Макемаке
Макемаке (136472 Макемакe, симбол: )[6] — третата најголема позната џуџеста планета во Сончевиот Систем и еден од двата најголеми објекти во Кајперовиот Појас (КПО). Пречникот на планетата е три четвртини од оној на Плутон.[7] Макемаке има една позната месечина. Крајно ниската просечна температура (околу 30 К (-243.15 °C)) значи дека неговата површина е покриена со мраз од метан, етан и можеби азот.[8]
Макемаке од вселкенскиот телескоп „Хабл“ | |
Откривање | |
---|---|
Откривач | Мајкл Браун, Чед Трухиљо, Дејвид Рабиновиц |
Откриено | 31 март 2005 |
Ознаки | |
ЦМП-ознака | (136472) Макемак |
џуџеста планета, плутоид, заднептунец [1] | |
Орбитални особености[2][3] | |
Епоха 28 јануари 1955 (ЈД 2 435 135,5) | |
Афел | 7 939.7 Гм (53,074 ае) |
Перихел | 5 760.8 Гм (38,509 AU) |
6 850.3 Гм (45,791 AU) | |
Занесеност | 0.159 |
113 183 d (309.88 a) | |
Просечна орбитална брзина | 4.419 км/с |
85.13° | |
Наклон | 28.96° |
79.382° | |
298.41° | |
Физички особености | |
Димензии | 1300–1900 км |
Среден полупречник | 750+200 −100 км[4] |
~7 000 000 км2 | |
Зафатнина | ~1.8 × 109 км³ |
Маса | ~4 × 1021 кг |
Средна густина | ~2 g/см³ (пресметано) |
~0.47 м/с² | |
~0.84 км/с | |
Ѕвезден вртежен период | непознато |
непознато | |
Албедо | 78.2± (геометриски)[4] |
Температура | 30–35 K [c](assuming the same albedo) |
16.7 (противположба)[5] | |
-0.48[3] | |
Всушност, позната како 2005 FY9 (подоцна по името џуџеста планета број 136472) била откриена на 31 март 2005, од тимот предводен од Мајкл Браун и откритието било соопштено на 29 јули 2005. Неговото име доаѓа од богот Макемаке на народот Рапануи. На 11 јуни 2008 г. Меѓународниот астрономски сојуз (IAU) го вклучи Макемаке како потенцијален кандидат за добивање на статус „плутоид“, термин за џуџести планети, кои се наоѓаат зад орбитата на Нептун, распоредени меѓу Плутон и Ерида. Макемаке била формално класифицирана како плутоид во јули 2008.[9][10][11][12]
Откривање
уредиМакемаке била откриена на 31 март 2005 од тимот во Паломарската опсерваторија предводен од Мајкл Браун и откривањето било соопштено во јавноста на 29 јули 2005.[3] Откривањето на Ерида било соопштено пред јавноста истиот ден, што било само два дена подоцна по соопштвувањето за отткривањето на Хаумеја.[13]
Поради неговата релативна светлост (околу една петтина посветло од Плутон), Макемаке не била откриена како некои други објекти во Кајперовиот Појас. Многу истражувања за мали планети се предводени релативно близу до еклиптиката (делот на небото на кој Сонцето, Месечината и планетите се појавуваат лажно видено од Земјата) поради големата веројатност таму да се проннајдат објекти. Тоа, најверојатно го избегнувало откривањето при раните испитувања поради неговата релативно голем орбитален наклон и фактот дека тоа било најдалечното растојание од еклиптиката во времето на откривање на северното соѕвездие Береникина Коса.[5]
Освен Плутон, Макемаке е единствената останата џуџеста планета, која е доволно светла за Клајд Томбо да можел да ја забележи за време на неговото истражување на заднептунците околу 1930 г.[14] Во време на Томбовото испитување, Макемаке бил само некоклу степени од еклиптиката, близу до границата на соѕвездијата Бик и Аурига, со видлива величина од 16,0.[5] Оваа положба, и покрај тоа била многу близу до Млечен Пат и Макемаке била речиси невозможно да се најде во позадината од ѕвезди. Томбо го продолжил истражувањето неколку години по откривањето на Плутон,[15] но не успеал да го открие Макемаке или некои други заднептунски тела.
