Кајперов Појас
Кајперов Појас — голем прстен од „отпад“, сличен на астероидниот појас, меѓутоа е составен главно од мраз. Внатрешната граница на појасот започнува во орбитата на Нептун и се простира до 50 ае. Од овој регион потекнуваат кометите со краток период на појавување, како што е Халеевата комета. Проценката е дека постојат околу 70.000 објекти во појасот со дијаметар поголем од 100 км, но неговата вкупна маса е можеби само малку поголема од масата на Земјата. Многу од објектите од овој појас имаат орбита која не лежи во рамнината на еклиптиката.
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
Оваа статија за од областа на астрономијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |