле кое е само 1% од јачината на Земјиното магнетно поле, и е наклонета 7° во однос на оската на вртење.
Површината на Меркур многу наликува на површината на Месечината. Изрешетана од безбројни кратери кои се резултат од интензивното бомбардирање со астероиди во раната историја на Сончевиот Систем, пред 4,5 до 3,5 милијарди години. Но за разлика од Месечината, заради нешто поголемиот пречник, дебелината на литосферата е потенка (потребно е подолго време да се излади), а исто така може да се забележат рамнини од лава и гребени кои се резултат на вулканската историја на Меркур.
Дневната температура на површината на Меркур е над 500 K (227 °С), а ноќе може да падне до 100К (-173 °С). Големите дневни температури се резултат на фактот што Меркур се наоѓа многу близу до Сонцето, а додека студените ноќи се должат на отсуството на атмосфера или друг флуид (како што се океаните на Земјата) кои во текот на ноќта ја оддаваат топлината која ја акумулирале тој ден. Во некои региони, во зависност од типот на почвата, температурата може да достигне и до 600 К (327 °С). Заради изолаторскиот ефект на горниот слој на почвата, веднаш под површината температурата се движи од 314 К до 446 К.
Рембрантов басен
уредиMESSENGER во својот втор прелет на планетата Меркур откри ударен басен стар 3.9 милиони години. Ова е и првпат да се научниците да видат басен со добро откриено дно на Меркур, бидејќи повеќето се покриени од лава. Басенот е наречен Рембрант, по истоимениот холандски сликар Рембрант ван Рајн.[77]
Меркур кај старите народи
уредиНајстарите набљудувања на Мекур се направени највероватно од асирски астроном, некаде во 14 век п.н.е.. Неговите набљудувања се најдени на таканаречените "МULAPIN" табли. Според преводот од клинестото писмо, планетата била наречена УДУ.ИДИМ.ГУ,УД, или во превод "планета што скока". Вавилонците за неа првпат пишувале во првиот милениум пред наша ера, и тие ја нарекле планетата Набу, според нивниот бог - гласник.
Во античка Кина, планетата била позната како Ч'ен-Хсинг (Часовна Ѕвезда). Била поврзувана со правецот на север и фазата на водата во Ву Сјинг (што ги претставува Петте Фази на водата, преведени и како Петте елементи.)
Во Хинду митологијата Меркур бил наречен Буда, и се мислело дека богот претседавал во среда.
Во германската паганска митологија, богот Один (уште познат како Водeн (Woden)) бил поврзуван со Меркур, а англиското име за среда (Wednesday) е деривирано од денот на Воден (Woden's Day)
Во Мајанската култура, Меркур е најверојатно претставен како утка (или четири утки, две за одсабајле, две за навечер) која служела како гласник на подземјето.
Старите Грци за оваа планета имале две имиња: кога се појавувала како утринска ѕвезда била позната како Аполо, а навечер ја нарекувале Хермес. Второто име го добил бидејќи се движи многу брзо по небото, токму како брзиот Хермес, гласникот на боговите. Самите астрономи од тоа време знаеле дека двете имиња се однесуваат на едно исто нешто. Денешното име нешто подоцна му го дале Римјаните. Меркур, според нивната митологија, бил бог на трговијата, патувањето, крадењето... (пандан на Хермес во старогрчката митологија).
Набљудувања на Меркур во поново време
уредиПрвите телескопски набљудувања на Меркур ги има направено Галилео Галилеј во 17 век. Иако ги забележал фазите кај Венера, неговиот телескоп не бил доволно јак истото да го забележи и кај Меркур. Во 1963 година, Пјер Гасенди ги направил првите набљудувања на преминот на планетата преку Сонцето кога го забележал преминот предвиден од Јохан Кеплер. Во 1939 година, Ѓовани Цупи со својот телескоп конечно покажал дека Меркур има свои фази гледано од Земјата, слично како Венера и Месечината.
Во 1962 година советските научници водени од Владимир Котелников станаа првите што пратија радарски сигнал до Меркур и го фатија назад по одбивањето од неговата површина. Три години подоцна, американските научници Гордон Петенгил и Р. Дајс покажале со помош на набљудување со радар дека периодот на револуција на Меркур е 58 дена.
Мисии до Меркур
уредиМеркур досега е посетен од две летала. Првото е Маринер 10, кое во текот на 1974 и 1975 трипати пролета покрај планетата. Успеа да сними 45% од површината, процент кој до денес не е зголемен заради блискоста на Меркур до Сонцето, што го отежнува неговото фотографирање. Месенџер (MESSENGER) леталото е вотор, и тоа за време на пролетувањето во 14 јануари 2008 сними 30% од површината, а уште еднаш ќе помине покрај Меркур во 2009 година, по што ќе следи влегување во орбита во 2011, кога и се планира да сними карта на целата површина од оваа планета.