Име
уредиПривремената ознака за Макемаке била дадена кога откритието било сооштено пред јавноста. Пред тоа, тимот заслужен за откривањето на објектот го користел името „Велигденски зајак“, бидејќи откривањето било кратко по Велигден.[16]
Во јули 2008, според МАУ правилата за класични објекти од Кајперовит појас 2005 FY9, на објектот му било дадено името создавач на божества. Името Макемаке, создавачот на човештвото и бог на плодноста во митовите за Рапануи, Велигденски Остров,[9] било избрано, делумно и да се зачува поврзаноста на објектот со Велигден.[16]
Орбита и класификација
уредиОд 2009, Макемаке е на растоојание од 52 астрономски единици од Сонцето;[5] речиси толку далеку до Сонцето, колку што му треба за да ја помине својата орбита.[8] Макемаке има орбита, многу слична со онаа на Хаумеја: висока орбитална наклон на 29° и умерена орбитална ексцентрија од 0.16.[17] Сепак, орбитата на Макемаке е малце подалеку од Сонцето, во услови на двете мали оски и перихел. Неговиот орбитален период е близу 310 години,[2] што е повеќе од Плутоновите 248 години и оние 283 на Хаумеја. И Макемаке и Хаумеја се далеку од разстојанието на аглестата еклиптика од 29°. Макемаке ќе биде во својот афел во 2033,[5] додека Хаумеја било во својот афел во 1992[18]
Макемаке е класифициран во групата на класични објекти во Кајперовиот Појас,[1] што значи дека неговата орбита лежи доволно далеку од Нептун за да остане постојано во Сончевиот Систем.[19][20] Спротивно од плутиноидите, кои може да ја пресечат орбитата на Нептун поради нивата резонанција во сооднос 2:3 со планетата, класичните овбјекти имаатe перихел подалеку од Сонцето, ослободени од пертуербацијата на Нептун.[19] Таквите објекти имаат релативно мали екцентриции (e е помало од 0.2) и орбитираатоколу Сонцето слично како и другите планети.И покрај тоа, Макемаке припаѓа во групата на „динамично жешки“ класични објекти во Кајперовиот Појас, што значи дека има поголем наклон во споредба со останатите објекти.[21] Исто така е можно, Макемаке да е во резонанција во сооднос 11:6 во однос на Нептун, иако истражувањата во иднина, тоа сигурно точно ќе го докажат.[22]
На 24 август 2006 Меѓународниот астрономски сојуз соопштил нова формална дефиниција за терминот „планета“, која издаде тројна поделба на објектите кои кружат околу Сонцето: „мали тела со Сончеви системи“ се премногу мали објекти за нивната гравитцаија да може да ја обликува нивната површина во кржен облик; „планета џуџе“ е објект, доволно голем за да биде во кружен облик, но објект кој сѐ уште ја нима исчистено својата орбита со објекти слични на него; „планета“ е објект кој е доволно голем за да биде тркалезе од својата гравитација и кој ја има исчистено својата орбита со објекти слични на него.[23] Според оваа поделба Плутон, Ерида и Церера беа посочени како џуџести планети.[23]
На 11 јуни 2008, Меѓународниот астрономски сојуз извршил подетална поделба на планетите џуџиња: плутоиди за оние џуџести планети откриени зад орбитата на Нептун. Ерида и Плутон се плутоиди, додека Церера не е. За да биде плутоид, објектот мора да биде и светол со апсолутна величина од +1 или помалку,[24] што значи дека само Макемаке и Хаумеја треба да бидат вклучени.[25] На 11 јули 2008, групата за класифицирање при Меѓународниот астрономски сојуз го вклучи Макемаке во групата на плутоиди, во група со Плутон и Ерида.[9][12]
Физички одлики
уредиСветлина, големина и ротација
