Милвоки Бакс (анг. Milwaukee Bucks) е американски кошаркарски клуб од Милвоки, Висконсин. Моментално се натпреварува во НБА лигата како член на Источната конференција.

Милвоки Бакс
Милвоки Бакс лого
КонференцијаИсточна
ДивизијаЦентрална
Основан1968.
ИсторијаМилвоки Бакс
(1968-денес)
АренаФајсерв Форум
ГрадМилвоки, Висконсин
Бои на екипата                        [1][2][3]
СопственикВесли Иденс, Марк Ласри, Џејми Динан, Мајк Фашители[4]
ТренерМајк Буденхолцер
Титули
2

НБА шампиони: 2

1971, 2021

Конференциски шампиони: 3

1971, 1974, 2021

Дивизиски шампиони: 16

1971, 1972, 1973, 1974, 1976, 1980, 1981, 1982, 1983, 1984, 1985, 1986, 2001, 2019, 2020, 2021
Повлечени броеви1, 2, 4, 8, 10, 14, 16, 32, 33
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Association jersey
Team colours
Association
Icon jersey
Team colours
Icon
Statement jersey
Team colours
Statement
Милвоки Бакс сезона 2019-2020

Клубот е основан во 1968 година и од своето основање го носи ова име. Поранешниот сенатор и стопанственик Херб Кол бил долгогодишен сопственик на тимот, но на 16 април 2014 година, група предводена од милијардерите и хеџ фонд менаџери Вес Иденс и Марк Ласри се согласила да го купи мнозинскиот сопственички процент на клубот од Кол, продажба која била одобрена од сопствениците на НБА и нејзиниот Управен одбор еден месец подоцна на 16 мај.[5] Досега во својата историја Бакс имаат освоено две титули во НБА во сезоните 1970-1971 и 2020-2021, три конференциски титули (1971, 1974, 2021) и 16 дивизиски титули (1971–1974, 1976, 1980–1986, 2001, 2019-2021). Карим Абдул Џабар и Јанис Адетокунбо се единствените двајца играчи на Бакс кој ја добиле наградата Најкорисен играч во НБА (3 пати Абдул-Џабар и двапати Адетокунбо).

Милвоки Бакс најчесто играат во зелени дресови и зелени шорцеви. Својте домашни натпревари клубот ги игра во арената Фајсерв Форум која е отворена во август 2018.

Играчи

уреди

Моментален Состав

уреди
Име Години Држава Височина Позиција
Грејсон Ален 26   САД 1.93м бек
Јанис Антетокумпо 27   Грција 2.11м Крилен Центар
Танасис Антетокумпо 29   Грција 1.98м крило/Крилен центар
ДеАндре Бембри 27   САД 1.96м бек/крило
Пет Конагтон 29   САД 1.96м бек
Џорџ Хил 35   САД 1.93м плејмејкер
Џру Холидеј 31   САД 1.91м бек/крило
Серж Ибака 32   Република Конго 2.08м Крилен центар/Центар
Брук Лопес 33   САД 2.13м Центар
Сандро Мамукелашвили 22   Грузија 2.06м Центар/Крилен центар
Весли Метјувс 35   САД 1.96м бек
Крис Мидлтон 30   САД 2.01м крило
Џордан Нвора 23   Нигер 2.03м крило
Боби Портис 27   САД 2.08м Крилен центар
Линдел Вигинтон 23   Канада 1.85м бек

Повлечени броеви

уреди
 
Карим Абдул-Џабар.

Први пикови

уреди
Први пикови на Милвоки Бакс
Година Бр. Играч Позиција Период
1969 33 Луи Алсиндор Ц 1969–1975
1977 54 Кент Бенсон Ц 1977–1980
1994 13 Глен Робинсон К 1994–2002
2005 6 Ендрју Богут Ц 2005–2012

Титули

уреди
Титули Години
НБА титули 2 1971, 2021
Конференциски титули 3 1971, 1974, 2021
Титули во Дивизијата 16 1971, 1972, 1973, 1974, 1976, 1980, 1981, 1982, 1983, 1984, 1985, 1986, 2001, 2019, 2020, 2021

Наводи

уреди
  1. NBA Media Ventures, LLC (13 април 2015). "Bucks Unveil New Visual Identity". Соопштение за печат.  посет. 14 април 2015 г
  2. „New Logo“. Bucks.com. NBA Media Ventures, LLC. 13 април 2015. Посетено на 14 април 2015.
  3. „Milwaukee Bucks Reproduction Guideline Sheet“. NBA Properties, Inc. Посетено на 22 декември 2017.
  4. „Milwaukee Bucks President and Owner Herb Kohl Introduces New Team Ownership and Announces $100 Million Gift for Arena“. Bucks.com. NBA Media Ventures, LLC. 16 април 2014. Посетено на 15 јули 2015.
  5. Charles F. Gardner, Don Walker (May 16, 2014). „NBA approves sale of Milwaukee Bucks“. Milwaukee Journal Sentinel. Посетено на May 17, 2014.

Надворешни врски

уреди