Набљудување
уредиПланетата Меркур е видлива и со голо око. Можеме да ја набљудуваме дваесеттина дена во текот на годината и тоа или веднаш по зајдисонце или пред изгрејсонце. Бидејќи се наоѓа близу до Сонцето, никогаш не може да го забележиме искачен повеќе од дваесеттина степени над хоризонтот. Како последица на тоа што Меркур е поблиску до Сонцето во однос на Земјата, Меркур гледан гледан од Земјата пројавува мени, слично како Месечината.
Привидната величина на Меркур се движи меѓу -2,0 (посветло од Сириус) и 5,5. Хабловиот телескоп не може да гледа во Меркур, заради сигурносниот систем кој му забранува да набљудува блиско до Сонцето.
Надворешни врски
уредиБелешки
уреди<ref>
во <references>
има спротивставен групен атрибут „б“..Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 „Mercury Fact Sheet“. NASA Goddard Space Flight Center. 30 ноември 2007. Посетено на 2008-05-28.
- ↑ „The MeanPlane (Invariable plane) of the Solar System passing through the barycenter“. 2009-04-03. Посетено на 2009-04-03. (produced with Solex 10 Архивирано на 24 мај 2015 г. written by Aldo Vitagliano; see also Invariable plane)
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеhorizons
. - ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 Munsell, Kirk; Smith, Harman; Harvey, Samantha (February 25 2008). „Mercury: Facts & Figures“. Solar System Exploration. NASA. Архивирано од изворникот на 2002-11-19. Посетено на 2008-04-07. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ↑ 5,0 5,1 Seidelmann P. Kenneth; Archinal B. A; A’hearn M. F.; и др. (2007). „Report of the IAU/IAGWorking Group on cartographic coordinates and rotational elements: 2006“. Celestial Mechanics and Dynamical Astronomy. 90: 155–180. doi:10.1007/s10569-007-9072-y. Посетено на 2007-08-28.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Margot, L.J; Peale, S. J.; Jurgens, R. F.; Slade, M. A.; Holin, I. V. (2007). „Large Longitude Libration of Mercury Reveals a Molten Core“. Science. 316: 710–714. doi:10.1126/science.1140514. PMID 17478713.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „Margot2007“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ „Меркур“. Академски речници и енциклопедии (англиски). Посетено на 2022-04-13.
- ↑ „Animated clip of orbit and rotation of Mercury“. Sciencenetlinks.com.
- ↑ Talbert, Tricia, уред. (March 21, 2012). „MESSENGER Provides New Look at Mercury's Surprising Core and Landscape Curiosities“. NASA. Архивирано од изворникот на 2019-01-12. Посетено на 2019-02-28.
- ↑ 10,0 10,1 „Mercury Fact Sheet“. NASA Goddard Space Flight Center. November 30, 2007. Архивирано од изворникот на March 28, 2014. Посетено на May 28, 2008.
- ↑ 11,0 11,1 11,2 Strom, Robert G.; Sprague, Ann L. (2003). Exploring Mercury: the iron planet. Springer. ISBN 978-1-85233-731-5.
- ↑ „Mercury“. US Geological Survey. May 8, 2003. Архивирано од изворникот на September 29, 2006. Посетено на November 26, 2006.
- ↑ Lyttleton, R. A. (1969). „On the Internal Structures of Mercury and Venus“. Astrophysics and Space Science. 5 (1): 18–35. Bibcode:мај ..18L 1969Ap&SS.. мај ..18L Проверете го
|bibcode=
length (help). doi:10.1007/BF00653933. - ↑ Gold, Lauren (May 3, 2007). „Mercury has molten core, Cornell researcher shows“. Chronicle Online. Cornell University. Посетено на May 12, 2008.
- ↑ 15,0 15,1 Finley, Dave (May 3, 2007). „Mercury's Core Molten, Radar Study Shows“. National Radio Astronomy Observatory. Посетено на May 12, 2008.
- ↑ Spohn, Tilman; Sohl, Frank; Wieczerkowski, Karin; Conzelmann, Vera (2001). „The interior structure of Mercury: what we know, what we expect from BepiColombo“. Planetary and Space Science. 49 (14–15): 1561–1570. Bibcode:2001P&SS...49.1561S. doi:10.1016/S0032-0633(01)00093-9.