уредиМакемаке е вториот најсветол објект во Кајперовиот Појас, веднаш по Плутон,[14] имајќи противположба с и видлива величина од околу 16.7 во соѕвездието Береникина Коса.[5] Ова е доволно светло за да биде видливо со употреба на аматерски телескоп. Високото албедо на Макемаке (околу 80 %) претпоставува просечна температура на површината од околу30 К (-243.15 °C).[4] Големината на Макемаке не е точно позната, но откривањето во инфрацрвена светлина со телескопт Спитцер, во комбинација со сличностите на спектрата со Плутон дава проценет пречник, во должина од 1.500 ±400 км .[4] Ова е нешто подолго од пречникот на Хаумеја, веројатно правејќи го Макемаке третиот најголем заднептунец, по Ерида и Плутон.[17] Макемаке е именуван како четвртата џуџеста планета во Сончевиот Систем, бидејќи е светол со апсолутна величина од −0.48.[3] Ова практично гарантира дека Макемаке едоволно голем за да развие хидростатична рамнотежа и да стане сплескана топка.[9]
Грешка: мора да се назначи слика во првиот ред
До јули 2008 вртежниот период на Макемаке не бил познат, бидејќи ообјектот не покажуваше видливи фотометрички варијации.[26] Има две можни причини за ова: атмосферата на Макемаке е замрзната до површината, пружајќи доволна хомогеничност или може да биде свртена кон еден од половите на Земјата. Од другата причина се очекува голема асиметрија на површината: моментно невидливата летна полутопка има неколку непостојаности во однос на зимската полутопка.[27]
Спектар
уредиВо текстот напишан во списанието Астрономија и астрофизика во 2006, бил даден извештај за мерењата на видливиот спектар и инфрацрвената светлина на Макемаке. Нив ги користеа телескопите Вилијам Хершел и Галилео и покажаа дека површината на Макемаке of Makemake наликува на онаа на Плутон.[28] Како и Плутон, Макемаке се појавува во црвена боја во видливиот спектар, но значително посветло од Ерида.[28] Инфрацрвената светлина е обележана со пространиот метан. Метан е откриен и на Плутон и на Ерида, но неговата видливост не е толку забележителна.[28]
Спектарските анализи на површината на Макемаке покажуваат дека метанот мора да е форма на зрна со големина од 1 cm.[8] Освен тоа, можно е да има и етан и толини создадени од фотолиза на метанот со сончево зрачење.[8] Толините, најверојатно се одговорни за црвената боја на видливиот спектар. Иако постојат докази за присуство на азотен мраз на површината на Макемаке, во најмала рака помешан со друг мраз, никаде нема приближно онолку азотен мраз, колку на Плутон и Тритон, каде што претставува 98% од покривката. Релативниот недостаток на азотен мраз претпоставува дека неговото снабдување, некако се исцрпило низ годините на Сончевиот систем.[8][27][29]
Атмосфера
уредиПрисуството на метан и можеби азот претпоставува дека Макемаке има краткотрајна атмосфера, слична на онаа на Плутон при неговиот перихел.[8][28] Постоењето на атмосфера, исто така овозможува природно објаснување за исцрпувањето на азот: бидејќи гравитацијата на Макемаке е послаба од онаа на Плутон, Ерида и Тритон, големо количество на азот се изгубило поради атмосферско губење; метанот е посветол од азотот, но значително помалку испарува, при температури, како оние на површината на Макемаке (30–35K (-243.15 - -238.15 °C)), кои го спречуваат неговото губење; резултатот од овој процес е поголемо релативно изобилство на метан.[30]
Месечина
уредиМакемаке има една месечина, наречена S/2015 (136472) 1 или MK2, откриена во 2015 г. Има проценет пречник од 175 км, со темна површина со слаба отсјајност.[31]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Brian G. Marsden (2008-07-17). „MPEC 2008-O05 : Distant Minor Planets (2008 Aug. 2.0 TT)“. IAU Minor Planet Center. Harvard-Smithsonian Center for Astrophysics. Посетено на 2008-09-27.
