Мајами Хит (англиски: Miami Heat) е професионален кошаркарски тим од Мајами (Флорида). Тие се членови на Југоисточна дивизија од Источната Конференција на НБА лигата. Нивен генерален менаџер е Пет Рајли, додека на кормилото седи Ерик Споелстра.
Мајами Хит
|
|
Конференција |
Источна Конференција
|
Дивизија |
Југоисточна дивизија
|
Основан |
1988
|
Историја |
Мајами Хит (1988-сѐ уште)
|
Арена |
Американ Ерлајнс Арена
|
Град |
Мајами (Флорида)
|
Тимски бои |
|
Сопственик/ци |
Мики Арисон
|
Генерален менаџер |
Енди Елсибург
|
Тренер |
Ерик Споелстра
|
Шампиони |
2 (2006, 2012)
|
Конференциски титули |
3 (2006, 2011, 2012)
|
Дивизиски титули |
10 (1997, 1998, 1999, 2000, 2005, 2006, 2007, 2011, 2012, 2013)
|
Пензионирани броеви |
3 (10, 23, 33)
|
Мрежно место |
heat.com
|
|
Организацијата била основана во 1988 и истата година се приклучила во најсилната американска лига. Тие важат за една од поуспешните екипи на Истокот, освојувајќи две шампионски титули во 2006 и 2012.[1][2] Нивната вредност е проценета на 625 милиони долари, што ги прави шестата најскапа кошаркарска екипа во САД.[3] Сезоната 2012/2013 Хит забележале победничка серија од 27 натпревари, втора најдолга победничка низа по онаа на ЛА Лејкерс од 33 добиени натпревари.[4]
Пресвртен момент во нивното постоење бил преодниот рок 2010, кога Леброн Џејмс и Крис Бош му се придружиле на Двејн Вејд да го формираат ударното трио на составот. По големите трансфери Мајами двапати се пласирале во големото финале, од кои еднаш го освоиле златниот прстен.[5]