- ↑ Gallant, R. 1986. The National Geographic Picture Atlas of Our Universe. National Geographic Society, 2nd edition.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеPadovan2015
. - ↑ Schenk, P.; Melosh, H. J. (March 1994). „Lobate Thrust Scarps and the Thickness of Mercury's Lithosphere“. Abstracts of the 25th Lunar and Planetary Science Conference. 1994: 1994LPI....25.1203S. Bibcode:1994LPI....25.1203S.
- ↑ 20,0 20,1 20,2 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеBenz
. - ↑ 21,0 21,1 Cameron, A. G. W. (1985). „The partial volatilization of Mercury“. Icarus. 64 (2): 285–294. Bibcode:1985Icar...64..285C. doi:10.1016/0019-1035(85)90091-0.
- ↑ Weidenschilling, S. J. (1987). „Iron/silicate fractionation and the origin of Mercury“. Icarus. 35 (1): 99–111. Bibcode:1978Icar...35...99W. doi:10.1016/0019-1035(78)90064-7.
- ↑ Sappenfield, Mark (September 29, 2011). „Messenger's message from Mercury: Time to rewrite the textbooks“. The Christian Science Monitor. Посетено на August 21, 2017.
- ↑ „BepiColombo“. Science & Technology. European Space Agency. Посетено на April 7, 2008.
- ↑ Cartwright, Jon (September 30, 2011). „Messenger sheds light on Mercury's formation“. Chemistry World. Посетено на August 21, 2017.
- ↑ „Scientists see Mercury in a new light“. Science Daily. February 28, 2008. Посетено на April 7, 2008.
- ↑ „The Giant Spider of Mercury“. The Planetary Society. Посетено на June 9, 2017.
- ↑ 28,0 28,1 Blue, Jennifer (April 11, 2008). „Gazetteer of Planetary Nomenclature“. US Geological Survey. Посетено на April 11, 2008.
- ↑ 29,0 29,1 29,2 Dunne, James A.; Burgess, Eric (1978). The Voyage of Mariner 10 – Mission to Venus and Mercury. Chapter Seven. NASA History Office. Архивирано од изворникот на 2017-11-17. Посетено на May 28, 2008.
- ↑ Strom, Robert (1979). „Mercury: a post-Mariner assessment“. Space Science Reviews. 24 (1): 3–70. Bibcode:1979SSRv...24....3S. doi:10.1007/BF00221842.
- ↑ Broadfoot, A. L; S. Kumar; M. J. S. Belton; M. B. McElroy (July 12, 1974). „Mercury's Atmosphere from Mariner 10: Preliminary Results“. Science. 185 (4146): 166–169. Bibcode:1974Sci...185..166B. doi:10.1126/science.185.4146.166. PMID 17810510.
- ↑ „Mercury“. U.S. Geological Survey. August 5, 2003. Архивирано од изворникот на September 29, 2006. Посетено на April 7, 2008.
- ↑ Head, James W; Solomon, Sean C. (1981). „Tectonic Evolution of the Terrestrial Planets“ (PDF). Science. 213 (4503): 62–76. Bibcode:1981Sci...213...62H. CiteSeerX 10 јануари 1.715.4402 Проверете ја вредноста
|citeseerx=
(help). doi:10.1126/science.213.4503.62. PMID 17741171. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-07-21. Посетено на 2019-02-28. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеawst169_18_18
. - ↑ 35,0 35,1 35,2 35,3 35,4 35,5 35,6 Spudis, P. D. (2001). „The Geological History of Mercury“. Workshop on Mercury: Space Environment, Surface, and Interior, Chicago (1097): 100. Bibcode:2001mses.conf..100S.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеRitzel
. - ↑ Shiga, David (January 30, 2008). „Bizarre spider scar found on Mercury's surface“. NewScientist.com news service.
- ↑ Schultz, Peter H.; Gault, Donald E. (1975). „Seismic effects from major basin formations on the moon and Mercury“. Earth, Moon, and Planets. 12 (2): 159–175. Bibcode:декември .159S 1975Moon.. декември .159S Проверете го
|bibcode=
length (help). doi:10.1007/BF00577875. - ↑ Wieczorek, Mark A.; Zuber, Maria T. (2001). „A Serenitatis origin for the Imbrian grooves and South Pole-Aitken thorium anomaly“. Journal of Geophysical Research. 106 (E11): 27853–27864. Bibcode:2001JGR...10627853W. doi:10.1029/2000JE001384. Посетено на May 12, 2008.
- ↑ Denevi, B. W.; Robinson, M. S. (2008). „Albedo of Immature Mercurian Crustal Materials: Evidence for the Presence of Ferrous Iron“. Lunar and Planetary Science. 39 (1391): 1750. Bibcode:2008LPI....39.1750D.
