НБА Ол-стар натпревар

НБА Ол-стар натпревар (или НБА натпревар на сите ѕвезди англиски: NBA All-Star Game) е егзебициски кошаркарски натпревар, кој се игра секоја година во февруари за време на НБА Ол-стар викендот и претставува негов најзначаен настан. На овој натпревар играат најдобрите 24 избрани играчи играчи од Источната и Западната конференција на НБА, по 12 од секоја конференција.

НБА Ол-стар натпревар
ЗачестеностГодишно
Првпат1951
Последен пат2022 (Кливленд)
УчеснициИсточна конференција и
Западна конференција
Спорт Кошарка
ОрганизаторНБА


НБА Ол-стар натпревар 2010 г.

Почетната постава на секој тим се избира со комбинација на гласање од навивачи, играчи и медиуми,[1] додека тренерите ги избираат резервните играчи,[2] седум играчи од нивните соодветни конференции, така што секоја екипа има список од 12 играчи. На тренерите не им е дозволено да гласаат за сопствените играчи. Ако избран играч не може да учествува поради повреда, комесарот на НБА избира замена. За време на натпреварот екипите носат специјални дресови изработени за Ол-стар натпреварот, а самиот натпревар претставува голем спектакл.

Првиот НБА Ол-стар натпревар се одиграл во Бостон Гарден на 2 март 1951 година и оттогаш не се играла само во сезоната 1998-1999 (поради локаутот) и во сезоната 2020-2021 (поради пандемијата од коронавирус). Од 1951 до 2017 година се играло по формат истокот против западот, а почнувајќи од 2018 година, водечките играчи по бројот на гласови од секоја конференција се назначени како капитени на тимовите и можат да избираат од групата Ол-стар играчи со кои ќе играат за да ги формираат своите тимови без оглед на конференцијата.

Учество и формат

уреди

Учеството во натпреварот се определува со гласање на навивачите и гласовите на главните тренери на секој тим од лигата. Гласањето на навивачите ги одредува почетните постави на двата тима. Играчите кои имаат најмногу гласови за својата позиција добиваат место во почетната петорка, додека резервите се определуваат со гласовите на тренерите на сите екипи од конференцијата во која игра тимот. На тренерите не им е дозволено да гласаат за своите играчи. Доколку некој играч е повреден и не е во можност да учествува во мечот, комесарот определува замена.

Досегашни натпревари

уреди
Источна конференција (37 победи) Западна конференција (29 победи)

Note: Имињата на арените се врз основа на името кое таа арена го носела за време на Ол-стар натпреварот.

