Бостон Селтикс (англиски: Boston Celtics) е кошаркарски клуб од Бостон кој настапува во НБА лигата, во Атлантската дивизија. Домашен терен на Селтикс е „ТД Бенкнорт Центар“ во Бостон, Масачусетс. Селтикс се најуспешниот тим/организација во НБА лигата со 17 освоени титули.[1] Второто место го заземаат Лос Анџелес Лејкерс со 16.

Бостон Селтикс
Бостон Селтикс лого
Бостон Селтикс лого
Конференција Источна Конференција
Дивизија Атлантска дивизија
Основан 1946
Историја Бостон Селтикс
(1946–сегашност)
Арена ТД Банкнорт Гарден
Град Бостон, Масачусетс
Тимски бои Сетлик зелена, Бела, Црна, Златна
                   
Сопственик/ци Виклиф „Вик“ Грузберг
Стефан Паљука
Ирвинг Грузберг
Генерален менаџер Дени Ејнџ
Тренер Име Удока
Шампиони 17 (1957, 1959, 1960, 1961, 1962, 1963, 1964, 1965, 1966, 1968, 1969, 1974, 1976, 1981, 1984, 1986, 2008)
Конференциски титули 21 (1957, 1958, 1959, 1960, 1961, 1962, 1963, 1964, 1965, 1966, 1968, 1969, 1974, 1976, 1981, 1984, 1985, 1986, 1987, 2008, 2010)
Дивизиски титули 21 (1957, 1958, 1959, 1960, 1961, 1962, 1963, 1964, 1965, 1972, 1973, 1974, 1975, 1976, 1980, 1981, 1982, 1984, 1985, 1986, 1987, 1988, 1991, 1992, 2005, 2008, 2009, 2010, 2011, 2012)
Пензионирани броеви 21 (00, 1, 2, 3, 6, 10, 14, 15, 16, 17, 18, LOSCY, 19, 21, 22, 23, 24, 25, , 31, 32, 33, 35, MIC)
Мрежно место celtics.com
Дома jersey
Team colours
Дома
Гости jersey
Team colours
Гости


Селтикс се основани во 1949 и после една сезона во Кошаркарска Асоцијација на Америка (БАА), настапуваат 59 години во НБА лигата. Предводени од легендарниот тренер Ред Оербах, првата титула ја освоија во 1957. Од 1959 до 1969, во тек беше првата династија на Селтикси, и со легендарни играчина чело со Бил Расел, освоија 11 титули во 13-те сезони што Расел ги одиграл. Втората династија беше во 80-те, со играчи како Лери Брд, Кевин Мекхјел и Роберт Париш, освоија титули во 1981, 1984 и 1986, во луто соперништво со Лејкерси предводени од Меџик Џонсон.[2] Двете династии беа поврзани со млад тим, предводен од Дејв Кавенс, кои освоија титули во 1974 и 1976.

Во НБА сезоната 2007/08, Селтикс ја вратија титулата во Бостон после 22 години. Тој преоден рок во тимот била доведена „големата тројка“ сочинета од Реј Ален, Пол Пирс и Кевин Гарнет. Во почетната петорка играле уште Кендрик Перкинс и Рејџон Рондо, кој подоцна прераснал во најголема ѕвезда на екипата. Во НБА финалето 2008 ги победиле лутите соперници ЛА Лејкерс со резултат 4-2. Во сезоната 2009/10 овие два тима повторно играле во финалето, но овој пат Лејкерс славеле со 4-3 во последната серијата.

Состав

уреди
Име Години Држава Височина Позиција
Џејлен Браун 25   САД 1.98м бек/крило
Сам Хаузер 24   САД 2.01м крило
Ал Хорфорд 35   Доминиканска Република 2.06м Центар/Крилен Центар
Лук Корнет 26   САД 2.18м Центар
Ерон Несмит 22   САД 1.96м бек/крило
Пејтон Причард 24   САД 1.85м плејмејкер
Маркус Смарт 27   САД 1.93м плејмејкер/бек
Џејсон Тејтум 23   САД 2.03м крило/Крилен Центар
Даниел Таис 29   Германија 2.06м Крилен Центар
Бродрик Томас 25   САД 1.96м бек
Дерик Вајт 27   САД 1.93м бек/плејмејкер
Грeнт Вилијамс 23   САД 1.98м крило
Роберт Вилијамс 24   САД 2.06м Центар/Крилен Центар

Наводи

уреди
  1. Team Index Архивирано на 1 мај 2012 г., basketball-reference.com. Проверено на 25 август 2009.
  2. „Most Valuable Player Award Winners“ Архивирано на 12 јануари 2012 г. basketball-reference.com. Проверено на 16 јули 2009.

Надворешни врски

уреди