- ↑ 41,0 41,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеWagWolIva01
. - ↑ 42,0 42,1 Choi, C. Q. (September 26, 2016). „Mercuryquakes May Currently Shake Up the Tiny Planet“. Space.com. Посетено на September 28, 2016.
- ↑ Dzurisin, D. (October 10, 1978). „The tectonic and volcanic history of Mercury as inferred from studies of scarps, ridges, troughs, and other lineaments“. Journal of Geophysical Research. 83 (B10): 4883–4906. Bibcode:1978JGR....83.4883D. doi:10.1029/JB083iB10p04883.
- ↑ 44,0 44,1 Watters, T. R.; Daud, K.; Banks, M. E.; Selvans, M. M.; Chapman, C. R.; Ernst, C. M. (September 26, 2016). „Recent tectonic activity on Mercury revealed by small thrust fault scarps“. Nature Geoscience. 9 (10): 743–747. Bibcode:септември .743W 2016NatGe.. септември .743W Проверете го
|bibcode=
length (help). doi:10.1038/ngeo2814. - ↑ Kerber, Laura; Head, James W.; Solomon, Sean C.; Murchie, Scott L.; Blewett, David T. (August 15, 2009). „Explosive volcanic eruptions on Mercury: Eruption conditions, magma volatile content, and implications for interior volatile abundances“. Earth and Planetary Science Letters. 119 (3): 635–658. Bibcode:2009E&PSL.285..263K. doi:10.1016/j.epsl.2009 април 037 Проверете ја вредноста
|doi=
(help). Посетено на April 4, 2015. - ↑ Head, James W.; Chapman, Clark R.; Strom, Robert G.; Fassett, Caleb I.; Denevi, Brett W. (September 30, 2011). „Flood Volcanism in the Northern High Latitudes of Mercury Revealed by MESSENGER“. Science. 333 (6051): 1853–1856. Bibcode:2011Sci...333.1853H. doi:10.1126/science.1211997. PMID 21960625. Посетено на April 4, 2015.
- ↑ Thomas, Rebecca J.; Rothery, David A.; Conway, Susan J.; Anand, Mahesh (September 16, 2014). „Long-lived explosive volcanism on Mercury“. Geophysical Research Letters. 41 (17): 6084–6092. Bibcode:2014GeoRL..41.6084T. doi:10.1002/2014GL061224.
- ↑ 48,0 48,1 48,2 Groudge, Timothy A.; Head, James W. (March 2014). „Global inventory and characterization of pyroclastic deposits on Mercury: New insights into pyroclastic activity from MESSENGER orbital data“. Journal of Geophysical Research. 119 (3): 635–658. Bibcode:2014JGRE..119..635G. doi:10.1002/2013JE004480.
- ↑ 49,0 49,1 49,2 Rothery, David A.; Thomas, Rebeca J.; Kerber, Laura (January 1, 2014). „Prolonged eruptive history of a compound volcano on Mercury: Volcanic and tectonic implications“. Earth and Planetary Science Letters. 385: 59–67. Bibcode:2014E&PSL.385...59R. doi:10.1016/j.epsl.2013 октомври 023 Проверете ја вредноста
|doi=
(help). Посетено на April 4, 2015. - ↑ Chang, Kenneth (November 29, 2012). „On Closest Planet to the Sun, NASA Finds Lots of Ice“. The New York Times. стр. A3. Архивирано од изворникот на November 29, 2012.
Sean C. Solomon, the principal investigator for MESSENGER, said there was enough ice there to encase Washington, D.C., in a frozen block two and a half miles deep.
- ↑ Prockter, Louise (2005). Ice in the Solar System (PDF). Volume 26. Johns Hopkins APL Technical Digest. Архивирано од изворникот (PDF) на September 11, 2006. Посетено на July 27, 2009.
- ↑ 52,0 52,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеvasa
. - ↑ Lewis, John S. (2004). Physics and Chemistry of the Solar System (2. изд.). Academic Press. стр. 463. ISBN 978-0-12-446744-6.
- ↑ Murdock, T. L.; Ney, E. P. (1970). „Mercury: The Dark-Side Temperature“. Science. 170 (3957): 535–537. Bibcode:1970Sci...170..535M. doi:10.1126/science.170.3957.535. PMID 17799708.
- ↑ Lewis, John S. (2004). Physics and Chemistry of the Solar System. Academic Press. ISBN 978-0-12-446744-6. Посетено на June 3, 2008.
