Филаделфија Севентисиксерс

Филаделфија Севентисиксерс (англиски: Philadelphia 76ers) е професионален кошаркарски клуб од градот Филаделфија во сојузната американска држава Пенсилванија. Се натпреваруваат во Атлантската дивизија (Источна Конференција) од НБА лигата. Претходница на сегашната франшиза била екипата Сиракуза Нешелс, основани во 1946 година (една од најстарите НБА организации).[1] По преминот во Филаделфија тимот добил ново име, во чест на 1776, годината кога е донесена Декларацијата за независност на САД.

Филаделфија Севентисиксерс
Филаделфија Севентисиксерс лого
Филаделфија Севентисиксерс лого
Конференција Источна Конференција
Дивизија Атлантска дивизија
Основан 1946
Историја Сиракуза Нешенелс
(1946-1963)
Филаделфија Севентисиксерс
(1963–сегашност)
Арена Велс Фарго Центар
Град Филаделфија, Пенсилванија
Тимски бои               
Сопственик/ци Џошуа Харис
Генерален менаџер Елтон Бренд
Тренер Док Риверс
Шампиони 3 (1955, 1967, 1983)
Конференциски титули 9 (1950, 1954, 1955, 1967, 1977, 1980, 1982, 1983, 2001)
Дивизиски титули 5 (1977, 1978, 1983, 1990, 2001)
Пензионирани броеви 8 (2, 6, 10, 13, 15, 24, 32, 34)
Мрежно место sixers.com
Дома jersey
Team colours
Дома
Гости jersey
Team colours
Гости


Оваа екипа има долга кошаркарска традиција, бидејќи во нивните редови настапувале играчи од калибарот на Вил Чембрлен, Мозес Мелоун, Џулиус Ирвинг, Чарлс Баркли и Ален Ајверсон. Имаат освоено три шампионски прстени, првиот додека тимот бил сместен во Сиракуза (1955).[2] Вториот пат бил во сезоната 67′ под водство на Чембрлен,[3] а третиот во 83′ кога во екипата играле Мелоун и Ирвинг.[4] Последниот позначаен успех на тимот бил големото финале од 2001, кога „седумдесет и шестките“ на Ајверсон загубиле од ЛА Лејкерс со 4-1 во серијата најдобар од седум.

Екипата во периодот 1967-1996 година своите натпревари на домашен терен ги играла во легендарната Спектрум Арена, а од 96′ па наваму нејзин дом е спортскиот центар Велс Фарго.

Состав

уреди
Име Години Држава Височина Позиција
Чарлс Беси 21   Нигерија 2.11м Центар/Крилен Центар
Чарли Браун 25   САД 1.98м бек
Жоел Ембид 27   Камерун 2.13м Центар/Крилен Центар
Дени Грин 34   САД 1.98м бек/крило
Џејмс Харден 32   САД 1.96м бек
Тобајас Херис 29   САД 2.01м крило/Крилен Центар
Ајзеа Џо 22   САД 1.93м бек
Фуркан Коркмаз 24   Турција 2.01м бек/крило
Тајрис Мекси 21   САД 1.88м плејмејкер
Шејк Милтон 25   САД 1.96м бек/крило
Пол Милсап 37   САД 2.01м Крилен Центар
Џорџ Нијенг 28   САД 2.01м Крилен Центар
Мајлс Павел 24   САД 1.88м плејмејкер/бек
Пол Рид 22   САД 2.06м Крилен Центар
Џејден Спрингер 19   САД 1.91м бек
Матис Тајбул 24   Австралија 1.96м бек/крило

Наводи

уреди
  1. Ramsey, David (1995). The Nats. Pine Tree Publishers.
  2. „NBA.com: Teams – Legends profile: Dolph Schayes“. Посетено на 2012-01-29.
  3. Sachare, Alex (2008). „NBA Encyclopedia Playoff Edition: The Best Team Ever“.
  4. Silva, Steve (2 јуни 2008). „The origins of 'Beat LA'. Boston Globe. Посетено на 14 октомври 2010. But that's not when the chant took off in Boston. It actually started as a chant supporting the Philadelphia 76ers.

Надворешни врски

уреди