Година Резултат Град-Домаќин МВП на натпреварот
1951 Исток 111, Запад 94 Бостон, Масачусетс Ед Маколи, Бостон Селтикс
1952 Исток 108, Запад 91 Бостон, Масачусетс Пол Аризин, Филаделфија Вориорс
1953 Запад 79, Исток 75 Форт Вејн, Индијана Џорџ Мајкан, Минеаполис Лејкерс
1954 Исток 98, Запад 93 (прод.) Њујорк Сити, Њујорк Боб Кузи, Бостон Селтикс
1955 Исток 100, Запад 91 Њујорк Сити, Њујорк Бил Шарман, Бостон Селтикс
1956 Запад 108, Исток 94 Рочестер, Њујорк Bob Pettit, St. Louis Hawks
1957 Исток 109, Запад 97 Бостон, Масачусетс Bob Cousy (2), Boston Celtics
1958 Исток 130, Запад 118 Сент Луис, Мисури Bob Pettit (2), St. Louis Hawks
1959 Запад 124, Исток 108 Детроит, Мичиген Elgin Baylor, Minneapolis Lakers
Bob Pettit (3), St. Louis Hawks
1960 Исток 125, Запад 115 Филаделфија, Пенсилванија Wilt Chamberlain, Philadelphia Warriors
1961 Запад 153, Исток 131 Сиракјуз, Њујорк Oscar Robertson, Cincinnati Royals
1962 Запад 150, Исток 130 Сент Луис, Мисури Bob Pettit (4), St. Louis Hawks
1963 Исток 115, Запад 108 Лос Анџелес, Калифорнија Bill Russell, Boston Celtics
1964 Исток 111, Запад 107 Бостон, Масачусетс Oscar Robertson (2), Cincinnati Royals
1965 Исток 124, Запад 123 Сент Луис, Мисури Jerry Lucas, Cincinnati Royals
1966 Исток 137, Запад 94 Синсинати, Охајо Adrian Smith, Cincinnati Royals
1967 Запад 135, Исток 120 Сан Франциско, Калифорнија   Рик Бари, (Сан Франсиско Вориорс)
1968 Исток 144, Запад 124 Њујорк Сити, Њујорк   Хал Грир, (Филаделфија Севентисиксерс)
1969 Исток 123, Запад 112 Балтимор, Мериленд   Оскар Робертсон (3), (Синсинати Ројалс)
1970 Исток 142, Запад 135 Филаделфија, Пенсилванија   Вилис Рид, (Њујорк Никс)
1971 Запад 108, Исток 107 Сан Диего, Калифорнија   Лени Вилкенс, (Сиетл Суперсоникс)
1972 Запад 112, Исток 110 Инглвуд, Калифорнија   Џери Вест, (Лос Анџелес Лејкерс)
1973 Исток 104, Запад 84 Чикаго, Илиноис   Дејв Кауенс, (Бостон Селтикс)
1974 Запад 134, Исток 123 Сиетл, Вашингтон   Боб Лениер, (Детроит Пистонс)
1975 Исток 108, Запад 102 Финикс, Аризона   Волт Фрејжер, (Њујорк Никс)
1976 Исток 123, Запад 109 Филаделфија, Пенсилванија   Дејв Бинг, (Вашингтон Булетс)
1977 Запад 125, Исток 124 Милвоки, Висконсин   Џулиус Ирвинг, (Филаделфија Севентисиксерс)
1978 Исток 133, Запад 125 Атланта, Џорџија   Ренди Смит, (Бафало Брејвс)
1979 Запад 134, Исток 129 Понтиак, Мичиген   Дејвид Томпсон, (Денвер Нагетс)
1980 Исток 144, Запад 136 (прод.) Ландовер, Мериленд   Џорџ Гервин, (Сан Антонио Спарс)
1981 Исток 123, Запад 120 Ричфилд, Охајо   Нејт Арчибалд, (Бостон Селтикс)
1982 Исток 120, Запад 118 Ист Ратерфорд, Њу Џерси   Лари Берд, (Бостон Селтикс)
1983 Исток 132, Запад 123 Инглвуд, Калифорнија   Џулиус Ирвинг (2), (Филаделфија Севентисиксерс)
1984 Исток 154, Запад 145 (прод.) Денвер, Колорадо   Ајзеа Томас, (Детроит Пистонс)
1985 Запад 140, Исток 129 Индијанаполис, Индијана   Ралф Сампсон, (Хјустон Рокетс)
1986 Исток 139, Запад 132 Далас, Тексас   Ајзеа Томас (2), (Детроит Пистонс)
1987 Запад 154, Исток 149 (прод.) Сиетл, Вашингтон   Том Чемберс, (Сиетл Суперсоникс)
1988 Исток 138, Запад 133 Чикаго, Илиноис   Мајкл Џордан, (Чикаго Булс)
1989 Запад 143, Исток 134 Хјустон, Тексас   Карл Малоун, (Јута Џез)
1990 Исток 130, Запад 113 Мајами, Флорида   Меџик Џонсон, (Лос Анџелес Лејкерс)
1991 Исток 116, Запад 114 Шарлот, Северна Каролина   Чарлс Баркли, (Филаделфија Севентисиксерс)
1992 Запад 153, Исток 113 Орландо, Флорида   Меџик Џонсон (2), (Лос Анџелес Лејкерс)
1993 Запад 135, Исток 132 (прод.) Солт Лејк Сити, Јута   Карл Малоун (2), (Јута Џез)
  Џон Стоктон, (Јута Џез)
1994 Исток 127, Запад 118 Минеаполис, Минесота   Скоти Пипен, (Чикаго Булс)