- ↑ 2,0 2,1 Marc W. Buie (2008-04-05). „Orbit Fit and Astrometric record for 136472“. SwRI (Space Science Department). Посетено на 2008-07-13.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 „JPL Small-Body Database Browser: 136472 (2005 FY9)“. NASA Jet Propulsion Laboratory. 2008-04-05. Посетено на 2008-06-11.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 J. Stansberry, W. Grundy, M. Brown; и др. (2007). „Physical Properties of Kuiper Belt and Centaur Objects: Constraints from Spitzer Space Telescope“ (abstract). The Solar System beyond Neptune. University of Arizona Press. Посетено на 2008-08-04.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 „Asteroid 136472 Makemake (2005 FY9)“. HORIZONS Web-Interface. JPL Solar System Dynamics. Посетено на 2008-07-01.
- ↑ JPL/NASA (2015-04-22). „What is a Dwarf Planet?“. Jet Propulsion Laboratory. Посетено на 2022-01-19.
- ↑ Michael E. Brown (2006). „The discovery of 2003 UB313 Eris, the 10th planet largest known dwarf planet“. California Institute of Technology. Посетено на 2008-07-14.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 Mike Brown, K. M. Barksume, G. L. Blake, E. L. Schaller, D. L. Rabinowitz, H. G. Roe and C. A. Trujillo (2007). „Methane and Ethane on the Bright Kuiper Belt Object 2005 FY9“. The Astronomical Journal. 133: 284–289. doi:10.1086/509734.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ 9,0 9,1 9,2 9,3 „Dwarf Planets and their Systems“. Working Group for Planetary System Nomenclature (WGPSN). U.S. Geological Survey. 2008-11-07. Посетено на 2008-07-13.
- ↑ Gonzalo Tancredi, Sofia Favre (2008). „Which are the dwarfs in the Solar System?“ (PDF). Icarus. 195 (2): 851–862. doi:10.1016/j.icarus.2007.12.020. Посетено на 2008-08-03.
- ↑ Michael E. Brown. „The Dwarf Planets“. California Institute of Technology, Department of Geological Sciences. Посетено на 2008-01-26.
- ↑ 12,0 12,1 International Astronomical Union (News Release - IAU0806) (19 јули 2008). "Fourth dwarf planet named Makemake". Соопштение за печат. посет. 20 јули 2008 г
- ↑ Thomas H. Maugh II and John Johnson Jr. (2005). „His Stellar Discovery Is Eclipsed“. Los Angeles Times. Посетено на 2008-07-14.
- ↑ 14,0 14,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеbrown2006
. - ↑ „Clyde W. Tombaugh“. New Mexico Museum of Space History. Архивирано од изворникот на 2012-09-19. Посетено на 2008-06-29.
- ↑ 16,0 16,1 Mike Brown (2008). „Mike Brown's Planets: What's in a name? (part 2)“. California Institute of Technology. Посетено на 2008-07-14.
- ↑ 17,0 17,1 S. C. Tegler, W. M. Grundy, W. Romanishin, G. J. Consolmagno, K. Mogren, F. Vilas (2007-01-08). „Optical Spectroscopy of the Large Kuiper Belt Objects 136472 (2005 FY9) and 136108 (2003 EL61)“. The Astronomical Journal. 133: 526–530. doi:10.1086/510134.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ „Asteroid 136108 (2003 EL61)“. HORIZONS Web-Interface. JPL Solar System Dynamics. Посетено на 2008-08-04.
- ↑ 19,0 19,1 David Jewitt (2000). „Classical Kuiper Belt Objects (CKBOs)“. University of Hawaii. Посетено на 2008-08-04.