- ↑ Ingersoll, Andrew P.; Svitek, Tomas; Murray, Bruce C. (1992). „Stability of polar frosts in spherical bowl-shaped craters on the moon, Mercury, and Mars“. Icarus. 100 (1): 40–47. Bibcode:1992Icar..100...40I. doi:10.1016/0019-1035(92)90016-Z.
- ↑ Williams, David R. (June 2, 2005). „Ice on Mercury“. NASA Goddard Space Flight Center. Посетено на May 23, 2008.
- ↑ 58,0 58,1 58,2 Rawlins, K; Moses, J. I.; Zahnle, K.J. (1995). „Exogenic Sources of Water for Mercury's Polar Ice“. Bulletin of the American Astronomical Society. 27: 1117. Bibcode:1995DPS....27.2112R.
- ↑ Harmon, John K.; Perillat, Phil J.; Slade, Martin A. (2001). „High-Resolution Radar Imaging of Mercury's North Pole“. Icarus. 149 (1): 1–15. Bibcode:2001Icar..149....1H. doi:10.1006/icar.2000.6544.
- ↑ Domingue DL, Koehn PL, и др. (2009). „Mercury's Atmosphere: A Surface-Bounded Exosphere“. Space Science Reviews. 131 (1–4): 161–186. Bibcode:2007SSRv..131..161D. doi:10.1007/s11214-007-9260-9.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеfact2015
. - ↑ Seeds, Michael A. (2004). Astronomy: The Solar System and Beyond (4. изд.). Brooks Cole. ISBN 978-0-534-42111-3.
- ↑ Williams, David R. (January 6, 2005). „Planetary Fact Sheets“. NASA National Space Science Data Center. Посетено на August 10, 2006.
- ↑ 64,0 64,1 64,2 Beatty, J. Kelly; Petersen, Carolyn Collins; Chaikin, Andrew (1999). The New Solar System. Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-64587-4.
- ↑ 65,0 65,1 65,2 „Mercury's Internal Magnetic Field“. NASA. January 30, 2008. Архивирано од изворникот на March 31, 2013. Посетено на April 7, 2008.
- ↑ Gold, Lauren (May 3, 2007). „Mercury has molten core, Cornell researcher shows“. Cornell University. Посетено на April 7, 2008.
- ↑ Christensen, Ulrich R. (2006). „A deep dynamo generating Mercury's magnetic field“. Nature. 444 (7122): 1056–1058. Bibcode:2006Natur.444.1056C. doi:10.1038/nature05342. PMID 17183319.
- ↑ Spohn, T; Sohl, F; Wieczerkowski, K; Conzelmann, V. (2001). „The interior structure of Mercury: what we know, what we expect from BepiColombo“. Planetary and Space Science. 49 (14–15): 1561–1570. Bibcode:2001P&SS...49.1561S. doi:10.1016/S0032-0633(01)00093-9.
- ↑ 69,0 69,1 Steigerwald, Bill (June 2, 2009). „Magnetic Tornadoes Could Liberate Mercury's Tenuous Atmosphere“. NASA Goddard Space Flight Center. Архивирано од изворникот на 2012-05-18. Посетено на July 18, 2009.
- ↑ Van Hoolst, Tim; Jacobs, Carla (2003). „Mercury's tides and interior structure“. Journal of Geophysical Research. 108 (E11): 7. Bibcode:2003JGRE..108.5121V. doi:10.1029/2003JE002126.
- ↑ „Space Topics: Compare the Planets: Mercury, Venus, Earth, The Moon, and Mars“. Planetary Society. Архивирано од изворникот на August 21, 2011. Посетено на April 12, 2007.
- ↑ Espenak, Fred (April 21, 2005). „Transits of Mercury“. NASA/Goddard Space Flight Center. Посетено на May 20, 2008.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеCosmic1
. - ↑ Popular Astronomy: A Review of Astronomy and Allied Sciences. Goodsell Observatory of Carleton College. 1896.
- ↑ „USGS Astrogeology: Rotation and pole position for the Sun and planets (IAU WGCCRE)“. Архивирано од изворникот на October 24, 2011. Посетено на October 22, 2009.
- ↑ Archinal, Brent A.; A'Hearn, Michael F.; Bowell, Edward L.; Conrad, Albert R.; и др. (2010). „Report of the IAU Working Group on Cartographic Coordinates and Rotational Elements: 2009“. Celestial Mechanics and Dynamical Astronomy. 109 (2): 101–135. Bibcode:2011CeMDA.109..101A. doi:10.1007/s10569-010-9320-4. ISSN 0923-2958.
- ↑ MESSENGER со нови податоци за Меркур | Кумановски Астрономски Клуб - Кокино
Грешка во наводот: Има ознаки <ref>
за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>
.