1995 Запад 139, Исток 112 Финикс, Аризона   Мич Ричмонд, (Сакраменто Кингс)
1996 Исток 129, Запад 118 Сан Антонио, Тексас   Мајкл Џордан (2), (Чикаго Булс)
1997 Исток 132, Запад 120 Кливленд, Охајо   Глен Рајс, (Шарлот Хорнетс)
1998 Исток 135, Запад 114 Њујорк Сити, Њујорк   Мајкл Џордан (3), (Чикаго Булс)
1999 Откажан поради НБА локаутот.
Предвидено било домаќин да биде Филаделфија, Пенсилванија.[3]
2000 Запад 137, Исток 126 Оукленд, Калифорнија   Тим Данкан, (Сан Антонио Спарс)
  Шекил О'Нил, (Лос Анџелес Лејкерс)
2001 Исток 111, Запад 110 Вашингтон   Ален Ајверсон, (Филаделфија Севентисиксерс)
2002 Запад 135, Исток 120 Филаделфија, Пенсилванија   Коби Брајант, (Лос Анџелес Лејкерс)
2003 Запад 155, Исток 145 (2 прод.) Атланта, Џорџија   Кевин Гарнет, (Минесота Тимебервулфс)
2004 Запад 136, Исток 132 Лос Анџелес, Калифорнија   Шекил О'Нил (2), (Лос Анџелес Лејкерс)
2005 Исток 125, Запад 115 Денвер, Колорадо   Ален Ајверсон (2), (Филаделфија Севентисиксерс)
2006 Исток 122, Запад 120 Хјустон, Тексас   Леброн Џејмс, (Кливленд Кавалирс)
2007 Запад 153, Исток 132 Лас Вегас, Невада   Коби Брајант (2), (Лос Анџелес Лејкерс)
2008 Исток 134, Запад 128 Њу Орлеанс, Луизијана   Леброн Џејмс (2), (Кливленд Кавалирс)
2009 Запад 146, Исток 119 Финикс, Аризона   Коби Брајант (3), (Лос Анџелес Лејкерс)
  Шекил О'Нил (3), (Финикс Санс)
2010 Исток 141, Запад 139 Арлингтон, Тексас   Двејн Вејд, (Мајами Хит)
2011 Запад 148, Исток 143 Лос Анџелес, Калифорнија   Коби Брајант (4), (Лос Анџелес Лејкерс)
2012 Запад 152, Исток 149 Орландо, Флорида   Кевин Дјурант, (Оклахома Сити Тандер)
2013 Запад 143, Исток 138 Хјустон, Тексас   Крис Пол, (Лос Анџелес Клиперс)
2014 Исток 163, Запад 155 Њу Орлеанс, Луизијана   Кајри Ирвинг, (Кливленд Кавалирс)
2015 Запад 163, Исток 158 Њујорк Сити, Њујорк   Расел Вестбрук, (Оклахома Сити Тандер)
2016 Запад 196, Исток 173 Торонто, Онтарио   Расел Вестбрук (2), (Оклахома Сити Тандер)
2017 Запад 192, Исток 182 Њу Орлеанс, Луизијана   Ентони Дејвис, (Њу Орлеанс Пеликанс)
2018[4] Тим Леброн 148, Тим Стефен 145 Лос Анџелес, Калифорнија   Леброн Џејмс (3), (Кливленд Кавалирс)
2019 Тим Леброн 178, Тим Јанис 164 Шарлот, Северна Каролина   Кевин Дјурант (2), (Голден Стејт Вориорс)
2020 Тим Леброн 157, Тим Јанис 155 Чикаго, Илиноис   Кавај Ленард, (Лос Анџелес Клиперс)
2021 Тим Леброн 170, Тим Дјурант 150 Атланта, Џорџија   Јанис Адетокунбо, (Милвоки Бакс)
2022[5] Тим Леброн 163, Тим Дјурант 160 Кливленд, Охајо   Стефен Кари, (Голден Стејт Вориорс)
2023[6] TBA vs. TBA Солт Лејк Сити, Јута
2024 TBA vs. TBA Индијанаполис, Индијана

Други интересни работи

уреди
  • На пет натпревари се играле дополнителни 5 минути (1954, 1980, 1984, 1987 и 1993 година), а во еден дури 10 минути (2003).
  • 39 различни градови биле домаќини на Ол стар викендот.
  • Домаќини биле 24 различни земји, најчесто Калифорнија (9 пати).

Наводи

уреди
  1. „How NBA's new voting format determined All-Star starters, snubs“. ESPN. Посетено на 2017-07-03.
  2. „Anthony snubbed when All-Star reserves announced“. espn.com. Associated Press. February 1, 2007. Посетено на February 2, 2007.
  3. Steele, David (December 9, 1998). „NBA Drops All-Stars — What's Left? February game in Philly latest casualty of lockout“. San Francisco Chronicle. Посетено на December 17, 2008.
  4. „No more East vs. West as NBA revamps All-Star Game format“. NBA.com (англиски). October 3, 2017. Посетено на October 3, 2017.
  5. „Cleveland to host NBA All-Star 2022“. NBA.com. November 1, 2018.
  6. „Utah Jazz to host NBA All-Star 2023“. NBA.com. October 23, 2019. Посетено на October 24, 2019.

Надворешни врски

уреди