- ↑ David C. Jewitt, Jane X. Luu (2002). „Kuiper Belt Objects: Relics from the Accretion Disk of the Sun“ (PDF). Astronomy Astrophysics. 40: 63–101. doi:10.1146/annurev.astro.40.060401.093818. Архивирано од изворникот (pdf) на 2007-08-09. Посетено на 2008-08-04.
- ↑ Harold F. Levison, Alessandro Morbidelli (2003). „The formation of the Kuiper belt by the outward transport of bodies during Neptune's migration“ (PDF). Nature. 426: 419–421. doi:10.1038/nature02120. Архивирано од изворникот (pdf) на 2012-02-04. Посетено на 2007-06-25.
- ↑ Simulation of Makemake (2005 FY9)'s orbit.
- ↑ 23,0 23,1 International Astronomical Union (News Release - IAU0603) (24 август 2006). "IAU 2006 General Assembly: Result of the IAU Resolution votes". Соопштение за печат. посет. 31 декември 2007 г (orig link Архивирано на 3 јануари 2007 г.)
- ↑ International Astronomical Union (News Release - IAU0804) (11 јуни 2008). "Plutoid chosen as name for Solar System objects like Pluto". Соопштение за печат. посет. 11 јуни 2008 г Архивирано на 13 јуни 2008 г. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-06-13. Посетено на 2022-10-03.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ Michael Brown (2008). „Mike Brown's Planets:Plutoid fever“ (blog). Посетено на 2008-07-14.
- ↑ David L. Rabinowitz, Bradley E. Schaefer, Suzanne W. Tourtellotte (2007). „The Diverse Solar Phase Curves of Distant Icy Bodies. I. Photometric Observations of 18 Trans-Neptunian Objects, 7 Centaurs, and Nereid“. The Astronomical Journal. 133: 26–43. doi:10.1086/508931. Посетено на 2008-08-03.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ 27,0 27,1 S.C. Tegler, W.M. Grundy, F. Vilas, W. Romanishin, D.M. Cornelison and G.J. Consolmagno (2008). „Evidence of N2-ice on the surface of the icy dwarf Planet 136472 (2005 FY9)“. Icarus. 195 (2): 844–850. doi:10.1016/j.icarus.2007.12.015.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ 28,0 28,1 28,2 28,3 J. Licandro, N. Pinilla-Alonso, M. Pedani, E. Oliva, G. P. Tozzi, W. M. Grundy (2006). „The methane ice rich surface of large TNO 2005 FY9: a Pluto-twin in the trans-neptunian belt?“. Astronomy and Astrophysics. 445 (3): L35–L38. doi:10.1051/0004-6361:200500219.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Tobias C. Owen, Ted L. Roush; и др. (1993-08-06). „Surface Ices and the Atmospheric Composition of Pluto“. Science. 261 (5122): 745–748. doi:10.1126/science.261.5122.745. PMID 17757212. Посетено на 2008-08-03.
- ↑ E.L. Schaller, M.E. Brown (2007-04-10). „Volatile Loss and Retention on Kuiper Belt Objects“. The Astrophysical Journal. 659: L61–L64. doi:10.1086/516709.
- ↑ Parker et al. (2018) The Mass, Density, and Figure of the Kuiper Belt Dwarf Planet Makemake
Надворешни врски
уреди„Макемаке“ на Ризницата ? |
- MPEC прикази за Макемаке
- главно орбитални елементи
- орбитална симулација од JPL (Јава) / Ефхемера
- Слободен печат Архивирано на 13 септември 2019 г. од телескопите Вилијам Хершел и Галилео за сличноста бна Макемаке со Плутон
- Карта на Макемаке и орбитален гледач
- Слики со 1.06 m, од телескопот во опсерваторијата Клет на 20 април 2003
- Макемаке во надворешниот Сончев Систем 15 јули 2008
- Симулација на Макемаке, орбита на (2005 FY9)
Статијата Макемаке е добра статија. Таа исполнува одредени критериуми за квалитет и е дел од инкубаторот на Википедија. |